Контакт

Спорт

Јувентус признаа дека постои опасност да биде исфрлен од Серија А и од ЛШ!

Објавено пред

Италијанскиот гигант Јувентус објави две соопштенија за истрагата што се води против овој клуб, едно за потенцијалните финансиски последици во врска со планот за зголемување на капиталот, но и едно за спортските аспекти од истрагата, признавајќи дека е можно да бидат исфрлени од Серија А, но и од Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

„Бјанконерите“ се под истрага за лажно сметководство, а директно под истрага е претседателот Андреа Ањели, како и директторот Павел Недвед, и поранешниот директор на клубот, Фабио Паратичи, кој сега е во Тотенхем. Гварда ди финанца, италијанската финансиска полиција, минатата недела конфискува документи за трансферите од 2019 и 2020, вредни 50 милиони евра, по што Обвинителството во Торино отвори официјален случај.

Јувентус потврди дека на 24 ноември обвинителот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) побарал предавање на финансиските документи за трансфери на одредени фудбалери, а од Јуве потврдија дека под истрага е и трансферот на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед направен ова лето.

„Компанијата верува дека истрагата и запленувањето документи и вестите за истрага од јавите обвинители не значи утврдување на вината. Но, постои ризик менаџерите да ги протолкуваат вестите за исполнување на условите за повлекување на своите средства“, се вели во првата објава.

Ова значи дека некои од акционерите на Јувентус може да се повлечат од зголемувањето на капиталот, што претставува внесување свежи пари во клубот, и во најлош случај ова ќе значи, наместо 400 милиони евра, 250 милиони евра за клубот.

Во второто соопштение Јувентус ги коментира можните спортски последици ако се утврди вина.

„Ако исход на истрагата биде обвинение и пресуда, тогаш може да има значително негативно влијание на репутацијата, економската и финансиската ситуација на групата. Финансиската глоба би била од 100.000 до 900.000 евра. Спортските последици може да бидат негативни, што значи отстранување на Јувентус од националните и интернационалните натпреварувања“, се вели во второто соопштение.

Спорт

Тотенхем го сака Компани за нов менаџер?

Објавено пред

Винсен Компани е желбата на Тотенхем за нов менаџер. Како што е познато, Антонио Конте би можел и официјално да добие отказ од Тотенхем во наредните два дена, а сопственикот Даниел Леви веќе бара алтернативи.

dobivaj vesti na viber

Претходно во неколку наврати се споменуваа Маурисио Почетино, па дури и Томас Тухел, а сега во приказната одеднаш влета Компани.

Белгиецот направи вистинско чудо во Чемпионшип, неговиот Барнли сигурно ќе се врати во Премиерлигата, а оваа сезона негува поинаков, напаѓачки фудбал.

Компани има големи амбиции со Барли и не се знае дали е подготвен да го напушти клубот по само една сезона, но понуда од Тотенхем секако е една од оние што не доаѓаат секој ден во животот.

Пеп Гвардиола по средбата меѓу Манчестер Сити и Барнли изминатиот викенд во ФА Купот изјави дека очекува Компани во иднина да стане менаџер на актуелниот англиски шампион.

Прикажи повеќе...

Спорт

Рабио од лето на „Енфилд“?

Објавено пред

Адриен Рабио на лето би можел повторно да стане слободен играч, бидејќи сѐ уште не го продолжил договорот со Јувентус. Големо прашање е дали „старата дама“ ќе има пари да му понуди иста плата како кога пристигна како слободен играч пред четири години.

dobivaj vesti na viber

Поради тоа, се погласни се гласините дека Рабио би можел да го напушти Јувентус на крајот на сезоната. Се чини дека не би имал ништо против да игра за Ливерпул.

„Ми се допаѓа Ливерпул многу, бидејќи кога бев помлад бев голем фан на Стивен Џерард. Поради него почнав да фантазирам и оттогаш ги следам „црвените“, изјави Рабио.

Англиските медиуми веднаш ова го поврзаа со негов можен трансфер на „Енфилд Роуд“ претстојното лето.

Прикажи повеќе...

Спорт

Нема ништо од боксерскиот спектакл Фјури – Усик

Објавено пред

Пропаднаа преговорите за борба за неприкосновен светски шампион во бокс во тешка категорија меѓу Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Олександр Усик. Оваа вест денеска за „Скај“ беше потврдена од промоторот на Усик, Александар Красик.

dobivaj vesti na viber

Борбата меѓу шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО верзијатам Олександр Усик и шампионот на ВБЦ верзијата, Тајсон Фјури, требаше да се одржи на 29 април на „Вембли“ во Лондон.

Во текот на преговорите Фјури барал парите од борбата да бидат поделени 70-30 во негова корист, на што Усик се согласил, но само доколку Британецот донира милион фунти за помош на Украина.

Сепак, двете страни не успеаја да се договорат, а промоторот на Усик потврди дека преговорите пропаднале.

Усик и неговите соработници наводно го затвориле тренинг кампот и се подготвуваат за следниот противник.

Усик сега ќе мора да ги брани титулите против задолжителниот предизвикувач на ВБА, Даниел Дубоа.

