Спорт
Кари од Вориорс доби 63 милиони долари за една сезона

Стеф Кари доби нов договор од Голден Стејт Вориорс.
Стеф Кари дојде во НБА од Универзитетот Дејвидсон во 2009 година кога во првиот круг беше избран како седми пик.
Синот на Дел Кари остави подлабока трага во НБА од неговиот татко и важи за еден од највлијателните кошаркари на сите времиња, а со Вориорс освои четири титули, има две МВП титули и една МВП титула на финалето.
Голден Стејт за една сезона на Кари ќе му плати 63 милиони долари, под договор сп Вориорс ќе биде до 2027 година.
На овој начин Стеф Кари им се придружи на Леброн Џејмс и Кевин Дурент, овие тројца од играње кошарка досега заработиле над 500 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Федерацијата им ја исплати премијата на ракометарите од три милиони денари

Фото/ facebook.com/rfmofficial
По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата во износ од 3.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство.
Ракометарите на Мундијалот натпреварите ги одиграа во Вараждин, Хрватска. Успеаја да минат во главната фаза, првенството го завршија со по две победи, нерешени и порази. Во конечниот пласман беа на 15.место.
Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи учество на девети последователен ракометен Мундијал.
Спорт
Тибот Плајс потпиша за Панатинаикос

Германскиот кошаркар Тибор Плајс потпиша за актуелниот европски првак Панатинаикос.
Плајс (35) потпишал договор со грчкиот клуб до крајот на сезоната, стои во објавата на Панатинаикос на социјалната мрежа „Х“.
Германскиот центар во досегашниот дел од сезоната настапуваше за италијанскиот тим Трапани, додека претходно мина осум последователни сезони во Евролигата, настапувајќи за Галатасарај, Валенсија и Ефес. Со Ефес двапати ја освои титулата во тоа натпреварување.
Во Евролигата играше и за Бамберг, Басконија и Барселона, од која се пресели во НБА лигата. Сезоната 2015/16 ја мина во Јута Џез.
Панатинаикос неодамна го напушти грчкиот центар Костас Адетокумбо, кој се пресели во Мурсија, а од претходно се повредени Омер Јурцевен и Матијас Лесор.
Панатинаикос во Евролигата, го зазема третото место во поредокот со 16 победи и 10 пораи.
Спорт
(Видео) Најдобрата кошаркарка на сите времиња замина во пензија

Легендарната американска кошаркарка, 42-годишната Дијана Таураси, шесткратна олимписка шампионка и кошаркарка со најмногу постигнати поени во историјата на ВНБА, официјално објави крај на кариерата.
Таураси целата кариера која траеше 20 години во ВНБА ја мина во Феникс Меркјури. Со оваа франшиза освои три шампионски титули (2007, 2009, 2014 година) и двапати беше МВП на финалето.
Таураси, исто така, пет пати беше најдобра стрелец во лигата. Таа постигна вкупно 10.646 поени, речиси 3.000 повеќе од втората на вечната листа Тина Чарлс. Таураси освои шест последователни олимписки златни медали со репрезентацијата на САД, последниот пред шест месеци во Париз, иако за време турнирот имаше минимална минутажа.
Дијана Таураси се смета за најдобра кошаркарка на сите времиња. Никој нема повеќе олимписки медали од неа во светот на кошарката. Покрај успехот на Олимписките игри и во ВНБА, таа играше и за европските клубови Спартак Москва, Фенербахче и Галатасарај.
Има освоено шест Евролиги, седум руски првенства, а има и титула во турската лига. Таа се истакна и на Универзитетот во Конектикат, освои три шампионски титули и две награди за најдобар играч на сезоната.