Спорт
Канатларовски повика 25 фудбалери за мечевите против Ерменија и против Малта
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година во средината на јуни во Скопје ќе одигра два контролни натпревари против селекциите на Ерменија и на Малта. Двете пријателски средби, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе ги одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
Првиот контролен меч против селекцијата на Ерменија е закажан на 15. јуни, а пет дена подоцна е втората контролна пресметка против репрезентацијата на Малта.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 21 година, Драги Канатларовски повика вкупно 25 фудбалери:
Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николоски (Беласица), Васко Василев (Рио Аве, Португалија), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.);
Одбрана: Марио Ричков (Шкупи), Стефан Деспотовски (Работнички), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Имран Фетаи (Гостивар), Решат Рамадани (Динамо Киев, Украина), Виктор Крстевски (Гостивар), Методи Максимов (Шкендија), Михаил Димитриевски (Брегалница);
Среден ред: Мартин Талаков (Подбрезова, Словачка), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Силекс), Алекс Златков (Шкупи), Димитар Тодоровски (Работнички), Димитар Трајков (Академија Пандев), Ване Крстевски (Академија Пандев), Берат Калкан (Касимпаша), Бехар Фета (Воска Спорт), Матеј Ангелов (Работнички);
Напад: Марио Илиевски (Кишварда, Унгарија), Христијан Малески (Струга Трим Лум), Луан Абази (Вил, Швајцарија);
Селекторот Драги Канатларовски, ќе ги провери силите пред почетокот на квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство во септември.
„Овие две контролни средби против Ерменија и Малта доаѓаат во еден незгоден момент, кога сезоната завршува и играчите привршуваат со клубските обврски. Нема да има големи промени во состав во однос на претходните собири. Повикани се играчите кои во последната година со својата професионалност,одлучност и голема желба за борба и докажување се наметнаа во оваа генерација на Македонија.
Во составот се враќаат Алекс Златков од Шкупи и Луан Абази од Вил, кои поради повреди во своите клубови на минатиот собир не беа во можност да се стават на располагање на репрезентацијата. Димитар Трајков, фудбалерот на Академија Пандев, роден 2004 година со своите игри во последно време на клупско ниво и постигнатите 6 погодоци заслужи да биде повикан на овие два контролни натпревари против Ерменија и Малта. Се работи за фудбалер кој игра на крилната позиција и покажува одличен квалитет.
Очекувам сериозен пристап од моите фудбалери, иако се работи за пријателски натпревари. Ова се последни подготовки, очекувам сите поставени задачи од мене и стручниот тим да бидат исполните, особено во тактичкиот дел од играта“, изјави Канатларовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

