Спорт
Канѓаните со договори се обврзале дека ќе играат за националниот тим
Пред полуфиналето на Светското првенство во Манила, новинарите открија интересна информација поврзана со репрезентацијата на Канада. 14 канадски кошаркари кои се столбот на тимот играат затоа што потпишале професионален договор со Кошаркарската асоцијација на Канада.
Канада на овој Мундијал дојде со седум НБА асови, четворица играчи од Европа и центарот Зеке Идеј, кој настапува на Универзитетот Пердју. Канаѓаните и претходно имаа познати имиња, но никогаш не успеаја да направат поголем резултат, а со пласманот во полуфиналето каде ќе играат против Србија, го постигнаа најголемиот на Мундијалите.
Со доаѓањето на новите луѓе во Канадската кошаркарска асоцијација и со доведувањето на шпанскиот стручњак Жорди Фернандез на позицијата селектор, дојде идејата да се создаде НБА состав и да се нападнат медалите прво на Мундобаскетот, а потоа и на Олимписките игри во Париз.
Канаѓаните се единствената репрезентација на овој Мундијал што има потпишан професионалени договори со своите играчи.
„14 од најдобрите играчи од НБА, НЦАА и меѓународните лиги се обврзаа да ја претставуваат Канада од сега до крајот на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Секој играч има потпишано тригодишен договор со националниот тим. Доколку некој не е е во можност да игра за репрезентацијата, се очекува да дојде до во тренинг кампот“, се вели во соопштението на Кошаркарската асоцијасија од мај 2024 година.
Од 14 играчи кои потпишаа договори со Канада на Мундобаскетот, отсутни се Џамал Мареј, Кам Бирч, Оше Брисет, Кори Џозеф и Кевин Пангос. На СП се Никел Александар-Вокер, Ар-Џеј Барет, Дилон Брукс, Лугенц Дорт, Зак Ајдеј, Мелвин Еџем, Шаи Гилџус-Александер, Кели Олиник и Двајт Пауел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

