Спорт
Каталонија се тресе, Меси си оди од Барса по 20 години?

Се уште не се смирија страстите во Барселона по дебаклот од Баерн Минхен од 8-2, а во Каталонија се појави нова, ударна вест – „Лео Меси ја напушта Барселона по 20 години“.
Светските медиуми пишуваат дека Аргентинецот од челниците на клубот побарал да си оди од „Ноу Камп“.
Информациите се дека катастрофата против Баерн „ја прелило чашата“. Меси, наводно разговарал со челниците на клубот и им наговестил дека не сака да остане во клубот. Моментните резултати и неизвесната судбина го натерало на тоа.
Се уште не е познато каде Аргентинецот би ја продолжил кариерата, се споменуваат Манчестер Сити и Интер, но сето тоа е во доменот на шпекулацијата.
Меси е „дете“ на Барселона. Во Каталонија дојде уште во 2001 година, како 14-годишник, а во 2004 година дебитираше за првиот тим.
До сега во дресот на Барса одигра 485 меча и постигна 444 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
За банер „УЕФА мафија“ казна 10.000 евра

Фудбалскиот клуб Кристал Палас е казнет со 10.000 евра за транспарентот што нивните навивачи го истакнаа против Фредрикштад во плејофот на Конференциската лига.
Навивачите на на клубот од „Селхрст Парк“, се лути на УЕФА, откако не им беше дозволено да играат во Лига Европа, што фер го заработија со своите настапи на теренот минатата сезона.
Причината е што тие имаат иста сопственичка структура со Олимпик Лион и двата клуба не можат да бидат во исто натпреварување иако има таков пример, клубовите на Ред Бул групата, Сити и Џирона, минатата сезона играа во Лигата на шампионите.
Поради ова, навивачите на Палас сè повеќе протестираат против УЕФА, па затоа го истакнаа транспарентот „УЕФА мафија“ со симболот на еврото против Фредрикштад, а тоа го чинеше клубот 10.000 евра.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Кевин Дурант ја заборавил лозинката, а има богатство во биткоини

Американскиот Си-Ен-Би-Си, објави интересна информација, а се однесува на Кевин Дурент, еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката.
Рич Клајман, менаџерот на познатиот кошаркар, потврди за медиумите дека Дурент има на располагање многу пари во криптовалути. Сепак, постои еден огромен проблем.
Кеј-Ди некаде ја изгубил лозинката.
„Работиме на пронаоѓање на лозинката на Кевин за неговиот профил на „Коинбејс“. Тој никогаш не ги продал криптовалутите што ги има, па затоа нивната вредност сега е огромна. Биткоинот продолжува да расте, па тоа е позитивно“, изјави Клајман за Си-Ен-Би-Си.
Дурент почнал да купува Биткоин уште во 2016 година, кога се пресели во Голден Стејт Вориорс и настапи за американскиот тим на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Во тој период, тој имал бројни разговори со своите соиграчи на оваа тема.
Платформата „КоинГреко“, вели дека во 2016 година, еден Биткоин вредел помеѓу 360 и 1.000 долари, а сега неговата вредност е околу 116.000 долари, што преставува зголемување од 11.000% во рок од девет години.
Не е наведено точно колку пари има во Биткоин, Дурент, но може да се каже дека крилниот кошаркар нема финансиски проблеми. За време на неговата НБА кариера, која трае од 2007 година, тој заработил повеќе од 450 милиони долари само од НБА договори.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Катастрофа за Дубаи – големото засилување веќе ја заврши сезоната

Кошаркарот на Дубаи, Мамаду Жаите, заработи повреда на Ахиловата тетива во подготвителниот натпревар, објави „Баскетњуз“.
Како што е наведено, се очекува Жаите да отсуствува поголемиот дел од сезоната поради повредата, а попрецизна временска рамка ќе биде позната по операцијата операција.
Жаите потпиша двегодишен договор со Дубаи во јули, а претходните две сезони играше за Монако.
Минатата сезона во Евролигата имаше просек од 7,5 поени и четири скока по натпревар.
Тимот од Обединетите Арапски Емирати ќе го пречека Партизан во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ ФИБА