Спорт
Касилјас ќе мора да ја заврши кариерата

Икер Касилјас се наоѓа во добра здравствена состојба, откако вчера доживеа инфаркт на тренингот на Порто. Голманот синоќа од болницата во која е сместен им се заблагодари на сите оние што му упатиле зборови на поддршка преку социјалните мрежи.
Светскиот и двојниот европски шампион со Шпанија имал среќа што лекарскиот тим на Порто реагирал навремено и што веднаш бил хоспитализиран. Касилјас, кој неодамна го продолжи договорот со Порто до 2020 година, ќе мора да стави крај на богатата кариера.
„Икер нема да биде во можност да се занимава со професионален спорт откако доживеа инфаркт на моикардот. Нема да може да игра фудбал со вграден стент. Ќе може да води нормален живот, но за него кариерата е завршена“, рекол националната шпанска телевизија „ТВЕ“, кардиологот Хуан Антонио Корбалан, кој е поранешен кошаркар на Реал.
Икер Касилјас две децении е во фудбалот. Кариерата ја почна во 1999 година во Реал, а во Порто е од 2015 година.
Во кариерата ги освоил сите значајни клупски и репрезентативни трофеи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кристенсен повторно се повредил

Штотуку им се врати на тренинзите по долга пауза, Андреас Кристенсен ќе мора да замине на нова пауза.
Данскиот дефанзивец го одигра првото коло оваа сезона и оттогаш е надвор од терените поради повредата што ја заработи на тој меч. Кристенсен повторно се повреди.
Овој пат го повреди стапалото на тренинг и ќе биде надвор од терените следниот месец, потврди тренерот Ханси Флик.
Данскиот репрезентативец пристигна во каталонскиот клуб во 2021 година од Челзи како слободен играч. Исто така, се чини дека тој наскоро од Барселона ќе се пресели во друг клуб. Неговиот договор истекува на крајот на следната сезона.
Спорт
Угледот му бил нарушен – Мурињо поднел тужба против Галатасарај

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо го тужеше градскиот ривал Галатасарај.
Нема крај на „третото полувреме“ од неодамнешното реми меѓу Фенербахче и Галатасарај. Она што се случуваше веднаш по натпреварот, а и во деновите потоа го тресат турскиот фудбал.
Последните вести велат дека Жозе Мурињо, контроверзниот тренер на Фенербахче, на тужбата што ја доби Галатасарај одговорил со лична тужба против најголемиот ривал на неговиот клуб.
Целата приказна започна со изјавата на Португалецот во финишот на мечот дека , дека луѓето од спротивната клупа „скокаат како мајмуни“.
„Мурињо упорно инсистира на навредливи коментари кон турскиот народ по неговото пристигнување во нашата земја. Денес сето тоа ескалираше. Поради тоа ќе поднесеме тужба против Мурињо, а неговото однесување ќе го пријавиме во ФИФА и УЕФА“, објави Галата, по што Турската фудбалска федерација го суспендираше Мурињо на четири натпревари.
Со закана за суспензија од шест месеци, што е максимална казна доколку се утврди дека коментарот на Жозе навистина бил расистички.
Во меѓувреме, и Мурињо го впери прстот кон градскиот ривал.
Фенербахче објави дека неговиот тренер бара 1.907.000 турски лири или 50.247 за нарушување на неговите права, нарушување на угледот што предизвикало душевна болка.
Спорт
Конте: Заслуживме повеќе од еден бод

Антонио Конте не е задоволен со освоениот бод против Интер во дерби мечот во Серија А. По дербито Интер ја задржа предноста од еден бод во однос на Наполи.
Италијанскиот стручњак на овој натпревар гледаше можност Наполи да се врати на врвот на табелата, но наместо победа неговиот тим освои бод во финишот на натпреварот.
„Одигравме одличен натпревар, дефинитивно заслуживме повеќе од бод, но овој натпревар ни дава надеж. По седум месеци работа, можеме да се погледнеме и да кажеме дека можеме да му направиме проблеми на секој што ќе игра против нас“.
Интер и оваа година е главен кандидат за титулата, но Наполи во текот на сезоната покажа дека има потенцијал.
„Постои мало незадоволство од бодот бидејќи одигравме одличен натпревар против навистина силен противник. Интер е граден со години за да се бори за Скудетото, тие се тимот што треба да го победиме оваа година за титулата“.