Спорт
Капитенот на Никарагва: Јас не гласав за Меси

Капитенот на фудбалската репрезентација на Никарагва, Хуан Барера, изјавил дека не гласал за Лионел Меси во изборот на ФИФА за најдобар играч во светот.
Во соопштението на Светската фудбалска организација објавено по свечената церемонија во Милано е наведено дека Бареа го ставил Меси на првото место.
33-годишниот фудбалер тврди дека дури и не гласал бидејќи не го добил неопходниот материјал од ФИФА.
Според она што го објави ФИФА, Бареа гласал за Меси, Садио Мане и Кристијано Роналдо.
„Не гласав за Меси во категоријата за најдобар фудбалер. Бев изненаден кога ја видов листата на капитените што гласале за Меси. ФИФА тврдат дека материјалот за гласање ми го испратиле по електронска пошта, но јас такво нешто не сум добил, што значи дека не можев да гласам“, рекол фудбалерот на Муниципал од Гватемала за АЦБ Футбал.
Бареа не е првиот што тврди дека не гласал онака како што објавија од ФИФА. Во средата се побунија од Фудбалскиот сојуз на Египет, и тоа по објавата на „Твитер“ на Мохамед Салах, како и селекторот на Судан, Хрватот Здравко Логарушиќ.
Како гласале капитените и селекторите можете да погледнете ОВДЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Едерсон сака да го напушти Манчестер сити

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил.
Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите.
Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот голман сака трансфер и е подготвен веднаш да ги заврши лекарските прегледи, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Едерсон е во клубот од Манчестер во последните осум години. Тој има 372 настапи,, со клубот освоил 18 трофеи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.