Спорт
Капа долу за навивачите на Ливерпул! Аплауз и YNWA за Кристијано Роналдо

Големото англиско дерби меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед често носи многу непријателски емоции на ниво на инцидент, но на вечерашниот меч на „Енфилд“, навивачите на Ливерпул покажаа дека се „класа“ откако во седмата минута од мечот, како што беше најавено, го поздравија Кристијано Роналдо, кој беше отсутен од тимот на Јунајтед по трагичната смрт на неговиот новороден син вчера.
По рано преземеното водство, на „Енфилд“ во седмата минута ечеше „Вива Роналдо“ од навивачите на Манчестер јунајтед, додека навивачите на Ливерпул аплаудираа и го поздравија Португалецот со „You’ll Never Walk Alone“.
Совршен доказ дека и покрај сите фудбалски ривалства и „непријателства“, најважно е да се остане човек.
Chants of ‘Viva Ronaldo’ joined by a chorus of ‘YNWA’ at Anfield as Manchester United and Liverpool fans stand for Cristiano Ronaldo.
Beautiful moment from two huge rivals ❤️#LIVMUNpic.twitter.com/PlM37SxN6J
— Sacha Pisani (@Sachk0) April 19, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Британците со драстични казни за користење кокаин на трибините

Британската влада објави дека фудбалските навивачи кои ќе користат или ќе продаваат дроги од А класа (како кокаин) околу фудблските стадиони ќе добијат петгодишна забрана за влегување на стадион во обид да не се повторат сцените од минатогодишното Европско првенство.
„Навиката да водат војни на нашите улици и да ја зголемуваат мизеријата и криминалот низ Британија мора да престане. Затоа ги зголемуваме напорите за тие кои ќе го прекршат законот да ги сносат последиците, бидејќи користењето нелегални дроги никогаш не е криминал без жртви“, изјави британскиот премиер, Борис Џонсон.
Мерките доаѓаат по зголемувањето на бројот на инциденти на фудбалските натпревари, посебно на ЕУРО 2020, каде што повеќе фанови беа снимани како земаат кокаин. Статистиката на британската полиција покажува дека во однос на сезоната 2019/20 има дури 36 отсто повеќе случаи на нереди на фудбалските натпревари.
Спорт
Откриени подобрувањата на Мерцедес – ќе има ли голем скок во перформансите?

Ф1 новинарите на „Скај спортс“ ги објавија првите фотографии од промените на болидот на Мерцедес пред Шпанското ГП во Барселона, со кои се надеваат дека ќе имаат голем скок во перформансите по лошиот старт на сезоната.
Мерцедес последните осум сезони ги освојуваа титулите кај конструктори со својот доминантен болид, за оваа сезона да паднат зад Ферари и Ред бул, по што шефот на тимот Тото Волф призна дека со подобрувањата во Шпанија ќе знаат дали да продолжат да го „тераат“ уникатниот дизајн без странични крила или да го сменат концептот.
Мерцедес имаа еден ден тестирање на патеката Пол Рикар во Франција во средата, односно термин за снимање на реклами – во кој смееја да возат само 100 километри, или околу 17 кругови. Зад воланот беше Џорџ Расел.
Фотографиите од Барсеона покажуваат мали крилца под болидот кон предното крило, дизајн кој Ферари и Ред бул го користат од стартот на сезоната и со кој треба да се подобри текот на воздухот во предниот дел на болидот. Исто така има и мали промени на подот, една од слабостите на Мерцедес оваа сезона. Дали ова ќе донесе до пообрувања, останува да се види.
Спорт
Матиќ до навивачите на Јунајтед: Продолжете да навивате и да верувате во тимот

Немања Матиќ, пред заминувањето од „Олд Трафорд“ им прати порака на навивачите на Манчестер јунајтед, велејќи им да продолжат да го поддржуваат тимот уверувајќи дека фудбалерите го даваат својот максимум.
Српскиот фудбалер од средниот ред ќе замине како слободен агент, но се надева дека клубот ќе види подобри денови во иднина, откако оваа сезона ја завршиј без трофеј и без место во ЛШ со најмалку освоени поени во Премиерлигата.
„Знам дека имавме неколку тешки сезони, но сакам навивачите да знаат дека на тренинзите и на натпреварите го даваме нашиот максимум и Јунајтед ќе се врати. Ќе биде потребно време, но Јунајтед сигурно ќе се врати. Продолжете да го поддржувате тимот и останете заедно. Фановите препознаа дека го давам максимумот на теренот, но и надвор од фудбалот сакам да бидм пример. Да се биде фудбалер на Манчестер јунајтед значи многу“, вели 33-годишниот Матиќ.