Спорт
„Касемиро никогаш не бил голем играч, само имаше среќа“
Манчестер јунајтед синоќа и официјално го претстави Касемиро кој на „Олд Трафорд“ пристигна како големо засилување од Реал Мадрид.
На изненадување на многумина, Касемиро реши да го напушти „кралскиот клуб“ со кој во претходните девет години освои 18 трофеи и беше многу важен фактор во средниот ред на овој клуб.
Сепак, Бразилецот одлучи дека е време за нов предизвик и ја прифати поканата на Манчестер јунајтед каде пристигна за цели 80 милиони евра.
Овој 30-годишен фудбалер вчера на емотивен начин се прости од Реал, а синоќа беше во Манчестер каде ја проследи големата победа на Јунајтед во дербито против Ливерпул.
Пред тоа, Касемиро позираше со дресот на Манчестер јунајтед. Сепак, не сите во Англија се толку среќни поради доаѓањето на Касемиро во Јунајтед.
Имено, во центарот на вниманието беше легендарниот играч на Ливерпул, Грем Сунес, кој ги критикуваше челниците на „црвените ѓаволи“ што потрошиле толку пари за бразилскиот играч за врска.
Сонес тврди дека Касемиро е просечен играч од средниот ред и дека имал среќа да игра со фантастични играчи во Реал Мадрид.
„Тој играше со фантастични играчи. Тој не е одличен играч и никогаш не бил. Тој само ќе помогне средниот ред на Јунајтед да изгледа малку поцврст од вообичаено. Мислам дека не е добар на направи завршно додавање или нешто слично. Во Реал Мадрид имаше голема среќа што имаше таков тим околу себе“, рече Сонес. „Никогаш не се радував да го гледам Касемиро на теренот, со нетрпение чекав да го гледам Карим Бензема и другите играчи од средниот ред што ги има тој клуб. Никогаш не помислив дека навистина сум возбуден што ќе го гледам Касемиро како игра денес. Тој има 30 години и дадоа 80 милиони евра за него, тоа е премногу, но тоа е Манчестер јунајтед“.
???? “Casemiro’s played with great players but he’s never been a great player.”
???? “He’s 30-years-old and at £60m or £70m it is too much money.”
????♂️ “I don’t see him making United any better when they have the ball.”
Graeme Souness believes #MUFC signing Casemiro is a mistake! ???? pic.twitter.com/BZbDY9tGwa
— talkSPORT (@talkSPORT) August 22, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ред Бул има најголем спонзорски договор во Формула 1
Ред Бул, потпиша најголем договор за рекламно спонзорство оваа сезона. Уште во 2022 година, Ред Бул се договори со американскиот технолошки гигант Оракл да стане главен спонзор на тимот. Оваа сезона, тимот ќе инкасира 110 милиони долари.
Договорот за спонзорство на Ферари со ХП е исто така многу блиску до ова сума, изнесува нешто над 100 милиони долари по сезона.
Ова се единствените два спонзорски договори во Формула 1 оваа година, вредни повеќе од 100 милиони долари.
Светските шампиони, тимот на Мекларен, се исто така меѓу првите три тима, со договор за спонзорство со Мастеркард, кој им носи 90 милиони долари годишно. Сепак, Мекларен објасни дека финансиската компанија е „спонзор за преименување“, а не само „главен спонзор“.
Другите два големи договори се за Ауди – 75 милиони долари по сезона од Револут, додека Астон Мартин добива иста сума од саудискиот нафтен гигант Арамко.
Според непотврдени информации, Мерцедес добива 80 милиони долари по сезона од својот долгогодишен партнер Петронас.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четири нови фудбалски правила на Светското првенство
На Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во текот на летото, ќе се применат некои нови правила.
Според Би-Би-Си, на најголемата смотра на светскиот фудбал ќе се применат четири нови правила:
1. Заменетиот играч има 10 секунди да го напушти теренот. Доколку излегувањето трае подолго, фудбалерот што влегува ќе мора да почека најмалку една минута пред да влезе.
2. Доколку играчот добие медицинска помош на теренот, тој мора да го напушти теренот и да биде надвор од него една минута.
3. Доколку судијата процени дека тимот одолговлекува за време на аут или гол-аут, ќе почне да одбројува пет секунди. Доколку топката не се врати на време, во тој случај ќе му биде доделен аут или корнер на противничкиот тим.
4. ВАР ќе може да ја промени одлуката за втор жолт картон или корнер, доколку се утврди грешка.
Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алисон нема да го напушти Ливерпул
Алисон Бекер ќе го брани голот на Ливерпул и следната сезона.
Управата на клубот одлучи автоматски да ја активира клаузулата во договорот со која се продолжува престојот на бразилскиот голман за уште една година.
Ова беше направено на инсистирање на тренерот Арне Слот, кој е презадоволен од игрите на Алисон.
Јувентус беше заинтересиран за услугите на Алисон Бекер, кој дури и започна преговори со овој клуб, но сега е јасно челниците на „старата дама“ ќе мора да бараат друга опција.
Алисон стана член на Ливерпул во 2018 година, кога пристигна од Рома во трансфер вреден 72,5 милиони евра.
Foto/ depositphotos