ВБА неодамна објави дека Усик мора да започне преговори со Дубоа за одбрана на појасот доколку до 1 април не покаже потпишани договори за борбата со Фјури.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Отчукува часовникот до застарување на делото на Мијлаков – остануваат 16 дена до слобода

Преостануваат 16 дена во кои Апелација треба да донесе одлука за предметот „Титаник 2“, а за на обвинетиот Сашо Мијалков...

Македонија2 часа

(Видео) Со трактори ќе го блокираат патот кон Бугарија кај Страцин, државата не најде решение за пресечениот локален пат

Жителите на кратовското село Страцин следната недела со трактори и автомобили ќе го блокираат патот кон Бугарија. Разочарани се што...

Македонија3 часа

Нова паника: крадец претставен како киднапер на деца во музичкото училиште, објавувачот утврди дека згреши, па се извини

Крадец претставен како киднапер предизвика паника во музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“. Фотографија од маж  залепена на влезот од училиштето со...

Свет3 часа

(Видео) Шји на заминување од Москва: Доаѓа промена каква што немало во последните 100 години

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг на заминување од Москва му рекол на рускиот колега дека доаѓаат промени. „Доаѓа промена што не...

Македонија4 часа

(Фото) Ниту камион пропаднал ниту има дупка во фонтаната на плоштадот

Во медиумите денеска се прошири вест дека повторно пропаднал камион на плоштадот Македонија. Но, фотографијата е од минатата година кога...

Македонија5 часа

(Видео) Андоновски: Извештајот на Стејт департментот е најкритички, Владата е најкорумпираниот елемент на државата

Последниот извештај на Стејт департментот на САД за заштита на човековите права во Македонија е најкритичниот во последните години во...

Топ5 часа

Странски државјанин прошверцувал над 43 килограми златен накит, цариник осомничен дека му помагал

32-годишник прошверцувал над 43 килограми разновиден накит на влез во земјата на граничниот премин Аеродром Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје...

Македонија6 часа

„Казната е потврдена“, Апелација пресуди за мајката што ја продаваше ќерката за секс за 2.000 денари

Нема помала казна за мајката Налиље А. од Скопје, која си ја продаваше малолетната ќерка и ја присилуваше да дава...

Европа6 часа

Рама бара појаснување од ОН: Зошто Белград и Приштина, а не Србија и Косово?

Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагира на изјавата на заменик-портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации во врска со постигнувањето...

Свет8 часа

(Видео) Пропагандистот на Путин: Ќе почнеме нуклеарен напад врз земјата што ќе го уапси Путин

Пропагандистот на Путин, Владимир Соловјов, повика да се нападне секоја земја со нуклеарно оружје што ќе се обиде да го...

Свет8 часа

Шојгу до украинските војници: Ќе пројдете како НАТО во Србија

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, предупреди дека муницијата со осиромашен ураниум сериозно ќе влијае врз здравјето на украинските војници...

Свет8 часа

Расте црниот биланс: најмалку 13 жртви од разорниот земјотрес во Авганистан и Пакистан

Најмалку 13 лица ги загубија животите, а повеќе од 90 се повредени во земјотресот со јачина од 6,5 по Рихтер,...

Европа8 часа

Нуклеарен физичар: Не заборавајте што има Украина потпишано со Кина

Нуклеарниот физичар и поранешен пратеник Тончи Тадиќ ја коментира посетата на кинескиот претседател Шји Џјинпинг на Москва за N1. „Кина...

Европа8 часа

Белгиската полиција убила пациент, кој имал ладно оружје во психијатриска клиника

Белгиската полиција денеска застрела и уби пациент што носел ладно оружје во психијатриска клиника во Брисел, соопшти локалното Обвинителство. Според...

Европа8 часа

Руската Црноморска флота цел на напади со дронови

Руската Црноморска флота во раните утрински часови успешно одби напад со површински беспилотни летала на заливот Севастопол, на Крим, објави...

Европа9 часа

Тајната што Путин ја чува како очите во главата – мрачните детали ги знаат само најверните соработници

Секој потег на рускиот претседател Владимир Путин често е предмет на анализа на западните медиуми. Уште од почетокот на инвазијата...

Македонија20 часа

„Навиваше за мене и тогаш кога не требаше, се гледаме стари“, напиша Џамбазов по веста за смртта на Мешковски

Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски почина по долго боледување во својот дом во Лос Анџелес, САД.  Колегите актери преку...

Македонија23 часа

Два месеци се ковал планот за бегство од „Идризово” преку тунел кој бил копан под стари објекти

Затворениците осудени на високи казни со месеци го подготвувале планот за бегството од „Идризово“. Управата за извршување на санкциите информираше...

Македонија24 часа

Дете од Скопје натепано од дефектолог, модриците ги пријавиле родителите

Родители од Скопје забележале повреди околу ушите кај нивната малолетна ќерка. Осомниечна е дефектолог која му држела приватни часови на...

Македонија1 ден

(Видео) Снимка од тунелот во Идризово, полицијата со детали како осум осудени спремале бегство

Полицијата објави видео од тунелот и детали за планот за бегство на затворениците осудени на високи казни. Според информациите од...