Спорт
Карл повотрно влезе во историјата на Баерн – Баварците славеа во Менхенгладбах
На отворањето на саботната програма на Бундеслигата, беа одиграни пет натпревари од осмото коло.
Актуелниот првак Баерн остана перфектен од стартот на сезоната. Баварците славеа и на 13-от меч во низа, чудно е само што Хари Кејн не постигна гол.
Баерн од 19-та минута играше со фудбалер повеќе на теренот. ВАР интервенираше и го
исклучи десниот бек на домашниот тим, Јенс Карстроп.
Баерн само го зголеми притисокот од тој момент. Имаше шанси за тимот на Винсент Компани, но Борусија долго време со компактна игра пружаше отпор.
„Виктројата“ конечно даде резултат во 64-та минута, кога водечкиот гол за германскиот шампион го постигна играчот од средниот ред Јосуа Кимих. Пет минути подоцна, Баерн го постигна и вториот, преку Мијкл Олисе.
Во 73-та минута беше досуден пенал за Борусија, но Штегер ја погоди стативата и резултатот остана 2:0.
Тинејџерот на Баерн, Ленарт Карл, кој во средата постигна гол во Лигата на шампионите го постави конечниот резултат во 80-та минута.
Карл, откако стана најмалд стрелец во историјата на Баерн во ЛШ, сега стана и најмладиот стрелец на славниот клуб во историјата на Бундес лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Џокерот Шешко за триумф на Јунајтед кај Евертон
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Евертон со 1:0 во последниот натпревар од 27-то коло од Премиер лигата.
Екипата на Мајкл Карик ја продолжи борбата за место во Лигата на шампионите следната сезона. ЈУанјтед се искачија на третото место на табелата со 48 поени, три помалку од третопласираната Астон Вила и три повеќе од Челзи и Ливерпул, кои се на позициите пет и шест.
Натпреварот на „Хил Диконсон“ го реши џокерот на Мајкл Керик, Словенецот Бенјамин Шешко.
Централниот напаѓач, со гол го аврши брилијантниот контра напад на својот тим.
Евертон се обиде во финишот да освои бод, но гостите од Манчестер ги одбија сите напади.Евертон осната на деветтото место на табелата со 37 поени.
Спорт
УЕФА го суспендира Престијани
Џанлука Престијани е суспендиран за реваншот од плејофот на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Денес, УЕФА потврди во официјално соопштение дека фудбалерот на Бенфика е суспендиран поради истрагата што е започната против него.
Познато е дека Винисиус Жуниор го обвини Аргентинецот дека го навредувал на расна основа, УЕФА веднаш започна истрага, и иако таа не е завршена, има право да го суспендира, што го искористи.
УЕФА се повика на правилото од својот правилник дека може да суспендира играч против кого се води истрага, а Престијани нема да може да му помогне на својот тим, во реваншот во Мадрид.
Натпреварот Реал – Бенфика е закажан за среда во 21:00 часот.
Foto/ EPA
Спорт
Берокал: Привилегија е да бидам селектор на Македонија
Од денеска, и официјално, шпанскиот стручњак, Жозеп Мариа Берокал е селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
Новиот македонски селектор веќе почна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред претставниците на медиумите:
„Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток периодот за подготовки, но во овие само два тренинга со репрезентацијата, видов дека има голем простор за напредок.
Мислам дека треба да размислуваме на долги патеки, да го унапредуваме тимот и важно е за иднината, кои млади играчи ќе доаѓаат во националниот тим“.
Берокал ги објасни „конекциите“ преку кои дојде до стартот на оваа, сите се надеваат, долгорочна соработка:
„Што се однесува до македонската кошарка, поврзан сум со неа преку Владо Илиевски, му бев тренер пред 23 години. Некои од играчите во репрезентацијата ги познавам, му бев тренер на Војдан Стојановски во Украина, некои ги знам од Шпанија.
Среќен сум, знам дека на почетокот нема да биде лесно, ќе биде долг процес, но ќе се обидеме да направиме максимум од овие играчи.
Кое ќе биде нивото што ќе го достигнеме, не знам, но верувам во сите. На кошаркарите им реков дека треба да се натпреваруваат сами со себе, да бидат подобри, да имаат шампионски менталитет. Да не гледаме премногу далеку во иднината, да се фокусираме на она што ни претстои“ – рече Берокал на денешната промоција.
Извор и Фото/ mkd.basketball

