Спорт
Кавани ја избра Бока Јуниорс
Единсон Кавани ќе биде ново засилување на Бока Јуниорс. Овој фудбалер беше поврзуван со бројни клубови, последни во низата беа Виљареал и Борусија Дортмунд, но Уругваецот сакаше да се врати во Јужна Америка.
Кавани на крајот го доби тоа што го сакаше, Бока Јуниорс, гигантот од „Бомбоњера“.
И „милионерите“ од Дортмунд во последен момент се обидоа да го добијат овој напаѓач, но Кавани веќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.
Уругваецот има 35 години, во текот на кариерата настапуваше за Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ и за Манчестер Јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кузмановски: Имаме доволно време да се подготвиме за СП
Извор/ facebook.com/rfmofficial
Најдобрите македонски ракометари продолжуваат со подготвките за настап на Светското првенство.
Селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници, во Стара Пазова ја одработуваат првата фаза. Филип Кузмановски ја пренесе атмосферата во националниот тим.
„Расположението и мотивацијата се на највисоко ниво. Пред нас е уште едно големо првенство. Сите знаеме колку беше тешко да дојдеме до него и колку сите напорно работиме за да бидиме дел од овој колектив.
Од прв ден почнавме со анализа на нашите противници. Ќе се соочиме со квалитетни репрезентации, мораме да бидеме добро подготвени, и физички и тактички. Ќе имаме доволно време да се спремиме до стартот на првенството.
Во следниот период ќе одиграме и контролни натпревари на кои ќе можеме да го пробаме сето она што го подготвуваме за нашата група“.
Македонија на Светското првенство, своите натпревари во Д-групата ќе ги игра во Вараждин, Хрватска.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 15.јануари од 20.30 часот против Унгарија, два дена подоцна од 18 часот Македонија ќе игра против Холандија, а на 19.јануари последен противник во групата на избраниците на Лазаров ќе им биде Гвинеја.
Спорт
Хелмут Марко за Ф1-сезоната: Пресуди факторот Макс
Макс Ферстапен неодамна ја освои својата четврта последователна шампионска титула во Формула 1.
Хелмут Марко, еден од советниците во Ред Бул, истакна дека пресудни биле неверојатните возачки квалитети на Холанѓанецот.
„Ако ги погледнете последните шест месеци, јасно е дека и Мекларен и Ферари беа побрзи од нас. Сепак, Ферстапен успеа да ја неутрализира разликата со одлично возење. Го имавме тој Макс фактор“, вели Марко.
Како клучен момент ја издвојува победата на Ферстапен на дождот во Бразил, кога триумфот го оствари од 16. место.
„Тоа беше неверојатно возење, доказ дека Макс е пред сите. Помогна тоа што и покрај проблемите со болидот, немавме многу технички грешки во текот на трката“, заклучи Марко.
Спорт
Фјури: Во секоја рунда ме ограбија
Британскиот боксер Тајсон Фјури уште еднаш повтори дека неправедно ја загубил борбата за светската титула против Олександр Усик.
Украинецот борбата во Ријад, по 12 рунди ја доби со едногласна одлука на судиите. Тројцата судии борбата ја бодуваа со 116:112. Фјури тврди дека судиите му ја украле победата.
„Во секоја е.ена рунда ме ограбија. Да го е.ам сите! Мислев дека победив со најмалку три рунди. Целата борба бев на предната нога. Ќе ви кажам што ќе се случи, можете да дбиете во овие држави“, рече Фјури, пренесува „Дејли Мејл“.
Што вели статистиката од борбата. Усик упатил 423 удари, 42 отсто од ударите го погодиле противникот. Фјури имаше уште 86 удари повеќе (509), но со далеку помала стапка на успех, само 28 отсто го погодиле противникот.
Инаку, ова беше втора победа за Усик оваа година над Фјури, по што ги задржа појасите во три различни категории (ВБЦ, ВБА и ВБО).