Спорт
Караско побарал трансфер, Атлетико ја одреди цената за Белгиецот
Јаник Фереира Караско сака да го напушти Атлетико Мадрид. Клубот за да му ја исполни желбата ќе го намали обесштетувањето. Сигурно е дека Белгиецот ќе замине од Мадрид по завршувањето на сезоната.
Њукасл, минатото лето покажа сериозен интерес за Караско, но тогаш Атлетико бараше 70 милиони евра, а и фудбалерот не сакаше да го напушти клубот.
Причината поради која Караско го смени мислењето е што клубот не си го исполнил ветувањето. Му било ветено дека ќе добие нов договор и поголема плата. Се почувствувал дека клубот го изневерил, поради што преку менаџерот побарал трансфер.
Атлетико за Караско бара 40 милиони евра.
Покрај Караско, наредното лето клубот ќе го напуштат и Бразилците Матеус Куња и Рена Лоди, двајцата како позајмени настапуваа во Премиер лигата.
Договорот на Куња, Вулверхемптон мора да го откупи за 40 милиони евра, додека не е познато како договор Атлетико има со Нотингем Форест за Ренан Лоди.
Се шпекулира дека Атлетико ќе го напушти и Жоао Феликс, но тоа најмногу ќе зависи од тоа дали Диего Симеоне ќе остане на клупата на „јорганџиите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Снукерот ќе стане олимписките спорт?

Светската професионална билијард и снукер асоцијација (WPBSA), сака снукерот да стане олимписки спорт од Игрите во Бризбејн во 2032 година.
Иницијативата доаѓа откако Кинезот Жао Синтонг кој ја освои светската титула во Шефилд, каде што го победи трикратниот шампион Марк Вилијамс со 18-12 во финалето на светското првенство, откако во полуфиналето го победи седумкратниот шампион Рони О’Саливен.
Оваа победа му донесе награда од 500.000 фунти, а според проценките, натпреварот го следеле околу 150 милиони гледачи во Кина.
Земјата, која има повеќе од 300.000 сали за снукер, доживеа вистински бум во спортот, што WPBSA сака да го искористи за да го воведе снукерот на Олимписките игри, можеби уште на Игрите во Бризбејн во 2032 година.
„Со оглед на големината на снукерот денес и колку Кина значи за Меѓународниот олимписки комитет, мора да се каже дека сега е вистинското време за снукер. Учеството на Олимписките игри би било пресвртница. Параолимписките игри се исто така можност. Верувам дека Бризбејн е реална цел“, рече претседателот на WPBSA, Џејсон Фергусон.
Успехот на Жао доаѓа откако тој отслужи 20-месечна суспензија поради вмешаност во скандалот со наместени натпревари, кој фрли сенка врз кинескиот снукер, при што вкупно десет играчи од земјата беа суспендирани.
„Ова е еден од најголемите моменти што ги доживеал снукерот. Во Кина, снукерот се третира како национален спорт. Враќањето на светскиот шампион во Кина како национален херој ќе го подигне снукерот на повисоко ниво“, додаде Фергусон.
Спорт
Алба Берлин ја напушти Евролигата

Алба од Берлин ја напушта Евролигата и ќе игра во Лигата на шампионите на ФИБА.
Алба Берлин, 22-кратен шампион на Германија и освојувач на националниот куп, ќе учествува во претстојната сезона 2025/26 од Лигата на шампионите на ФИБА, официјално е објавено.
Со овој потег, клубот од германската престолнина се враќа на европските натпреварувања под покровителство на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) по 24 години учество во натпреварувања организирани од УЛЕБ (12 сезони во Евролигата, 12 во Еврокупот/УЛЕБ Купот), од својата дебитантска сезона во 1990/91.
До крајот на сезоната 2000/01, „Албатросите“ поминаа единаесет сезони во ФИБА натпреварувањата, а својот најголем успех го постигнаа во 1995 година, кога сензационално го освоија Купот Кораќ.
Оваа одлука доаѓа и по заедничкото соопштение на ФИБА и НБА на 27. март, во кое беше најавено истражување за можноста за основање нова професионална машка кошаркарска лига во Европа.
Спорт
(Видео) Хрватскиот ракометар суспендиран на две години поради груб прекршок

Хрватскиот ракометар Иван Хорват (32), член на австрискиот прволигаш Алпла ХК Хард, е суспендиран дури 26 месеци поради груб прекршок на четвртфиналниот натпревар од австриското ракометно првенство против Брегенц.
Во 42-та минута од играта, Хорват со рака го удри противничкиот ракометар Маркус Мар во лицето, кој претрпе повеќекратна фрактура на носот. Махр беше итно однесен во болница и опериран.
Судиите му покажаа на Хорват црвен, а потоа и син картон, но Брегенц побара подолга суспензија од еден натпревар за Хорват.
Дисциплинската комисија на Австриската ракометна федерација конечно одлучи за драстична казна и му забрани на Хорват да игра 26 месеци, оценувајќи го неговиот потег како „крајно неспортско однесување“.
Хорват има право да поднесе жалба на одлуката.