Спорт
Карлос Алкараз со успешен старт на Индијан Велс
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз успешно стартуваше на турнирот во Индијан Велс. Вториот светски тенисер беше подобар од Австралиецот Танасис Кокинакис со 2:0 во сетови (6:3, 6:3). Во третото коло Алкараз за противник ќе го има Холанѓанецот Талон Грикспор.
Пласман понатаму обезбеди и минатогодишниот победник Тејлор Фриц откако го победи Бен Шелтон со 2:1 во сетови (4:6, 6:4, 6:3)
Во женска конкуренција, Ига Швјонтек немаше никакви проблеми со домашната тенисерка Клер Лиу препуштајќи и само еден гем. Понатаму продолжуваат и Онс Жабер и Елена Рибакина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Фуминенсе го отпушти Марсело поради недисциплина
Флуминенсе го раскина договорот со ветеранот Марсело. Левиот бек кариерата ја започна во Флуминенсе, а по успешната кариера во Реал Мадрид на „Маракана“ се врати во 2023 година.
Во вториот мандат со Флуминенсе, Марсело улествуваше во освојувањето на шампионатот Кариока (државен шампионат во Рио де Жанеиро) и Копа Либертадорес во истата година, како и во Рекопа Судамерикана (Суперкуп на Јужна Америка) во 2024 година.
„Флуминенсе му се заблагодарува на Марсело и ќе продолжи како и секогаш да го поддржува неговиот успех во сите предизвици“, во сентиментален тон го завршува официјалното соопштение клубот.
Сепак, на заминувањето на петкратниот освојувач на Лигата на шампионите и шесткратниот шампион на Шпанија со Реал Мадрид му претходеше инцидент.
36-годишникот се скарал со тренерот Мано Менезес, во финишот на натпреварот (2:2) со Гремио во 32. коло од Серија А.
Тренерот на Флуминенсе сакаше да ги внесе на терен Марсело и Маркињос во 90. минута за да ја зачува предноста од 2:1. Сепак, 174 сантиметри високиот дефанзивец бурно реагираше на последните инструкции на Менезес, па тренерот се откажа од планот.
Реиналдо го постигна израмнувачкиот гол од пенал во деветтата минута од судиското надополнување.
Првиот професионален мандат на Марсело во Флуминенсе траеше од 2005 до 2007 година.
Потоа следеше преселба во Реал каде играше до 2022 година, по што беше претставен како големо засилување за Олимпијакос. Не играше добро во Пиреја, а потоа се врати во клубот од Рио.
Тој беше дел од репрезентацијата од 2006 до 2018 година. Единствениот трофеј со „Селесо“ беше Купот на Конфедерации на домашен терен во 2013 година.
Улесник е на две Олимпијаси, Марсело дома донесе сребро од Лондон 2012 година и бронза од Пекинг 2008 година.
Fluminense manager Mano Menezes was ready to sub on Marcelo last night and was in the middle of giving him instructions, when Marcelo told him not to touch him.
So the manager pushed him back on the bench and didn't sub him on anymore. 🤯😂pic.twitter.com/LKqx7yJnt1
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 2, 2024
Спорт
(Видео) Миовски избори пенал, Џирона во ефикасен меч го победи Леганес
Фудбалерите на Џирона во еден од најефикасните мечеви во Ла Лига од почетокот на сеозната го победија Леганес со 4:3. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го започна мечот, а непосредно пред да биде заменет во 61.минута избори пенал за Џирона.
Гутиерез и Мартинез погодија за Џирона во 21. и 31.минута, а два пати Леганес изедначи преку Тапија во 24. и Круз во 41.минута.
Во вториот дел пенал избори Миовски и во тј момент беше заменет, а легендата на Џирона, Стуани погоди за 3:2. Во 73.минута Серхи Гонзалес со постигна авто-гол четири минути подцна го постави конечниот резултат.
Спорт
Ферстапен остана без место на подиумот во спринтот пред ГН на Бразил
Холанѓанецот Макс Ферстапен доби казна од пет секунди на постигнатото време во спринт пред трката за Големата награда на Бразил во Сао Паоло.
Акуелниот светски првак возеше речиси паралелно со заедно со Оскар Пјастри (Австралија, Мекларен) непосредно пред да биде повлечено виртуелното безбедносно возило од патеката, односно во момент кога возачите се уште не добија дозвола повторно да се тркаат.
Третото место на подиумот, зад возачите на мекларен Ландо Норис и оскар Пјастри, му припадна на Шарл Леклер од Ферари.
Во генералниот пласман Ферстаоен сега има 44 поени повеќе од Норис, следуваат Леклер со 297 и Пјастри со 258 поени.
Трката за Големата награда на Бразил се вози во недела со почеток во 18 часот по македонско време.