Спорт
Јувентус одбил две понуди за Влаховиќ
Баерн Минхен во летниот преоден рок мора да донесе напаѓач. Изборот е Душан Влаховиќ од Јувентус. Српскиот репрезентативец пред 18 месеци за сума од 82.000.000 евра го засили Јувентус.
Прв избор на Баерн бил Хари Кејн, меѓутоа Англичанецот ги известил дека нема намера да ја напушта Премиер лигата.
Според пишувањата на медиумите во Италија и Германија, Јувентус и Баерн отвориле преговори околу трансферот на 23. годишниот српски репрезентативец. Јувентус ги одбил првите две понуди.
Баерн прво понудул 50 милиони евра, а отоа ја зголемил понудата за уште 10 милиони евра.
Според „Кориере дело Спорт“, Јувентус ја одредил цената за Влаховиќ на 90 милиони евра и не е подготвен да преговара за помала сума.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Наполи за полувреме ја реши Аталанта
Фудбалерите на Наполи ја победија Аталанта со 3:1 во натпреварот од 12-то коло на Серија А.
Новиот тренер на Аталанта, Рафаеле Паладино дебитираше со пораз на тереното на актуелниот италијански шампион. Пред репрезентативната пауза тој го замени Иван Јуриќ.
Наполи ја заврши работата во првото полувреме, кога постигнв три гола.
Давид Нерес двапати ја затресе мрежата на гостите, а Ноа Ланг исто така постигна гол во 45-та минута. Во второто полувреме, резервистот Џанлука Скамака успеа да го постигне почесниот гол за Аталанта.
Со оваа победа, Наполи се врати на врвот на табелата, има бод повеќе од Интер, Рома и Болоња. Рома и Интер в недела ќе ги одиграат своите натпревари од 12-то коло. Аталанта има само две победи од почетокот на сезоната, се наоѓа на 13-то мести и нема победа на последните осум натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Играч на „Брегалница“ нападнат за време на натпревар, приведен 36-годишник од Арачиново
Вчера околу 13:50 часот, на стадионот „Фортуна“ во Скопје, полицијата привела 36-годишен маж од селото Арачиново. Тој за време на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на „Брегалница“.
Интервенирале полициски службеници од скопската полиција, кои веднаш го привеле напаѓачот, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Спорт
(Видео) Пол Погба повторно игра фудбал
Пол Погба по пауза од 811 дена, односно по две години, два месеци и 19 дена, му се врати на фудбалот. .
Поранешниот француски репрезентативец, последен пат беше на теренот во дресот на Јувентус, одигран на 3 септември 2023 година против Емполи, по што беше суспендиран поради позитивен допинг тест и првично беше суспендиран од професионалниот фудбал четири години.
Неговата казна подоцна беше преполовена, па некогаш фантастичниот играч од средниот ред му се врати во фудбалот на 33-годишна возраст, овој пат како играч на Монако.
Тренерот на Монако, Себастијан Фоконоли го внесе Погба во игра во 85-та минута од натпреварот од француското првенство, во кој нивниот тим беше убедливо поразен. Со десетмина на теренот, во тој момент Монако веќе губеше со 4:1 на гостински терен од Рен.
Останува да се види дали овие минути ќе значат големо враќање во фудбалот за светскиот шампион од Мундијалот во Русија 2018 година.
Фото/ Принтскрин

