Спорт
Капитенот на Леверкузен има договор со Баерн

Баерн Минхен има договор со капитенот на Баер Леверкузен, Џонатан Тах.
Добро информираниот германски новинар Флоријан Плетенберг објави дека славниот клуб од Минхен постигнал договор со Тах до 2029 година.
Џонатан Тах во моментов се подготвува за претстојното ЕУРО 2024 со репрезентацијата на Германија.
Наскоро се очекува Баварците да започнат преговори со Баер Леверкузен, додека Тах го известил спортскиот директор на „Фармацевтите“ дека сака да се пресели во Минхен.
Џонатан Тах претходно имаше неуспешни преговори со клубот од Леверкузен околу продолжување на договорот. Бидејќи неговиот актуелен договор истекува во 2025 година, Баер мора да прифати преговори со Баерн, во спротивно наредното лето тој без оштета ќе го напушти клубот.
Во исто време, германските медиуми пренесуваат дека Баерн ја разгледува можноста да го ангажира Левијатан Колвил од Челзи доколку не биде реализиран трансферот на Тах.
Исто така, не е исклучено и Тах и Колвил да потпишат за Баерн ова лето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Здружението на тенисери (PTPA), основано од Новак Ѓоковиќ, покрена правна постапка против управните тениски тела.
Документите беа поднесени во Окружниот суд на САД во Њујорк.
Во тужбата на 163 страници, меѓу другото, се вели дека „професионалните тенисери се заробени во наместена игра“ што им дава „ограничена контрола врз нивните сопствени кариери и брендови“.
Се критикува распоредот, системот на рангирање и контролата што постои кога е во прашање имиџот на играчите.
Жалбата беше поднесена од PTPA и 12 играчи, меѓу кои и Ѓоковиќ, неговиот ко-основачки партнер Васек Поспишил и Ник Кирjос – „во име на целата играчка популација“.
Со тужбата се бара крај на „монополската контрола“ на тениската турнеја, како и финансиска компензација од АТП, ВТА, ИТФ и ИТИА.
PTPA верува дека раководните тела функционираат како картел со тоа што склучуваат договори со турнири кои ги ограничуваат наградните фондови и ги спречуваат потенцијалните конкуренти да влезат на пазарот.
Тие сметаат дека распоредот е неодржлив, трае 11 месеци во годината, попатно барајќи од играчите да играат на преголема топлина или во раните утрински часови.
Поради ова, играчите страдаат од сериозни повреди на зглобот, лактот и рамото бидејќи топките се менуваат во текот на сезоната.
ITIA е обвинета за нарушување на приватноста поради пребарување на телефоните на играчите поради сомневање за корупција и допинг.
АТП годинава организира 60 настани во 29 земји. АТП тврди дека поделила 241,6 милиони долари на играчите во 2023 година.
ВТА оваа сезона нуди 51 турнир во 26 земји. Се истакнува дека во 2024 година на тенисерите им исплатила 221 милион долари.
Играчите често се жалеа дека не добиваат доволно висок процент од приходите што ги генерира спортот, поради што PTPA е создаден во 2020 година.
Спорт
Крај на сезоната за Митев

Фото/ facebook.com/rfmofficial
Средниот бек на Алкалоид и македонската репрезентација, Марко Митев, ја заврши сезоната.
Митев, се повреди во неделата, на натпреварот Словенија-Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Средниот бек се повреди на почетокот на 19.минута. Во тој момент беше јасно дека повредата не е наивна.
Прегледите покажале дека ги повредил лигамнетите во коленото, поради што за него оваа сезона е завршена.
Не е познато колкава пауза го очекува Митев.
Прашање е што ќе се счучи и со неговиот евентуален трансфер. По Мундијалот, во јануари, интерес за Митев покажаа неколку германски екипи, кои биле подготвени и да платат обесштетување за да го откупат неговиот договор од Алкалоид.
Спорт
Димитријевиќ ќе го напушти Милано

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе го напушти Милано по завршувањето на сезоната. Димитирјевиќ, минатото лето како големо засилување пристигна во Олимпија.
Димитријевиќ, минатата сезона, блескаше во дресот на УНИКС Казан, беше прогласен за МВП на руската лига.
За неговиот потпис се бореа неколку клубови од Евролигата, тој реши да потпише за тимот на тренерот Еторе Месина.
Нема баш најдобра сезона во Евролигата има просек од 7,9 поени, додека во првенството одигра 13 натпревари со просек од 8,5 поени.
Новинарот Андреа Калцони тврди дека Димитријевиќ би можел да го напушти Милано, бидејќи клубот сака да го ангажира кошаркарот на Тренто, Квин Елис.