Спорт
Карачиќ за мажиштето Стоилов, српскиот брат Џамбо, неверојатниот Чупиќ
Игор Карачиќ, член на двете шампионски генерации на Вардар, бил гостин во серијалот „Остани дома“ на специјализираниот ракометен портал „Балкан хендбол“. За македонската јавност, интересни се изјавите на Карачиќ за своите поранешни соиграчи од Вардар.
Карачиќ, кој сега е член на Кјељце, го посочил Иван Чупиќ како исклучително важен играч во моменти кога се кршат натпреварите.
„Секакви работи говореа и пишуваа за него. Кога би составил профил на играч според карактерот, менталитетот, влијанието што го има во соблекувалната и на теренот… него би го ставил на врвот. Неверојатно е каков победник е тој човек, колку голем работник е. Се гордеам што имав можност да играм со него“, вели Карачиќ.
Хрватскиот репрезентативец во суперлативи говори и за капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов.
„Со еден збор, Стојанче е мажиште. Мангуп од скопските улици, но, пред сѐ, вистински пријател. Можеш 100 пати да влезеш во конфликт со него, но никогаш тоа нема да биде поради некаква глупост. Секогаш ќе знаеш зошто тоа било така. Ќе научиш некоја нова лекција во животот. Те мава во коска“.
Карачиќ го истакнува и пријателството со Страхиња Милиќ. Голманот, по заминувањето од Вардар во 2018 година, на 28-годишна возраст практично ја прекина кариерата.
„Тој за мене не е Страхиња, тој ми е како брат. Тој е мојот српски брат. Неговата мајка е српска мајка, а таа мене ме нарекува хрватски син. Многу ми е жал, но се надевам дека ќе му се врати на ракометот. Знам дека има голема желба да се врати. Како што Деки (Милосавлев) влеза на мала, а излезе на голема врата. Се надевам дека Џамбо ќе се врати, повторно ќе влезе на мала, а ќе излезе на голема врата“, изјави Карачиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка (27) е прогласена за играч на годината на ВТА, откако цела 2025 година ја помина на врвот на ранг-листата, објави водечката женска тениска организација.
Тенисерката број еден во светот е прогласена за најдобра втора година по ред, со што стана трета тенисерка во последните 15 години што ја освоила наградата повеќе од еднаш. Таа славеше со речиси 80% од гласовите на меѓународните тениски новинари.
Во текот на оваа година, Белорусинката освои четири турнири, вклучувајќи го и Отвореното првенство на САД, играше во девет финални мечеви, оствари 63 победи и постави нов рекорд во наградниот фонд во една сезона, заработи 15 милиони долари.
Сезоната заврши со 63 победи и 12 порази.
Чехинката Катерина Сињакова и Американката Тејлор Таунсенд беа прогласени за најдобар пар откако го освоија Отвореното првенство на Австралија и стигнаа до финалето на Отвореното првенство на САД. Тенисерката која најмногу напредуваше е Американката Аманда Анисимова.
Американката стигна до пет финалиња, освојувајќи ги првите ВТА 1000 титули во кариерата во Доха и Пекинг, а стигна и до своите први финалиња на Гренд слем турнирите на Вимблдон и на Отвореното првенство на САД.
Foto/ depositphotos
Спорт
Трипл-дабл пресметка меѓу Јокиќ и Шенгун – Денвер во продолженијата го победи Хјустон
Денвер и Хјустон одиграа супер интересен натпревар изминатата ноќ во НБА лигата. Во регуларниот дел, натпреварот во „Бол Арена“ заврши 117:117, по дополнителните пет минути победата им припадна на Денвер Нагетс 128:125. Никола Јокиќ и Алперен Шенгун натпреварот го завршија со по трип-дабл.
Денвер избори продолженија на две секунди до крајот, кога од линијата за слободни фрлања погоди Џамал Мареј. Претходно двата тима се менуваа во водството, а во текот на мечот нити еден од тимовите не успеа да створи значајна предност.
Јокиќ постигна 39 поени (13/27 од поле, 5/9 за тројки, 8/11 слободни фрлања), 15 скока, 10 асистенции и две блокади и по една украдена топка за 42 минути на паркетот. Јокиќ го забележа 12-от трипл-дабл во сезоната, уште пет го делат од Оскар Робертсон, кој е втор на вечната листа.
Џамал Мареј имаше голем придонес, особено во продолженијата. Тој постигна вкупно 35 поени, со пет асистенции и три скока. Тим Хардавеј и Кем Џонсон додадоа по 13.
Од другата страна, Алперен Шенгун одигра одличен натпревар, забележа 33 поени, со 10 скока и асистенции.
Го следеа Кевин Дурант со 25 поени, седум асистенции и пет скока, Џош Окоги имаше 16 поени и четири скока, а Џабари Смит 16 поени, 10 скока и четири асистенции.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.

