Спорт
Канатларовски го објави списокот на селекцијата до 21 година за мечевите со Србија и со Ф. Острови
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година месецов ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија. На 24. март нашите млади фудбалери играат против Србија во Белград со почеток од 17 часот, а на 29. март, на стадионот „Тодор Проески” од 18 часот ја пречекуваме селекцијата на Фарски Острови.
„Не очекуваат два натпревари кои се од исклучителна важност за нашата репрезентација. Радува фактот што сите фудбалери се здрави и подготвени за настап. Се надевам дека така ќе остане и по одигрувањето на кругот клупски натпревари пред почетокот на репрезентативните обврски. Првиот меч го играме против Србија во Белград, сакаме да се надигруваме против силни репрезентаци како нашиот северен сосед и се надевам на позитивен резултат. Србија е одличена репрезентација, имаат нов селектор и сигурно дека имаат голема желба победа, меѓутоа ние имаме свои цели за натпреварот и се разбира дека се стремиме да победиме. Против Фарски Острови нѐ очекува уште еден тежок натпревар, Противникот е незгоден, иако сме фаворити на хартија. Не смееме да ги потцениме бидејќи докажаа во овие квалификации дека можат да се надигруваат со фаворитите во групата. Одиграа нерешено против моќната селекција на Франција и против Србија“, изјави Канатларовски.
Селекторот на македонската репрезентација до 21 година за двата меча од квалификациите ќе смета на следните 23. фудбалери:
Голмани: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Борец 1919), Дамјан Серафимов (Охрид Лихнидос);
Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи 1927), Стефан Наумчевски (Тиквеш), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Бесир Исени (Струга Трим Љум), Јован Манев (Брегалница), Виктор Крстевски (Гостивар);
Среден ред: Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Димитар Тодоровски (Работнички), Енис Фазлагиќ (Висла Краков, Полска), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.), Томче Гроздановски (Дугопоље, Словенија), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Бојан Димовски (Академија Пандев), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Лука Станковски (Газиантеп, Турција);
Напад: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември), Методи Максимов (Работнички);
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

