Спорт
Кејн е достапен за 110 милиони евра
Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви одредил отштета од 110 милиони евра за капитенот на тимот, Хари Кејн. Напаѓачот има договор со Тотенхем до 30 јуни 2024 година.
За него минатата година беше заинтересиран и Манчестер Сити, а наводно во летниот преоден рок за неговиот потпис ќе се борат Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.
„Леви нема да разгледува понуди помали од 110 милиони евра за Кејн. Нема да има преговори, може да се плати оштетата или не“, изјави за медиумите извор од клубот.
Кејн пристигна во Тотенхем на 14. годишена возраст, во 2004 година од Ватфорд. За лондонскиот клуб одигра 422 натпревари и постигна 268 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Пулишиќ промаши пенал – Нула во дербито Јувентус-Милан

Фудбалерите на Јувентус и Милан одиграа без голови во натпреварот од 6-то коло на Серија А.
Ова беше 245-та средба меѓу двата тима, која на крајот заврши со најнепопуларниот резултат. Милан петти меч по ред не успеа да постигне гол против Јувентус, последен пат росонерите, постигнаа гол против екипата од Торино во мај 2023 година.
Кристијан Пулишиќ не ја искористи најдобрата шанса на натпреварот, промаши пенал во 53-та минута.
Неколку минути пред пеналот на Пулишиќ, нјдобрата шанса за Јуве не ја искористи Гати, неговиот удар од пет метри брилијантно го одбрани Мењон.
Милан беше многу поблиску до победата, имаше повеќе шанси, беше поконкретен од ривалот кој, освен гореспоменатиот обид на Гати, не направи речиси ништо конкретно во нападот.
Спорт
(Видео) Пресврт на „Марадона“ – Наполи ја победи Џенова

Фудбалерите на Наполи ја победија Џенова со 2:1 во натпреварот од 6-то коло на Серија А.
Наполи успеа да ја оствари својата петта победа оваа сезона во Серија А, откако по пресврт ги победи гостите од Џенова.
Џенова поведе во 33-та минута преку Екатор. Напаѓачот на Џенова постигна спектакуларен гол со петица.
Во второто полувреме, Наполитанците ја обезбедија победата. Изедначи Самбо Ангиса во 57-та минута за израмнување и надеж дека Наполи може да ја продолжи трката со Рома.
Голот за победа го постигна Расмус Хојлунд во 75-та минута. Данецот игра како прероден во Наполи, каде дојде на позајмица од Манчестер Јунајтед. Во средата, со два гола му ја обезбеди победата на наполи над Спортинг во Лигата на шампионите.
Наполи со оваа победа се изедначи со Рома на челната позиција, двата тима имаат по 15 поени.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Лесно му е на Сити кога го има Халанд

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Брентфорд со 1:0 во последниот натпревар од седмото коло од Премиер лигата.
„Граѓаните“ беа големи фаворити пред натпреварот, добро го отворија натпреварот, делуваа сигурно во првиот дел, но во вториот не направија буквално ништо пред голот на противникот. Сепа за тимот на Гвардиола најважна е победата.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во деветтата минута, кога голманот на Брентфорд го совлада Ерлинг Халанд.
Сити го забележа четвртиот триумф во сезоната, сега се наоѓа на петтото место на табелата со 13 бода, три помалку од лидерот Арсенал.