Спорт
Капело:: Влаховиќ мора секогаш да биде стартер во Јувентус
Легендарниот италијански тренер Фабио Капело го коментираше пред медиумите на Апенинскиот полуостров големото дерби од третото коло од Лигата на шампионите помеѓу Реал и Јувентус во Мадрид.
Сосема очекувано, бидејќи Капело, заедно со неговиот сонародник Карло Анчелоти, беше единствениот во светот кој имаше чест да биде тренер и на Реал Мадрид и на Јувентус во својата богата кариера.
По голема борба, Реал победи со 1:0 на стадионот „Бернабеу“, но гостите од Торино можеа со малку повеќе среќа и вештина да го избегнат поразот.
„Чесен пораз кој ќе ја подигне самодовербата и потенцијалот на Јувентус. Сега има три натпревари што мора да ги добијат“, коментираше Фабио Капело за италијански Скај.
Тој го пофали Дуашан Влаховиќ, кој пропушти добра шанса во 50-тата минута при резултат 0:0.
„Влаховиќ мора да биде стартер во овој Јувентус“, рече Капело и забележа дека на тимот „и недостасуваат играчи од средниот ред кои можат да влезат во шанса и да се најдат пред голот на противникот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тер Штеген пред трансфер во Џирона
Марк-Андре тер Штеген ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок. Германецот мора да брани доколку сака да биде во германската селекција на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Според шпанските медиуми, речиси сè е договорено, германскиот голман да се пресели во Џирона. Тер Штеген ги прифатил условите, а сè што останува е клубовите да ги дефинираат деталите за позајмицата.
Тер Штеген го загуби местото како прв голман со доаѓањето на Џоан Гарсија, а се мачеше и со повреди во претходниот период.
Бидејќи сè уште има што да покаже, логичниот следен чекор беше да ја напушти Барса, засега само привремено, а ќе видиме на лето кои ќе бидат следните чекори.
Foto/ depositphotos
Спорт
Скандал на ЕП во ватерполо – Покрената е истрага поради обложување
Неколку ватерполисти од репрезентацијата на Малта се под истрага поради сомнение дека се обложувале на гол-разликата на натпреварот од Европското првенство против Црна Гора во Белград.
Информацијата ја објави порталот „Тајмс оф Малта“. Според истиот извор, по повод настанот е покрената истрага, а повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.
Селекцијата на Црна Гора го доби споменатиот дуел од групната фаза со резултат 21:12. Малта беше поразена во Белград од Франција (22:13), Унгарија (21:6), а денес во битката за пласман од 13-то до 16-то место го победи Израел 16:15.
Foto/ EPA
Спорт
Манчестер Сити го обезбеди потписот на Гуехи
Манчестер Сити, постигна договор за трансферот на капитенот на Кристал Палас, Марк Гуехи. Преговорите во врска со трансферот на 25-годишниот англиски репрезентативец беа поттикнати од неодамнешните повреди на дефанзивците Јошко Гвардиола и Рубен Дијаш.
Иако личните услови сè уште не се формално договорени, не се очекува тоа да претставува проблем за реализација на трансферот. Преговорите се забрзаа во последните 24 часа, а се очекува Гуехи да му се придружи на Сити со долгорочен договор во следните неколку дена. И покрај тоа што договорот му истекува за шест месеци, Сити се согласи да плати 23 милиони евра.
Тековниот договор на Гуехи со Кристал Палас истекува на лето, а тој е поврзан со неколку водечки европски клубови.
Гуехи беше блиску до трансфер во Ливерпул минатото лето, но договор вреден 40 милиони евра пропадна во последните часови од преодниот рок, и покрај тоа што играчот ги мина медицинските прегледи.
🚨💣 BREAKING: Marc Guehi to Manchester City, HERE WE GO! 💙
Official proposal accepted by Crystal Palace right now — understand fee will be around £20m.
Guehi has ACCEPTED move to #MCFC.
Exclusive story, now confirmed. 🧨 pic.twitter.com/Vo4bKmyzCU
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 16, 2026
Откако се приклучи на Палас од Челзи во 2021 година, тој стана стандарден во репрезентацијата на Англија. Со Палас, тој го освои ФА Купот со победа против Сити во мај, како и Комјунити Шилд против Ливерпул претходно оваа сезона.
Потегот на Сити дојде откако хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол (23) неодамна беше опериран поради скршеница на долниот дел од ногата, додека португалскиот стопер Рубен Диаш (28) ќе отсуствува од четири до шест недели поради повреда на тетивата.
Сити веќе го потпиша Антоан Семењо од Борнмут за 62,5 милиони фунти во овој преоден рок.
Во сабота, Сити ќе игра градско дерби против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
Foto/ depositphotos

