Спорт
Карацев: Медведев не можеше да очекува да навиваат за него
Светскиот рекет број 15, Русинот Аслан Карацев вели дека неговиот сонародник Данил Медведев не треба да очекува поддршка од публиката кога ќе игра со тенисери како Рафаел Надал, откако вчера Медведев изјави дека е разочаран од однесувањето на публиката кога го загуби финалето од Австралија опен од Надал.
25-годишниот Медведев честопати беше во дискусија со судиите, реагирајќи на навивачите „без мозок“ кои правеа врева меѓу неговите сервиси и додаде дека размислува дали да игра на Ролан Гарос и Вимблдон бидејќи се чувствува како „дете кое престанало да сонува“.
Карацев, кој во 2021 беше полуфиналист во Мелбурн, но оваа година загуби во третото коло, вели дека знае како се чувствува неговиот колега од Дејвис куп тимот, но дека сите мора да очекуваат дека публиката ќе е против нив кога ќе играат против Надал и Роџер Федерер.
„Тоа е нормално. Надал се врати од повреда по шест месеци и сите навивачи сакаа да го поддржуваат. Можеби Данил беше разочаран и чувствуваше екстра притисок, но треба да сфати дека играл против Рафаел Надал. Ќе биде исто ако игра против Федерер. Сите го сакаат него. И мене ми се случило, но не можете да направите ништо. Не можете да им кажете на навивачите: ‘Навивајте за мене’. Тоа нема смисла“, вели 28-годишниот Карацев, кој ја освои титулата од Дејвис купот покрај Медведев во декември.
„Детето во мене престана да сонува. Во иднина нема по секоја цена да играм на гренд-слем турнирите“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Италијанско дерби во осминафиналето во Лига Европа
Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лига Европа Оваа фаза од ова натпреварување на УЕФА ќе го обелижи италијанската пресметка меѓу Болоња и Рома, а внимание секако привлекува и германско-портигалската пресметка Ѓтитгарт-Порто.
Осминафинални двојки:
Генк – Фрајбург
Болоња – Рома
Ференцварош – Брага
Штутгарт – Порто
Панатинаикос – Бетис
Селта – Лион
Нотинген Форест – Митјиланд
Лил – Астон Вила
Датуми на преостанатите фази од ЛШ
Осминафинале: 12 и 19 март
Четвртфинале: 9 и 16 април
Полуфинале: 30 април и 7 мај
Финале: 20.мај 2026 година (Истанбул)
Спорт
Сити повторно против Реал, ПСЖ оди на Челзи
Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лигата на шампионите. Две средби ќе привлечат најфголемо внимание во оваа фаза, актуелниот првак ПСЖ ќе игра против Челзи, а ждрепката повторно ги спои Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Осминафинални двојки:
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Боде/Глимт – Спортинг Лисабон
ПСЖ – Челзи
Њукасл – Барселона
Галтасарај – Ливерпул
Атлетико Мадрид – Тотенхем
Аталанта – Баерн Минхен
Ваер Леверкузен – Арсенал
Датуми на преостанатите фази од ЛШ
Осминафинале: 10/11 и 17/18. март
Четвртфинале: 7/8 и 14/15 април
Полуфинале: 28/29. април и 5/6 мај
Финале: 30.мај 2026 година (Будимпешта)
Патот до финалето:

Спорт
Македонија апсолутен фаворит против Луксембург
Вечерва (18.00 часот), во салата во „Градски парк“ во Скопје, нашите најдобри кошаркари бараат и трета победа по ред во „А“ групата од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година, два бода со кои ќе бидеме многу поблиску до целта – премин во следниот натпреварувачки круг.
По многу годин, поточно од 9.септември, 2006 година, Македонија ќе биде во улога на домаќин во салата во „Градски парк“, комплетно реновирана во изминатиот период, и подготвена да ги прими сите заинтересирани за вечерашниот дуел, во кој на теренот „црвено-жолтите“ уште еднаш ќе ги поведе Војдан Стојановски.
Капитенот на Македонија е запознат со квалитетите на вечерашниот противник:
„Играме против Луксембург, една добра репрезентација во која шутираат сите кои што се во моментот на теренот. Селекција која игра без класичен центар, што говори дека форсираат брза игра за која треба да најдеме соодветен одговор“ – смета Стојановски.
Предводникот на нашиот национален тим вели дека енергетскито момент е еден од оние кои ќе го донесат веројтно и клучниот дел од дуелот во „Градски парк“. Заедно со добра дефанзива која црвено-жолтите“ треба да ја презентиираат во дуелот со селекциката која исто така има две победи во првите две кола од претквалификациите.
„Наше е да дадеме се од себе, да го потрошиме и оној последен атом од нас. Да имаме добра енергија и тоа како потребна за ваков вид на натпревари. И со една добра игра во одбраната да стигнеме до победата“ – потенцира Стојановски.
Извор и Фото/ mkd.basketball

