Спорт
Јувентус со Зидан на клупата ќе ја враќа старата слава
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/3842029.jpg)
Речиси три години откако вторпат во кариерата ја напушти клупата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан покажува сериозна намера да се врати на тренерската работа.
Повикувајќи се на изјави на негови блиски пријатели, неколку медиуми тврдат Зидан веќе знае каде ќе работи наредната сезона.
Станува збор за Јувентус, клуб во кој играше од 1996 до 2001 година.
Познато е дека навивачите на „бјанконерите“ не се најсреќни со актуелниот тренер Макс Алегри, а би биле воодушевени од доаѓањето на популарниот Зи-Зу.
Според медиумите од Апенините, се очекува Јувентус да го отпушти Алегри на крајот од оваа сезона доколку не успее да освои трофеј во Серија А или во Копа Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Кошаркарите на Грција ја елиминираа Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/JANIS.jpg)
Кошаркарите на Грција во финалето од квалификациите за Олимписките игри ја совладаа селекцијата на Хрватска со 80:69 и изборија учество на турнирот во Париз.
Грците ја оправдаа улогата на фаворити на квалификацискиот турнир во Пиреја и по пауза од 2008 година, од последниот настап на Олимписките игри во Пекинг, повторно ќе бидат дел од Игрите, овојпат во Париз.
Хрватска вторпат по ред ќе го пропушти олимпискиот турнир, последен пат играа во Рио де Женеиро во 2016 година и го освоија петтото место.
Грција на Олимпијадата ќе игра во групата А против Канада, Австралија и победникот од дуелот меѓу Шпанија и Бахамите.
На дуелот против Хрватска најефикасен беше Јанис Антетокоунмпо со 23 поени, а Јоргос Папаѓанис постигна 19 поени. Кај Хрватите се истакнаа Ивица Зубац и Дарио Шариќ кои забележаа дабл-дабл учинок. Зубац имаше 19 поени и 12 скока, а Шариќ 14 поени и 12 скока. Матео Дрежњак и Марио Хезоња постигнаа по 15 поени.
Спорт
(ВИДЕО) Синот на Ѓоковиќ стана хит на Вимблдон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/NOVAKKKKK.jpg)
Stefan Djokovic imitating dad's smash is too cute ☺️#Wimbledon | @DjokerNole pic.twitter.com/TuIDJelNcQ
— Wimbledon (@Wimbledon) July 6, 2024
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со голема поддршка од семејството се пласираше во четвртото коло на Вимблдон.
За време на натпреварот против Алексеј Попирин на трибините беа и неговата сопруга Јелена, синот Стефан и ќерката Тара.
А колку секој поен му значеше на неговиот син, со кој Новак повремено тренира и се загрева, покажа четвртиот сет од мечот кој заврши 4:6, 6:3, 6:4, 7:6 (3).
Се играше тај-брејк кога Новак сервираше за 3:2 и тоа одлично го направи. Доволно за Попирин да ја врати топката веднаш преку мрежата.
А потоа Стефан го привлече вниманието на британската јавност и организаторите на Вимблдон.
Тој покажа како татко му ја удира топката, имитирајќи го Новак кон крајот на еден не толку лесен натпревар. Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Холгер Руне, кој во пет сета го совлада Квентин Халис.
Спорт
Кошаркарите на Бразил го потврдија пласманот на Олимписките игри
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/kaboklo.jpg)
Кошаркарите на Бразил ја совладаа Летонија со 94:69 во финалето од квалификациите за Олимписките игри.
Со овој триумф избраниците на Александар Петровиќ обезбедија учество на турнирот во Париз.
Бразил на Олимпијадата ќе биде во групата Б со Франција, Германија и Јапонија.
Бруно Кабокло го предводеше бразилскиот тим до победата со 21 поен и четири скока, Лео Мејндл имаше поен помалку и осум скока.
Жоргињо Де Паула со 14, Марселињо Хуертас и Гуи Сантос постигнаа по 12 поени. Јаго дос Сантос за нешто повеќе од седум минути на паркетот постигна три поени и две асистенции.
Во литванскиот тим се истакнаа Рихардс Ломаш со 15 поени и пет скока, Роланд Смитс со 14 поени, исто колку и Артурс Жагарс.
Кошаркарскиот натпревар на Олимписките игри ќе се одржи од 27 јули до 10 август.