Спорт
Канаваро стана тренер на Беневенто
Фабио Канаваро првпат ќе работи како тренер во Италија, откако беше именуван за наследник на Фабио Касерта како тренер на второлигашот Беневенто, потврди клубот од југот на Италија.
Легендарниот поранешен дефанзивец има доволно искуство како тренер, работејќи во кинеската Суперлига со Гуангжу евергранде и Тијанџин кванџијан, освојувајќи една титула од првенството и една од Купот на Кина.
Сега, предизвикот ќе биде да ја „сврти“ формата на Беневенто, кои се само 13. на табелата во Серија Б со 7 поени.
Fabio Cannavaro è il nuovo allenatore del @bncalcio pic.twitter.com/b8mftjLuzv
— Benevento Calcio (@bncalcio) September 21, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ридигер откри кој му бил најдобар соиграч
Антонио Ридигер во 2022 година како слободен играч од Челси се пресели во Реал Мадрид. Говорејќи за „The Inside Scoop“, се присети на моментот кога потпиша за Реал и го избра најдобриот соиграч во досегашниот тек од кариерата.
Играјќи за Штутгарт, Рома и Челзи, Рудигер имаше можност да игра со многу светски фудбалски ѕвезди, а по пристигнувањето во Мадрид нивниот број само се зголеми.
Се присети на неговото доаѓање во гигантот од „Сантијаго Бернабеу“.
„Беше 9. мај 2022 година, кога потпишав за Реал. Тие дојдоа во Лондон. Беше неверојатно. Ги прегрнав децата, не можев да верувам. Ми дадоа дрес, а јас го имам и денес”, рече Рудигер и откри кој е најдобриот соиграч што го имал.
„Карим Бензема Лука Модриќ, Тони Крос или Еден Азар од периодот во Челзи, но јас го избирам Бензема“.
Бензема и Рудигер играа заедно за Реал пред Французинот да замине во Ал Итихад. Бензема одигра вкупно 648 натпревари за Реал во кои постигна 354 гола и забележа 165 асистенции. Со клубот освои 25 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите и четири во Ла Лига.
Спорт
„Бодот на Динамо против Монако вреди повеќе од буџетите на Цибона, Сплит и Задар“
Александар Петровиќ, актуелен селектор на Бразил, ги спореди фудбалот и кошарката откако Динамо одигра 2:2 со Монако во второто коло од Лигата на шампионите.
„Разликата во организацијата меѓу фудбалот и кошарката е највидлива во финансискиот сегмент. Бодот на Динамо против Монако вреди повеќе од поединечните буџети на Цибона, Сплит и Задар за тековната сезона“, напиша Петровиќ.
Елитното фудбалско клупско натпреварување сезонава има нов формат со 36 клубови во заедничка група, а воедно никогаш немало поголеми финансиски награди за учесниците.
Секоја победа во главната фаза од Лигата на шампионите е вредна 2,1 милион евра, а секое реми се наградува со 700.000 евра.
Спорт
Крос: Малку ми е чудно да ги гледам натпреварите на Реал
Тони Крос на крајот од минатата сезона се прости од Реал Мадрид и неговите навивачи, а недолго потоа се повлече од фудбалот по поразот на германија од Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство.
Крос се враќа на „Сантијаго Бернабеу“, но само како гледач на утрешниот меч меѓу Реал и Виљареал.
Својот пензионерски статус го допре во подкаст со неговиот брат Феликс, во кој зборува за одлуката што ја донел и зад која стои, и покрај мислењата на многумина кои сепак би сакале да го видат во дресот на Реал.
„Одлуката е конечна. Мораме да ја прифатиме, нема смисла да се навраќаме на неа. Тоа што луѓето го велат е комплимент, но мора да се прилагодите на тоа и да продолжите понатаму“, рече тој и продолжи:
„Реал Мадрид продолжи и кога си замина Кристијано Роналдо и кога го напушти Серхио Рамос. Клубот се адаптираше и продолжи да победува. Без тие двајца, иако се апсолутни легенди и иако беа важни играчи, освоија две ЛШ. Истото ќе се случи сега“.
„Малку ми е чудно да ги гледам натпреварите на Реал, перспективата е поинаква. Се уште се чувствувам како да сум дел од тимот, не можам да го игнорирам тоа. Но, не чувствувам потреба да се вратам“, додаде тој.
Најтрофејниот (34) играч во историјата на германскиот фудбал, само со Реал освои 21 титула. Меѓу другите, со Реал, за кој настапуваше од 2014 до оваа година, пет пати ја освојуваше Лигата на шампионите, а четири пати го освојуваше шпанското првенство.