Спорт
Каде ќе игра Меси следната сезона, во ПСЖ или во Барселона?

Лионел Меси го освои единствениот трофеј што му недостигаше во блескавата кариера, ко крена пехарот на Светското првенство во Катар. Аргентинецот сега оди на заслужен одмор до крајот на годината, а потоа ќе се врати во Париз каде ќе му се приклучи на тимот на ПСЖ.
Во исто време, раководството на Пари Сен Жермен, особено по еден ваков Мундијал, прави се за да го убеди Меси да потпише нов договор до летото 2024 година.
Сепак, за негово враќање сонува и Барселона. Тренерот Чави го чека со раширени раце, а каталонскиот гигант смета дека Барса е неговиот дом каде треба да ја заврши кариерата во Европа.
Она што е сигурно е дека сезоната 2023/24 ќе биде последна за Меси на Стариот континент, многумина потоа го гледаат во Интер Мајами, а не е невозможно тоа лето, по Копа Америка, да се прости и од репрезентацијата на Аргентина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Асен има нов крал, постариот брат Маркез

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на Големата награда на Холандија, 10-та трка од овогодинешното Мото ГП првенство.
Осумкратниот светски шампион успеа да израмни три победи по ред за прв пат од 2019 година, а во Асен го забележа својот шести триумф во сезоната, а 94-ти во кариерата. Тој се најде и на највисокото скалило на подиумот во најсилната класата по 68-ми пат, што го израмни со Џакомо Агостини, а пред двајцата сега е само Валентино Роси со 89.
Најблиску до постариот Маркез беше Марко Бецеки на Априлија, шест десетинки зад него, додека другиот возач на Дукати, Франческо Бањаја, беше на третото скалило на подиумот.
Покрај борбата на самиот врв, 10-та трка во сезоната беше обележана и со падот на помладиот Маркез Алекс, по дуелот со Педро Акоста, во кој возачот на Гресини ја скрши раката.
Спорт
Гитенс се сели во Челзи

Џејми Гитенс ќе стане играч на Челзи. Фабрицио Романо објави дека договорот е склучен и дека 20-годишникот ќе пристигне на „Стемфорд Бриџ“ и ќе потпише седумгодишен договор.
Челзи на Борусија Дортмунд ќе и плати околу 65 милиони евра откако претходната понуда од 50 милиони евра од „Сините“ беше одбиена пред Светското клупско првенство.
Гитенс е играч на Дортмунд од 2020 година, постигна 17 гола на 107 настапи за „милионерите“.
Младиот англиски репрезентативец сè уште не дебитирал за сениорската репрезентација, но се надева дека ќе обезбеди место во тимот на Томас Тухел за Светското првенство во 2026 година со неговото пристигнување во западен Лондон.
По медицинските прегледи, Гитенс ќе им се придружи на своите нови соиграчи во Челзи по завршувањето на нивната кампања на Светското клупско првенство.
„Сините“ со победата на Бенфика обезбедија пласман во четвртфиналето, каде за противник ќе го имаат Палмеирас.
Спорт
Чалханоглу преферира трансфер во Галатасарај

Еден од најдобрите играчи на Интер, Хакан Чалханоглу побарал да биде ставен на трансфер листата.
„Ве молам, пуштете ме дома“, наводно им рекол на раководството на клубот турскиот репрезентативец, кој никогаш не играл за клуб од својата татковина. Чалханоглу сака да се пресели во Галатасарај.
Играчот од средниот ред ја започнал својата кариера во Карлсруе, потоа играл за ХСВ и Баер, а потоа за Милан и Интер, чиј член е од 2021 година.
„Дојдов во Интер бесплатно пред четири години и секогаш го давав својот максимум. Сакам да продолжам во Галатасарај и ве молам разберете ме. Пуштете ме дома“, им рекол на раководството на клубот.
Тој е под договор до крајот на сезоната 2026/27.