Спорт
Кадиз се спаси, Гранада испадна од Ла Лига

Кадиз стигна до клучен триумф (0:1) на гости кај Алавес и обезбеди опстанок во шпанската фудбалска елита. Покрај Леванте и Алавес, од најдоброто друштво испадна Гранада која ремизираше без голови против Еспањол на домашен натпревар. На крајот заврши на 18. позиција која води во Сегунда.
Антони Лозано во 76.минута го постигна победничкиот гол за Кадиз.
Мајорка победи на гости кај Осасуна со 0:2, со головите на Ангел и на Грение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челси ќе врши истрага за „токсичната култура“ во клубот

Челси ангажираше надворешни соработници за да извршат истрага по обвинувањата за „токсична“ работна култура во тимот, по написот кој го објави „Њујорк тајмс“.
Во написот објавен во среата, повеќе сегашни и поранешни вработени во маркетинг одделот на клубот се пожалија на условите за работа и за „токсичноста“ на шефовите, која предизвикала заминувае на најмалку 10 вработени. Ричард Бигнел, поранешниот шеф на „Челси ТВ“ во јануари се самоубил, а истрагата покажала дека бил во депресија откако бил отпуштен.
Новите газди на клубот, Тод Бели и „Клирлејк капитал“, кои го откупија клубот од Роман Абрамович, веднаш наредија истрага.
„Новиот борд на клубот верува во безебедно место за работење, во кое вработените ќе се чувствуваат вклучени, безбедни, вреднувани и доверливи. Направени се првите чекори во оваа насока. Нашето сочувство оди до целото семејство на Ричард. Неговата смрт влијаеше на сите негови колеги и на фудбалската заедница. Клубот именуваше надворешен ревизор кој ќе ги испита обвинувањата кои беа направени под претходното сопствеништво“, се вели во објавата на Челси.
Спорт
Интер регистрираше четворица нови фудбалери

Интер на почетокот од преодниот рок регистрираше четворица нови играчи. Станува збор за Андре Онана, Хенрих Мхитаријан, Кристијан Аслани и Ромелу Лукаку.
Онана и Мхитаријан дојдоа како слободни играчи од Ајакс, односно Рома, додека на Аслани му беше продолжена позајмицата од Емполи.
Што се однесува до Лукаку, тој се врати во Интер по разочарувачката сезона во Челзи. Тој оваа сезона ќе настапува како позајмен играч од Челси.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер се уште не ја завршил работата околу засилувањата.
Се верува дека во наредните денови би можел да потпише и Раул Беланова од Каљари.
Спорт
Пике предизвика нов расиситички скандал, мета повторно е Хамилтон

Ново скандалозно видео во кое главен актер е трикратниот шампион во Формула 1, Нелсон Пике, се појави во јавноста. Пике пред неколку дена беше обвинет за расизам откако во едно интервју го нарече Хамилтон „негуињо“, што е погрден збор за луѓето со потемна кожа.
Пике се извини, но сепак му се заканува суспензија од Ф1 падокот, што може да биде најблага казна за негоиспадне најблага казна. Имено, објавено е ново видео, а Нелсон Пике повторно „блеска“ со изјавата.
Запрашан од еден новинар за неговата битка со Кеке Розберг, Нелсон се надоврза и на борбата на синт на Розберг, Нико со Хамилтон во во 2016 година.
„Кеке? Тој беше обично го..о. Немаше никаква вредност. Неговиот син (Нико) ја освои титулата. Мислам дека црнецот тогаш повеќе го даваше га..т, така што беше полош од него“, вели Пике.
На патеката Нелсон Пике беше феноменален возач, но надвор од патеката не беше најпопуларен меѓу своите колеги. Сега гледаме зошто.
Em novo vídeo, Nelson Piquet repete termo racista para se referir a Lewis Hamilton e faz ataque homofóbico ao britânico.
Trecho de entrevista gravada em novembro de 2021 foi divulgado pelo site Grande Prêmio na noite desta quinta-feira (30). pic.twitter.com/o76Ge0Snrx
— Metrópoles (@Metropoles) July 1, 2022