Спорт
Калин Ивановски несреќно загуби на челенџерот во Бања Лука

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е поразен на стартот на челенџерот во Бања Лука. Тој одигра израмнет меч со Французинот Клермон Табур, но двапат загуби во тај-брејк.
Табур го доби првиот сет во тај-брејк со 7:6, на поени (7:4), а мечот беше сосема идентичен и во вториот сет. Повторно Французинот беше за нијанса подобар.
Вториот сет го доби со 7:6, на поени (7:3).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
УНИКС сака да го врати Димитријевиќ во Русија
Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е подготвен да го напушти Милано.Ова вчера го објави новинарот Андреа Калцони. Според овој извор Милано за следната сезона има намера да го ангажира играчот на Тренто, Квин Елис.
Минатото лето, неколу екипи од Евролигата покажаа интерес за најдобриот играч во првенството на Русија. Димитријевиќ реши од УНИКС Казан да се пресели во Милано.
Македонскиот репрезентативец нема најдобра сезона во Евролигата има просек од 7,9 поени, додека во првенството одигра 13 натпревари со просек од 8,5 поени.
Откако се појави инфорацијата дека Нено ќе го напушти Милано, веднаш се јавиле од неговиот поранешен клуб, УНИКС. Русите дознале дека Димитријевиќ води преговори за прекин на договорот и наводно биле подготвени да го нагажираат веднаш.
Дресот на УнНИКС, Димитријевиќ го носеше во периодот од 2022 до 2024 година.
Спорт
(Видео) Спектакуларна прослава на 125. роденден на Ајакс

Фудбалскиот клуб Ајакс од Амстердам, синоќа го прослави својот 125 роденден, а навивачите на најтрофејниот холандски клуб на спектакуларен начин го прославија роденденот.
Неколку десетици илјади навивачи се собраа на централните улици на најголемиот холандски град и со многу пиротехнички средства ја одбележаа 125-годишнината од основањето на клубот.
Ајакс е основан во 1900 година од тројца пријатели, но никој од нив живеел до 1912 година кога клубот одлучил да игра во црвено-бели дресови.
Во својата богата историја, клубот освои 36 шампионски титули во Холандија и 20 пати триумфираа во националниот Куп, а четири пати ја освојуваа европската шампионска титула.
Како дел од големата кампања за прослава на 125-годишнината на клубот, Амстердам одлучи да го врати стариот грб, кој беше одлично прифатен од навивачите.
Спорт
Ериксен потврди дека ќе го напушти Манчестер јунајтед

Кристијан Ериксен објави дека на крајот од сезоната го напушта Манчестер јунајтед, бидејќи се уште не добил понуда за продолжување на договорот.
Данецот има договор со клубот до 30. јуни оваа година, што значи дека на првиот ден од јули ќе може без обесштетување да замине од „Олд Трафорд“.
„Никој ништо не ми кажа, а кога нема такви информации, претпоставувам дека соработката ќе биде прекината. Сите знаат дека договорот ми истекува, па сметам дека има само еден исход“, изјави Ериксен за „ТВ Спорт“.
За „црвените ѓаволи“ досега одиграл 99 настапи, постигна седум гола и 17 асистенции. За време на неговиот престој во Јунајтед, тој го освои ФА Купот (2024) и Лига Купот (2023)
„Се помирив со фактот дека треба да најдам нов клуб. Слободен сум на пазарот и никогаш претходно не сум го доживеал тоа. Бев слободен по срцевиот удар, но тоа беше малку поинаква ситуација”, изјави Ериксен.
Тој рече дека не планира да се врати во татковината ова лето.
„Се уште се чувствувам како да имам неколку добри години во странство. Што се однесува до фудбалот, мислам дека не сум стигнал до точка кога би сакал да се вратам во Данска и да играм во Супер лигата. Моето семејство не сака да патуваме далеку, па затоа нема да играм во МЛС. Ќе видам што ќе биде најдобро за мене и за моето семејство”, заклучи 33-годишниот играч.
Данскиот фудбалер пред Јунајтед настапуваше за Брентфорд, Интер, Тотенхем и Ајакс.