Спорт
Капело: Лаутаро во Барса ќе „дреме“ на клупа
Лаутаро Мартинез не би имал сигурно место во стартниот состав на Барселона и затоа треба да остане во Интер засега, вели легендарниот италијански тренер Фабио Капело.
За потенцијалниот трансфер на Мартинез на „Ноу Камп“ постојано се шпекулира последниот месец, и Каталонците би му дале 10 милиони евра годишна плата. Но, во Барселона имаат доста опции во нападот со Лионел Меси, Луис Суарез, Усман Дембеле, Антоан Гризман и можниот повратник Филипе Кутињо, а се шпекулира дека повторно ќе се обидат да го донесат и Нејмар.
Токму затоа, поранешниот тренер на Милан, Реал Мадрид и англиската репрезентација, Капело вели дека е подобро да остане на „Меаца“ под Антонио Конте.
„Да бев на негово место ќе останев во Интер, бидејќи во Барса ќе биде само замена“, вели Капело во интервју за „Ла газета дело спорт“.
Тој исто така зборуваше и за економското влијание на кризата со корона вирусот и смета дека шпанскиот фудбал ќе биде најпогоден и тоа ќе резултира со многу пониски цени за трансфери на фудбалери.
„Ми изгледа дека економски во Шпанија само Реал Мадрид нема да се уништени од кризата. Барселона и Атлетико ќе страдаат многу, а пазарот на играчи ќе биде целосно сменет. Апсурдните бројки до кои се стигнуваше ќе бидат минато. Ќе бидат потребни умни менаџери за да го поправат системот“, додава Капело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јилдиз ќе потпише нов договор со Јувентус
Според извештаите од Италија, ѕвездата на Јувентус, Кенан Јилдиз (20), е подготвен да потпише нов, подобрен долгорочен договор со клубот, до летото 2030 година. Со новиот договор, турскиот напаѓач би добил значително зголемување на платата.
Тековниот договор на Јилдиз е до летото 2029 година, но „бјанконерите“ сакаат да го наградат за неговите одлични настапи и да го обезбедат неговиот престој.
Откако се појави на сцената во 2023 година, турскиот интернационалец го привлече интересот на бројни клубови. Затоа, Јувентус сака да му понуди подобрени услови за да го задржи на стадионот „Алијанц“ во годините што доаѓаат.
Неговата моментална плата наводно е 1,7 милиони евра по сезона, што значи дека тој не е ниту меѓу 15-те најплатени играчи во тимот.
Новиот договор би му донел годишна плата од околу шест милиони евра. Исто така, се шпекулираше дека Јилдиз би можел да стане еден од најплатените, ако не и најплатениот играч во тимот.
Според новинарот Ромео Агрести и порталот „Ilbianconero.com“, двете страни ги договараат последните детали, а потпишувањето на новиот договор сќе се случи наскоро. Во извештај објавен во вторникот се вели дека договорот би можел да биде склучен до крајот на оваа недела.
Foto/ depositphotos
Спорт
ФИФА даде зелено светло: Канте во Фенербахче, Ен Несири во Ал Итихад
Административниот проблем, кој се испречи пред Нголо Канте, го реши ФИФА. Светската фудбалска федерација даде зелено светло и му овозможи на фудбалерот да се пресели во Фенербахче.
Според договорот меѓу клубовите, Канте го напушти Ал Итихад и стана нов играч на Фенербахче, додека Јусеф Ен Несири замина во спротивна насока.
Договорот, кој за малку немаше да биде реализиран, поради грешката на Судијците, беше завршен со директна интервенција на ФИФА, надвор од вообичаените процедури и временски ограничувања.
Условите на размената останаа непроменети. Фенербахче доби искусен играч од средниот ред, но и 10 милиони евра, како компензација за заминувањето на многу помладиот Ен Несири.
Ал Итихад, од друга страна, го реши проблемот во нападот и донесе играч кој треба да ја преземе улогата на прв напаѓач во тимот.
На крајот, сите страни излегоа како победници од овој необичен трансфер.
Спорт
Српски тренер ќе води тим на Ол стар натпреварот
Дарко Рајаковиќ дека ќе предводи еден од трите тима на Ол-стар викендот, pотврди неговиот тим Торонто Репторс.
Комесарот на НБА, Адам Силвер, го именуваше Дарко Рајовиќ за тренер на тимот кој e составен од неамерикански играчи за време на Ол-стар викендот.
Ова е голема чест за тренерот од Чачак, бидејќи странците никогаш не биле тренери на Ол-стар натпреварот.
Покрај Рајаковиќ, тренери на преостанатите два тима ќе бидат Џеј-Би. Бикерстаф од Детроит и Мич Џонсон од Сан Антонио.
Торонто Репторс на Рајаковиќ играат далеку над очекувањата оваа сезона. Тие моментално се четврти на Западот со резултат од 30-21.
Во својот Ол-стар тим Рајаковиќ ќе ги има Јанис Адетокунбо, Паскал Сијакам, Лука Дончиќ, Шеј Гилџис-Александер, Никола Јокиќ, Виктор Вембањама, Дени Авдија и Џамал Мареј.
Foto/ EPA

