Спорт
Јувентус се договори со Паредес, но ПСЖ бара преголема отштета
Аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес се согласи за трансфер во Јувентус, оставајќи само реализација на конечниот договор меѓу италијанскиот гигант и неговиот сегашен клуб Пари Сен Жермен. 28-годишниот Паредес долго време беше цел на Јувентус и тренерот Масимилијано Алегри.
Аргентинецот ги договорил личните услови со Италијанците, но управата на клубот од Торино треба да ги финализира преговорите со францускиот шампион.
Пари Сен Жермен за него бара отштета од 25 милиони евра, плус бонуси, но тоа засега сериозно отстапува од намерата на Јувентус да плати околу 15 милиони евра, плус бонуси.
Италијанскиот тим се обидува да го продаде Бразилецот Артур Мело на Валенсија и потоа успешно да склучи договор за ангажман на Паредес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Елмас се сели во Премиер лигата? Манчестер јунајтед и Евертон заинтересирани за македонскиот ас

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел во завршницата на летниот преоден рок да се пресели во Премиер лигата, откако за него се заинтересираа Манчестер јунајтед и Евертон, објави „Калчомеркато“.
Менаџерот на Евертон, Франк Лампард, силно го посакува Елмас како освежување за средниот ред на неговиот тим, а во игра е и Манчестер јунајтед.
Ерик тен Хаг бара уште еден квалитетен играч во средниот ред откако пропадна трансферот на Адриен Рабио од Јувентус.
Манчестер јунајтед покажува голем интерес и за Ирвинг Лозано, крилниот напаѓач на Наполи.
#Calciomercato | #Napoli, su #Elmas e #Lozano c’è l’interesse di #Everton e #ManchesterUnited https://t.co/OGIdcdYbUy
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 18, 2022
Спорт
Касемиро прави трансфер во Манчестер јунајтед, но ќе стигне ли да игра против Ливерпул?

Бразилскиот интернационалец Касемиро е пред трансфер во Манчестер јунајтед, откако европскиот првак Реал Мадрид го одобри неговото заминување на „Олд Трафорд“ за сума од 60 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони во бонуси. И покрај инсистирањето на Карло Анчелоти искусниот играч од средниот ред да остане меѓу „кралевите“, сепак, јасно е дека клубот веќе доведе замена во Орелиен Чуамени, а со овој трансфер ќе ги покрие неговите трошоци.
Касемиро ќе добие четиригодишен договор и фантастични 18 милиони евра по сезона, речиси двојно поголема плата од сегашната во Реал Мадрид.
Вистинската трка Бразилецот и Манчестер јунајтед ќе ја имаат со времето. Раководството и менаџерот Ерик тен Хаг сакаат тој да игра на дербито против Ливерпул в понеделник, со оглед дека е во натпреварувачки ритам. Но, за тоа ќе треба трансферот да се реализира експресно, а Касемиро сè уште ги нема минато ниту медицинските прегледи.
Спорт
(фотогалерија) Шкупи направи чекор назад, но преку Приштина може во групите од Конференциската лига

Македонскиот првак Шкупи загуби од косовскиот тим Балкани со 1:2 на арената „Тодор Проески“ во првиот дуел од плејофот за пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА. Тимот на Гоце Седлоски направи чекор назад на патот кон најголемиот клупски успех. Сепак, ќе има уште една шанса за поправен испит, на реваншот во Приштина следниот четврток.
Шкупи беше подобар ривал, создаде повеќе шанси, но Балкани знаеше како да ги искористи слабостите на ривалот. Тоа е лекција која Шкупи ќе мора веднаш да ја совлада и да ја примени на реваншот, доколку сака да остане во Европа уште долго оваа сезона.
Фото: Игор Паневски