Спорт
Капитенот на Атлетик Билбао ќе се пензионира на крајот од сезоната

Оскар де Маркос, капитенот на Атлетико Билбао, најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната. Одлуката им ја соопшти на соиграчите пред денешниот тренинг.
„Остануваат уште три неверојатни месеци до крајот на сезоната, не сакав повеќе да ја одложувам оваа одлука. Имам уште три месеци и треба да уживаме во нив. Исполнив многу повеќе соништа отколку што очекував и го исполнив мојот животен сон“, изјави капитенот на Атлетик.
Де Маркос пред три дена во мечот против Еспањол во 24. коло од Ла Лига се израмни со Икер Муниаин на второто место на листата на играчи со најмногу настапи за клубот од Билбао (560).
Рекордер по бројот на одиграни натпревари за Атлетико е Хозе Анхел Ирибар, кој за клубот од Билбао одигра 614 натпревари.
Атлетик моментално се наоѓа на четвртото место во Ла Лига со 45 бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Робин Ван Перси нов тренер на Феенорд

Феенорд успеа да го елиминира Милан и да се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Овој голем успех нема да го остави Паскал Боскарт на клупата на холандскиот клуб.
Според вестите од Холандија, Феенорд постигнал договор со Робин Ван Перси, поранешен играч на клубот и актуелен тренер на Херенвен. Во текот на денот, Ван Перси ќе потпише договор до јуни 2027 година, а помошник ќе му биде Рене Хаке.
Ван Перси ја започна својата професионална кариера (2001) и ја заврши во Феенорд (2019), а потоа остана да работи како тренер на младинците до јули минатата година кога беше назначен за тренер на Херенвен.
Веројатно не ни планирал да добие шанса во првиот тим на Феенорд по само 26 (или 27) натпревари работа во сениорскиот фудбал.
Спорт
Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Познатиот германски боксер и европски шампион, Марио Дасер (36) е ранет во пукотница во Белград.
Престрелката се случила утринава околу 4 часот на улицата „Кнез Данилова“, а со Марио бил и М.А.(31), кој исто така бил ранет. Дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство Броград е на лице место и води истрага во полиција.
„Се трага по две засега непознати лица кои утринава околу 4 часот пукале кон оштетените на улицата Кнез Данилова“.
Дасер е роден на 14 април 1989 година во Хамбург. Во рингот влегол на 16 години.
Тој постигна голем број победи на импресивен начин со нокаутирање на противникот во првата рунда. Има импресивен учинок на 14 професионални натпревари – 14 победи, од кои седум со нокаут.
Паралелно со спортот, неговата популарност се шири, како поради неговите достигнувања, така и поради неговиот стил и начин на живот. На социјалната мрежа Инстаграм го следат над 770.000 луѓе.
Спорт
Фитипалди: Норис е главен фаворит за титулата

Двократниот шампион во Формула 1, Емерсон Фитипалди, изјави за „Спорт клуб“ дека неговиот поранешен тим Мекларен врши одлична работа и дека можат да ја освојат титулата во конкуренција на возачите оваа година.
Бразилецот, кој ја освои титулата со Мекларен во 1974 година, откако ја освои круната две сезони порано како возач на Лотус, беше еден од шампионите кои присуствуваа на спектакуларното отворање на новата сезона во Формула 1, во „О2 арена“ во Лондон.
Претстојната сезона го означува крајот на актуелната ера на Формула 1, а многумина пред почетокот на првенството предвидуваат дека ќе биде најнеизвесно во последните години. Што се однесува до Фитипалди, само еден возач се издвојува како фаворит.
„Според мене фаворит е Ландо Норис. Мислам дека Мекларен прави фантастична работа во последните две години, тие се многу константно брзи и Ландо е одличен, верувам дека има големи шанси да стане шампион следната сезона“, рече Фитипалди.
Новата сезона во Формула 1 започнува со Големата награда на Австралија на 16 март.