Спорт
Кањизарес: Пеп е радикализиран и тоа ги навредува Шпанците

Поранешниот шпански голман, Сантијаго Кањизарес демантира дека Пеп Гвардиола не е дел од Ватсап чет-групата на поранешни шпански репрезентативци поради неговата поддршка за независноста на Каталонија, но признава дека менаџерот на Манчестер сити е „радикализиран“.
Во неодамна објавениот документарен филм „ Play it again, Pep“, Гвардиола зборуваше за спротиставените политички ставови со поранешните соиграчи од репрезентацијата, и додаде дека не е во чет-групата со нив. Кањизарес, кој играше со Гвардиола на Олимпијадата во Барселона во 1992 година, кога Шпанија го освои златото вели дека политиката нема врска.
„Мене ми беше чудно што тој не е во групата, и се извинував за тоа бидејќи тој е менаџер на Манчестер сити. Не можам да го поканам во групата, бидејќи не сум администратор, го немам бројот на неговиот мобилен телефон, а тој самиот вели дека не користи Ватсап“, вели Кањизарес.
Кањизарес, кој во кариерата играше за Валенсија и Реал Мадрид, сепак, признава дека не се согласува со Гвардиола околу независноста на Каталонија и додава дека тој влегол во стапицата на „радикализмот“, со што го навредува него и неговиот поранешен соиграч, екснапаѓачот на Реал Бетис, Алфонсо.
„Ако зборуваме за политика, во 1992 година, во Барселона имаше шпански знамиња и можеше да се зборува за политика, така што тој веќе ги кажа своите мисли. Но, сега, политичарите не доведоа во радикализирано општество. Се фатија на јадицата и тој самиот зборуваше за Шпанија како за репресивна земја, и тоа за мене и за Алфонсо, како Шпанци е навредливо. Само тоа му го замерувам. Нека каже дека ја сака Каталонија, нема проблем, но нека каже дека ја сака и Шпанија“, вели Кањизарес, кој додаде дека многу фудбалери, вклучувајќи го и Луис Енрике ја напуштиле групата.
Алфонсо, уште во јуни, го критикуваше Гвардиола за Каталонија.
„Гвардиола е едно од најголемите разочарувања кои сум ги имал во светот на фудбалот. Искусивме многу тешки моменти, како тим, како пријатели, бранејќи го шпанскиот дрес. Ме шокираа неговите изјави бидејќи јас сум горд што сум Шпанец. Тој може да биде супер-професионален тренер или играч, но таквото размислување не му оди на чест“, изјави Алфонсо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Крај на сагата – Милик има нов клуб

Наполи и Олимпик Марсеј постигнале договор околу трансферот на Аркадијуш Милик. Полскиот репрезентативец, откако одби да потпише нов договор, беше пречкртан во Наполи. Клубот не го пријави за настап во ниту едно натпреварување, во првиот дел од сезоната.
Милик, најпрвин ќе го продолжи договорот со Наполи до 2022 година, бидејќи актуелниот му истекува за неколку месеци, а потоа за да можат во Марсеј да го испочитуваат финансискиот ферплеј, ќе се пресели на „Велодром“, како позајмен играч.
По завршувањето на сезоната, Олимик Марсеј, ќе го откупат договорот на Милик од Наполи.
Францускиот тим за услугите на Милк ќе плати 8 милиони евра, плус 5 милиони евра преку бонуси и ќе мора на Наполи да ми исплати 30 отсто од наредниот трансфер.
Според медиумите, Милик, ќе потпише договор со Марсеј до јуни 2025 година, а годишно ќе заработува 4,5 милиони евра.
Спорт
Хајдук има нов тренер

Паоло Трамецани (50) е нов тренер на Хајдук од Сплит. Италијанскиот тренер со Хајдук потпишал договор до јуни 2022 година.
Трамецани кариерата како играч ја започнал во Интер, а настапувал и за Прато, Козенца, Пјаченца, Тотенхем, Пистоезе, Аталанта, Емполи и Про Патриа.
Тренерската кариера ја започнал како помошник на Џани де Бјаси во репрезентацијата на Албанија.
Трамецани, во кариерата бил тренер на годината во Швајцарија и Кипар. Во 2016 година со Лугано успеал да се пласира во Лига Европа. додека во 2018 година со АПОЕЛ станал шампион на Кипар.
Хајдук првиот дел од сезоната во Хрватска го заврши на петтото место со 17 поени, 16 помалку од водечкиот Динамо Загреб.
На кормилото на Хајдук, Траменцани го наследи Боро Приморац.
Спорт
Пирло: Полошо од ова не може

Јувентус, без вистинска борба, синоќа беа поразени во дербито од Интер (2:0). Фудбалерите на Андреа Пирло го одиграа најлошиот натпревар во сезоната и по поразот паднаа на петтата позиција на табелата.
„Не можевме да одиграме полошо од ова. Не се појавивме на теренот, бевме многу лоши. Се исплашивме од напаѓачката игра на Интер, бевме насочени кон одбраната на својот гол. Не бевме агресивни. Му дозволивме на Интер да го диктира ритамот на натпреварот. Не бевме агресивни“, изјавил тренерот Пирло по поразот на „Џузепе Меаца“.
„Нашите амбиции остануваа исти. Болно е кога ќе загубие на ваков начин од силен противник, но вакви работи се случуваат. Разочаран сум од ставот на моите фудбалери“, заклучил Пирло.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира