Спорт
Јувентус во Челси најде лев бек
Јувентус бара лев бек, а Бен Чилвел бара излез од „Стемфорд Бриџ“ бидејќи не игра. Двете страни оствариле контакт и може да се очекува Чилвел да пристигне во Торино во јануари и да ја засили „Старата дама“.
Англискиот репрезентативец не е во плановите на менаџерот Енцо Мареска, што се одразува и на неговиот статус во националниот тим, па затоа е цврсто решен да најде клуб каде што ќе игра.
Повредата на Хуан Кабал, кој ја заврши сезоната поради тешка повреда, го принуди Јувентус да се активира на пазарот во зимскиот преоден рок. Според информациите покрај лев бек, Јувентус бара и централен дефанзивец, бидејќи сезоната ја заврши и Бразилецот Бремер.
Чилвел го има квалитетот кој и е потребен на „Старата дама“ и може да се очекува наскоро да се постигне конечен договор.
Покрај Јувентус, интерес за Чилвел покажале Борусија Дортмунд и Вест Хем.
Чилвел е играч на челси од 2020 година, за неговиот трансфер од Лестер „сините“ издвоија 50 милиони евра.
🚨 Juventus could sign defender Ben Chilwell on loan in January, as the 27-year-old searches for game time at Chelsea.
(Source: @MailSport) pic.twitter.com/rm5Jl5M1ps
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 22, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус без Влаховиќ во дербито против Милан
Душан Влаховиќ не е сериозно повреден, но дефинитивно нема да игра за Јувентус в сабота во Милано против Милан, во дербито на Серија А (18.00 часот).
„Не знам како е Душан, но знам дека нема да игра утре. Се надевам дека ќе го имам што е можно поскоро. Повредите се дел од играта, јас нема да го имам Душан, но ќе ја играме нашиот тимска игра, мора да ја продолжиме праксата за да го направиме она што е најдобро за нас, а најмалку поволно за ривалот“, изјави денеска на прес-конференцијата тренерот на Јувентус, Тиаго Мота.
И додека се чекаше официјалното мислење на докторот за должината на паузата на голгетерот на Јувентус, Мота не одговори директно на прашањето дали Тимоти Веа ќе игра како „лажна деветка“ против Милан.
„ Ми се допаѓа начинот на кој работи, начинот на кој постигнува голови. Тој е интересен играч и нуди многу алтернативи, тој разбира што му треба на тимот“, рече Мота.
Спорт
Премиер лигата ги промени правилата поради богатите сопственици
Премиер лигата ги усогласи своите прописи за клупско спонзорство во петокот, со одобрение од мнозинството клубови, како одговор на правната битка што ја води Манчестер сити.
Челниците на актуелниот шампион се противеа од самјот почеток на предлогот. Станува збор за правилата што ги регулираат спонзорските договори склучени со компании поврзани со сопственици на клубови или трансакции со поврзани страни (AПT).
Целта е да се осигура дека договорите претставуваат реална пазарна вредност и дека сопствениците не можат да потпишуваат вештачки надуени спонзорски договори со своите клубови во име на сопствените компании и на тој начин на неодредено време да ги зголемуваат нивните буџети.
Арбитражната комисија во септември одлучи дека таквите правила не се во согласност со слободата на конкуренцијата и пазарот. Се чинеше дека Сити ќе го добие спорот, но денеска Премиер лигата сепак гласаше за одредени измени на правилата за спонзорства.
За промена на правилата на лигата потребна е согласност од две третини, односно 14 клубови, а во овој случај согласност дале 16 од нив.
Против новите правила покрај Сити беа Астон Вила, Нотингем Форест и Њукасл. Според новите правила, сопствениците или акционерите на клубовите ќе можат да им даваат позајмици на клубовите, но посебни комисии во чија работа ќе можат да учествуваат клубовите ќе ја одредуваат висината на овие заеми во согласност со реалната пазарна цена.
Ова сепак нема да претставува сериозен удар за најбогатите клубови, но ќе го направи процесот на зголемување на нивните буџети нешто покомплексен. Пред да ја одобрат позајмицата, сопствениците ќе треба да докажат дека клубот може да ја врати вредноста на вложените пари на пазарот преку маркетинг, ТВ права и слично.
Спорт
Сејбен Ли експресно го напушти Макаби
Американскиот кошаркар Сајбен Ли по само шест недели ќе го напушти Макаби од Тел Авив.
Ли пристигна во „Гордоста на Израел“ по двете одлични партии за Маниса во Лигата на шампионите на ФИБА, а добар старт имаше и во Макаби.
Против Ефес постигна 23 поени, а потоа во последната секунда погоди за победа над Реал Мадрид.
Ли ќе се врати во Маниса, која се мачи оваа сезона, особено во турскиот шампионат, каде има само една победа во седум натпревари.
Инаку, тој го пропушти тренингот минатата недела, а со соиграчите се виде ден пред мечот со Армани.
Тој вечера не влезе во игра во дуелот со „манекените“ во кој Макаби го претрпе четвртиот последователен пораз.
Ли оваа сезона во Евролигата има просек од 12 поени, 2,5 асистенции и 2,1 скока.