Спорт
Канаваро суспендиран и пратен на „обука“ за кинеска корпоративна култура
Тимот на Гугангжу Евергранде му даде на својот тренер Фабио Канаваро „малку време“ за да присуствува на обука за „корпоративна кинеска култура“.
Ова всушност значи дека Евергранде, иако се на првото место во Кинеската Суперлига, привремено го суспендираат својот тренер за да може да се врати на работа „во подоцнежниот период“. Во меѓувреме, тимот ќе го води капитенот на клубот, Женг Жи.
46-годишниот Канаваро, кој ја освои светската титула со Италија, го наследи својот сонародник и поранешен селектор Марчело Липи на клупата на Евергранде и доби договор од 12 милиони евра по сезона.
Самиот Канаваро, јавно не коментираше на ситуацијата, но се верува дека кинескиот клуб не планира да му даде отказ.
Cannavaro has been called to ‘attend corporate culture study sessions’ after being kicked out of Champions League and league lead cut to a point. Zheng Zhi will act as player-coach during his studies. pic.twitter.com/e4yjd5xml6
— Wild East Football (@wildeastfootbal) October 27, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за голманот на Бразил
Бразилскиот голман Бенто (24), максимално ја искористи шансата која му се укажа по повредите на Алисон Бекер и Едерсон.
Бенто го бранеше голот на Бразил на неодамнешните пријателски натпревари против Англија (1:0) и Шпанија (3:3).
Она што го демонстрираше на „Вембли“ и „Сантијаго Бернабеу“ не мина незабележано, иако од претходно е на радарот на европските клубови. Наводно интерес за Бенто покажуваат Интер, Челзи, Нотингем Форест.
Бразилските медиуми пишуваат дека Атлетико Параненсе за него ќе бара отштета од 20.000.000 евра, а италијанските медиуми пренесуваат дека најблиску до него е Интер. Во клубот сметаат дека добро е Јан Сомер да добие силна конкуренција, а исто така Бразилецот би бич залог за иднината бидејќи има само 24 години.
Спорт
Јувентус најде тренер за следната сезона
Болоња е хитот на сезоната во Серија А. Тимот кој од клупата го предводи Тиаго Мота се бори за место во Лигата на шампионите. Она што е извесно е дека Мота на крајот од сезоната ќе ја напушти Болоња.
Медиумите на Апенинскиот полуостров го поврзуваа со Милан, но тоа нема да се случи. Поранешниот фудбалер на Интер, во овој момент е најблиску до клупата на Јувентус.
Мота ќе го наследи Масимилијано Алегри од чија работа во клубот од Торино не се задоволни.
До пред два месеци Јувентус се тркаше со Интер за шампионската титула, но откако на последните осум натпревари „старата дама“ забележа една победа, тимот на Алегри сега се бори за второот место со Милан.
Наводно, челниците на Јувентус и Алегри спогодбено ќе го раскинат неговиот договор кој важи до јуни 2025 година. За да се реализираа ова работа, двете страни треба само да ја договорат оштетата која ќе му биде исплатена на тренерот.
Спорт
Проблеми за Сити пред дербито со Арсенал – шестмина првотимци повредени
Пеп Гвардиола го нарече предизвикот да се одбрани тројната круна „невозможен“, но неговиот Манчестер сити сè уште е во конкуренција за сите три големи трофеи. Во Премиер лигата заостанува бод зад лидерите Ливерпул и Арсенал, во полуфиналето на ФА Купот Сити игра против Челзи, додека во Лигата на шампионите трета сезона по ред игра против Реал Мадрид.
Во недела, Сити ќе го одигра еден од најзначајните натпревари во сезоната, во Манчестер доаѓа Арсенал.
Репрезентативната пауза му донесе големи проблеми на Гвардиола. Шестмина со повреди се вратија воклубот. Станува збор за норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, Англичаните Џон Стоунс и Кајл Вокер и двајцата Португалци Рубен Дијаш и Бернардо Силва.
Сите тие се под знак прашалник за големото дерби каде Сити може да го прескокне тимот на поранешниот помошник на Гвардиола, Микел Артета. Заедно со шестмината, репрезентативната пауза поради претходни повреди ја прескокнаа и Кевин Де Брујн и Мануел Аканџи.