Спорт
Каљари со три победи во низа излезе од зоната за испаѓање

Каљари во трилер-меч со 3:2 ја совлада Рома и успеа, конечно, да излезе од зоната за испаѓање на пет кола до крајот на Серија А.
Грчкиот репрезнетативец Харалампос Ликојанис го донесе клубот од Сардинија во водство уште во четвртата минута од мечот, но во 27. минута, Рома израмни преку Карлес Перез.
Разван Марин во 57. минута го врати водството на Каљари, а седум минути подоцна му асистираше на Жоао Педро за 3:1, пред Рома повторно да се обиде да направи камбек, откако Фабио Фацио во 67. минута намали на 3:2.
Каљари, по три победи едноподруго, излезе од зоната за испаѓање со пласман на 17 место, но ситуацијата на дното на табелата е многу неизвесно. Покрај Кротоне и Парма, кои веќе практично се второлигаши, неколку тима во последните кола ќе водат битка за опстанок. Каљари се 17-ти со 31 поен, толку има и 18-пласираниот Беневенто и 16-пласираниот Торино, а не се безбедни ниту Специја на 15. место (33) и Фиорентина на 14. место (34). Џенова на Горан Пандев е на 13. место со 36 поени.
За Рома, пак, ова е трет меч без победа и тие се на седмото место со 55 поени, три помалку од градскиот ривал Лацио на шестото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Aжаксио замина во стечај

Фудбалскиот клуб Ажаксио поднесе барање за стечај до градскиот трговски суд, објави „Парисиен“. Резултатот од оваа постапка ќе биде отпуштање на 180 вработени и затворање на тренинг центарот на клубот.
На 13 август, Француската фудбалска федерација (ФФФ објави дека Ажаксио ќе биде исклучен од Лига 2 за новата сезона 2025/26 поради финансиски проблеми.
Минатата сезона, популарните „Мечки“ од Корзика го зазедоа 12-то место на табелата во Лига 2.
Ажаксио професионален клуб во 1965 година, а неговите бои ги бранеа некои познати француски фудбалери (Мариус Трезор, Доминик Баратели, Клод Ле Роја, Себастијан Скилачи, Стефан Порато, Јохан Кавали…), Франсоа М’Пел од Конго, Романецот Адриан Муцу, мексиканскиот голман Гилермо Очоа, Бразилецот Марселињо Кариока…
Ажаксио беше шампион на втората француска Лига 2 двапати, во 1967 и 2002 година. Во еден период, тренери на овој клуб беа познатиот холандски репрезентативец Руд Крол и познатиот италијански голгетер Фабрицио Раванели.
Пред Ажаксио, банкротираше Бордо а француските медиуми пишуваат дека неколку други клубови се во тешка финансиска состојба.
Спорт
Најголема „кражба“ ова лето, Езе го чекаа во Тотенхем тој замина во Арсенал

Еберечи Езе реши да ја продолжи кариерата во Арсенал по ненадејниот пресврт во финишот на преодниот рок. До вчера, Арсенал и Тотенхем се бореа за неговиот потпис, а англиските медиуми објавија дека договорот со Арсенал е завршен за еден ден. Станува збор за 26-годишен офанзивен играч од средниот ред кој има договор со Кристал Палас до летото 2027 година.
Во текот на изминатата недела, се чинее дека прашање на денот е кога Тотенхем ќе го комплетира трамсферот на Езе, кој изјави дека сака да се пресели во редовите на Спарс.
Фабрицио Романо напиша: „Директорите на Тотенхем и Кристал Палас, Даниел Леви и Стив Париш, се во директен контакт околу трансферот на Еберечи Езе. Спарс прифатија да испратат фиксна понуда од 65 милиони евра плус 10 милиони бонуси. Езе потврди дека сака да се приклучи на Тотенхем.“
Неверојатниот пресврт се случи доцна синоќа, објави Дејвид Орнштајн. Арсенал ја изедначил таа понуда и додал бонуси.
„Андреа Берта му се јавил на Езе и кој веднаш му наредил на својот менаџер да прекине каков било контакт со Тотенхем. Сопственикот на Кристал Палас Париш денес додека пазарувал бил воодушевен од тоа колку брзо Берта успеал да ја изведе оваа „кражба“. Џош Кронке веднаш дал зелено светло да го донесе. Езе ќе помине медицински прегледи до крајот на неделата и ќе биде претставен како нов играч на Арсенал“, тврди Орнштајн.
Познато е дека Езе порано навивал за Арсенал. Пред неколку години, тој рекол: „Јас сум нивен навивач уште од мал. Играв таму во младинските категории. Отсекогаш го сакав Тиери Анри и тоа беше една од причините зошто дојдов во академијата на Арсенал. Секако, сакав да играм за клубот што го сакам и да растам со нив.“
Инаку, Арсенал започна преговори со Палас откако поливалентниот напаѓач Каи Хаверц заработи повреда на коленото.
Foto/ EPA/DANIEL HAMBURY
Спорт
Ерани и Вавасори го освоија Ју-ес опен во мешани двојки

Италијанскиот пар Сара Ерани и Андреа Вавасори го освоија премиерното издание на новиот формат на турнир во мешани двојки на Отвореното првенство на САД.
Во финалето, тие ги победија Каспер Руд и Иго Швјонтек со резултат од 6:3, 5:7, 10:6.
На овој начин, тие ја освоија третата титула на последните пет Гренд слем турнири, а воедно ја одбранија онаа што ја освоија минатата година во Њујорк.
Како победници, Ерани и Вавасори заработија милион долари, а триумфот им е уште подраг бидејќи беа меѓу најгласните критичари на новиот формат во мешани двојки на Отвореното првенство на САД.
foto/ EPA/JUSTIN LANE