Спорт
Капитенот подготвен да замине од Милан
Капитенот на Милан Алесио Ромањоли би можел да го напушти клубот во летниот преоден рок и да се пресели во клубот за кого навива од детството, Лацио. Ромањоли има договор со Милан до 2022 година, а во моментов неговата цена изнесува помеѓу 45 и 50 милиони евра.
Во Милано се очекувата големи промени ова лето покрај Ромањоли од клубот веројатно ќе замине и голманот Џиџи Донарума, додека не е јасна иднината на Златан Ибрахимовиќ.
Ромањоли е во Милан од 2017 година кога тогашниот тренер Синиша Михајловиќ инсистираше на неговиот трансфер. Ромањоли тогаш играч на Рома го забрза трансферот сликајќи се во дрес на Лацио.
Лацио наредната сезона сигурно ќе игра во Лигата шампионите, поради тоа претседателот Клаудио Лотито има намера дополнително да го засили тимот.
Неогивот план е Ромањоли да игра во тандем со Франческо Ачерби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал повторно налета на Бенфика, Јуве против Галатасарај
Во средата, Бенфика и Реал одиграа епски меч во Лигата на шампионите. Португалскиот клуб победи со 4:2, со голот на голманот Трубин во 98-та минута. Тој гол и донесе пласман на Бенфика во нокаут фазата.
Дуелите на европските великани ќе добијат ново поглавје, откако дебешната ждрепка во Нион, ги спои Реал и Бенфика.
Првите натпревари ќе се играат на 17 и 18 февруари, а реваншите на 24 и 25 истиот месец.
Двојки за плејофот во Лигата на шампионите:
Бенфика – Реал Мадрид
Боде Глимт – Интер
Монако – Пари Сен Жермен
Карабах – Њукасл
Клуб Бриж – Атлетико Мадрид
Галатасарај – Јувентус
Борусија Дортмунд – Аталанта
Олимпијакос – Баер Леверкузен
Спорт
Лацио го блокира трансферот на Ромањоли – Фудбалерот стапи во штрајк
Тензиите во Лацио кулминираа откако Алесио Ромањоли наводно одбил да тренира со остатокот од тимот. Искусниот дефанзивец е незадоволен, со бојкотот сака да издејствува трансфер во Ал-Сад.
„Кориере дело Спорт“, пишува дека Ромањоли, постигнал договор со Ал-Сада за договор вреден 18 милиони евра за три сезони, па дури и се збогувал со навивачите на Лацио во саботата. Сепак, наредниот ден клубот го блокираше трансферот со официјално соопштение.
Лацио веќе ги продаде Валентино Кастељанос и Матео Гендузи за време на зимскиот преоден рок, а Ромањоли наводно водел разговори со Маурицио Сари во обид да го убеди да го одобри неговото заминување.
Односите меѓу Сари и претседателот Клаудио Лотито се веќе затегнати, а тренерот, разочаран од одлуките на клубот во јануари, не сака да има никаква улога во трансферите.
Foto/ depositphotos
Спорт
Епско полуфинале во Мелбурн – Алкараз го победи Зверев
Карлос Алкараз и Александар Зверев одиграа епски меч на Австралија Опен. Најдолгото полуфинале, пет часа и 27 минути, во историјата на турнирот во Мелбурн, му припадна на Шпанецот со 6:4, 7:6, 6:7, 6:7, 7:5. Зверев се врати од бездната, изедначи, имаше брејк предност во решавачкиот сет, сервираше за пласман во финалето при резултат 5:4, но Шпанецот волшебно се врати, ги доби последните три гема и се пласира во своето прво финале во Мелбурн.
Мечот започна во релативно мирно темпо, двајцата сигурно ги добиваа своите серви гемови, а потоа Алкараз прв направи брејк и тоа во вистинскиот момент.
Тој го „скрши“ Зверев во деветтиот гем и го потврди освојувањето на првиот сет со нула во следниот гем.
Поинаква слика во вториот сет. Зверев имаше брејк предност (водеше 4:2 и 5:4), но кога сервираше за да го освои сетот, подлегна.
Шпанецот ја искористи можноста, израмни, а потоа успеа да поведе со 2:0 во сетови.
Третиот сет имаше најголемо влијание врз исходот. Во деветтиот гем, Алкараз побара медицински тајм-аут. Наводно повраќал претходно, физиотерапевтот му го масираше битниот мускул на десната нога, а Зверев бесно реагираше кај судијката Маријана Вељовиќ затоа што дозволи медицински тајм-аут поради грчеви.
Вистинската причина ќе ја дознаеме по мечот, но Германецот успеа да ја искористи таа ситуација и во тај-брејкот и да го намали резултатот во сетови на 2:1.
Забележливи беа проблемите кај Алкараз во четвртиот срт, но Зверев не успеа да ги реализира своите шанси што ги имаше во неколку израмнети гема на сервисот на противникот.
По трет пат по ред, се играше тај-брејк, кој повторно го доби Зверев и со тоа го однесе мечот во решавачкиот петти сет.
Зверев го искористи моментумоти го материјализираше на почетокот со брејк кој, со сервис кој му служеше навистина добро, успеа да го искористи до крајот на сетот.
Алкараз не се откажа и имаше свои шанси за брејк, но сервисите на Зверев доаѓаа во вистинско време. Сепак, кога сервираше за победа со резултат 5:4, буквално се распадна. .
Алкараз конечно успеа да искористи една од своите бројни шанси за брејк и со тоа израмнување на 5:5, практично го реши натпреварот.
Германецот целосно се распадна и беше јасно дека нема да издржи до тај-брејкот, што и се случи. Шпанецот направи уште еден брејк и, по пет и пол часа луда борба, стигна до финалето.
Foto/ depositphotos

