Спорт
Јужна Кореја, последна епизода за ракометарите на Светското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија го заокружува настапот на Светското првенство. Не ја оствари целта за пласман во главната фаза од Мундијалот, забележа три убедливи порази од селекциите на Норвешка, Холандија и на Аргентина, па е единствената европска селекција која игра во „Президент куп“. И таму беше убедливо поразена од Тунис, но оствари победи над Мароко и над Алжир.
Избраниците на Кирил Лазаров денеска (18 часот) во „Орлен арена“ во Плоцк, ќе ги одмерат силите со Јужна Кореја во натпреварот за 27.место на Светското првенство.
Азискиот претставник го освои второто место во групата 1 од „Президент куп“, по поразот од Чиле, а по победите над Саудиска Арабија и над Уругвај.
Во групната фаза, селекцијата на Јужна Кореја забележа три убедливи порази од Унгарија, Португалија и од Исланд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Три недели пауза за Килијан Мбапе

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн поради повреда на мускулот, пренесува „Екип“.
Мбапе се повреди на натпреварот од 21. коло на францускиот шампионат против Монпелје. Тој ја напушти играта во 21. минута, а по денешните прегледи беше утврдено дека играчот на „светците“ ќе биде надвор од терените најмалку три недели.
Мбапе ќе ги пропушти натпреварите против Тулуз и Монако во францускиот шампионат, мечот со Олимпик од Марсеј во Купот на Франција. Натпреварот помеѓу ПСЖ и Баерн ќе се одигра на 14 февруари во Париз.
Спорт
Ауар се договорил со Бетис

Фудбалерот на Олимпик Лион Хусем Ауар нема да го продолжи договорот со францускиот клуб и од лето ќе стане нов играч на Бетис, дознава специјализираниот фудбалски портал „Гол“.
Веќе подолго време се шпекулира за потенцијалното заминување на Ауар и многу клубови беа заинтересирани за неговите услуги. Медиумите во Англија пишуваа дека ќе го засилил Манчестер јунајтед на крајот од јануарскиот преоден рок, но клубот од „Олд Трафорд“, ја пополни дупката во средниот ред предизвикана од повредите со ангажманот на Марсел Забицер на шестмесечна позајмица.
„Голl,“ тврди дека Ауар ги договорил деталите за соработката со Бетис и дека ќе се пресели во Шпанија по истекот на актуелниот договор со Лион.
За 24. годишниот фудбалер беа заинтересирани Интер и Севиља, но тој реши да му се приклучи на тимот на Мануел Пелегрини.
Бетис веќе купуваше во Лион, откако го ангажираше Набил Фекир за 20 милиони евра во летото 2019 година. Офанзивниот играч за врска беше и на мета на гигантите пред да се одлучи за преселба на „Бенито Виљамарин“. Во зелено-белиот дрес досега одигра 135 пати и забележа 27 гола и 26 асистенции.
Спорт
Опстанокот е се подалеку – Сампдорија се соочува со жестока казна

Поранешниот шампион на Италија, Сампдорија, незадржливо се движи кон Серија Б. Клубот освои само девет бода во одиграните 20 натпревари. На „Мараси“ се надеваат дека ќе опстанат, но таа задача може дополнително да им биде отежната доколку Лигата реши да ги казни.
Сампдорија се соочува со одземање бодови доколку до 16. февруари не им ги исплати заостанатите плати на играчите и вработените во клубот, пишува „Газета дело Спорт“.
Како што се наведува, Сампдорија нема исплатено плати за последните три месеци од 2022 година. За да ги подмири долговите кон играчите и вработените во клубот, Сампдорија треба да обезбеди 11 милиони евра.
„Газета дело Спорт“, наведува дека е тешко да се очекува дека Масимо Фереро, кој се уште е сопственик на поголемиот дел од акциите, ќе инвестира пари во клубот за навреме да го реши овој проблем бидејќи тоа би значело дека тој му дал на клубот финансиска „инјекција“ вредна меѓу 35 и 50 милиони евра.
Доколку платите не бидат исплатени до 16.февруари, на Сампдорија ќе и бидат одземени бодови. Овој извор не наведува колку бодови можат да му бидат одземени на клубот.