Спорт
Келн ги остави Гројтер Фирт „заковани“ на дното на Бундеслигата
Гројтер Фирт беше најблиску до својата прва победа по враќањето во Бундеслигата, откако поведе на гостувањето кај Келн, но на крајот „јарците“ направија пресврт и со 3:1 победа ги оставија гостите на последното место на табелата.
Марко Маерхофер уште во седмата минута погоди за Фирт, со што гостите за првпат поведоа во седум меча од Бундеслигата, но „јарците“ подготвија камбек за само пет минути во второто полувреме на „Рајненерги“ стадионот.
Себастијан Андерсон погоди во 50. минута за израмнување, за пет минути подоцна, Тунижанецот Елјис Скири да погоди за 2:1, а истиот фудбалер стави точка на натпреварот во 89. минута од мечот.
Ова е трета победа за Келн оваа сезона и тие се наоѓаат на седмото место на табелата, додека Фирт има само еден поен во првите седум кола и е првиот кандидат за враќање во „Цвајте“.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-42-37166”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Франција обезбеди место на СП, Албанија ќе игра во плеј-офот
Франција го обезбеди првото место во Д групата и директен пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Вечерва, Албанија со минималната победа во Андора го обезбеди второто место во К групата, од која претходно Англија се пласира на Мундијалот. Англичаните славеа над србија со 2:0. Италија, во финишот на мечот во Кишињев, славеше победа над Молдавија 2:0.
Франција го скрши отпорот на Украинците дури во второто полувреме, а Килијан Мбапе го отвори натпреварот со гол од пенал во 55-та минута.
Мајкл Олисе го дуплираше водството во 76-та, пред Мбапе да го постигне вториот гол во 83-та минута.
Уго Екитике стави точка на натпреварот во 88-та минута, со својот прв гол во дресот на националниот тим.
Ова ќе биде 17-то учество во планетариумот за Франција, која беше светски шампион во 1998 и 2018 година.
Последното коло ни носи средби меѓу Азербејџан и Франција, односно Украина и Исланд.
Албанија во Андора мораше да победи и го направи тоа со голот на Аслани во 67-та минута.
Албанците се втори во групата, се пласираа во баражот, а во последното коло ќе ја пречекаат Англија.
Англичаните ја забележаа и седмата победа. На „Вембли“, со головите на Сака и Езе славеше 2:0.
Италијанската репрезентација се мачеше против Молдавија во Кишињев победи со 2:0, но ќе мора да игра трет пат по ред во плејофот.
Италијанците имаат 18 бода во Група И, три помалку од Норвешка, која ја ќе ја пречекаат во во Милано во недела. Но, Норвежаните имаат гол-разлика од 33:4, Италијанците се на 20:8, и јасно е дека не можат да постигнат победа со толкава разлика за да ги прескокнат „Викинзите“.
Манчини постигна гол за 0:1 во 88-та минута, а конечниот резултат го постави Еспозито во 93-та минута.
Спорт
(Видео) Роналдо исклучен во Даблин – Република Ирска ја победи Португалија
Фудбалерите на Република Ирска направија вистинско изненадување со победата над Португалија со 2:0, во Ф групата, во квалификациите за Светското првенство..
Паро постигна два гола во првото полувреме и пресуди на репрезентацијата на Роберто Мартинез. Португалците до крајот не успеаја да се опорават од тој шок, иако доминираа на теренот.
Кристијано Роналдо ја покажа својата „темна страна“. Во немоќ, без топка удри противнички играч, поради што доби црвен картон. Додека го напушташе теренот наседна на провокациите, па се расправаше со ирските навивачи.
Just before the ref decided to send him off, Ronaldo told the player he elbowed to stop crying. After VAR intervened and the red came out, the Irish fans hit him with the exact same gesture 😂😭 pic.twitter.com/NrNhcNlKNh
— Footy Humour (@FootyHumour) November 13, 2025
Португалците имаа можност да го потврдат своето место на Светското првенство, но ќе мора да бараат виза во последното коло против последнопласираната Ерменија. Ирците, в недела, во Будимпешта, во директен дуел со Унгарија ќе решат која селекција ќе игра во баражот.
Спорт
Норвешка 99 отсто е на Светското првенство
Фудбалерите на Норвешка 99 отсто се на Мундијалот во 2026 година. Во седмото коло, во И групата, ја забележаа седмата победа. Норвежаните ја победија Естонија со 4:1.
Само чудо може да ја спречи Норвешка да игра на првото СП по речиси три децении. Последен пат на планетарната смотра Норвежаните беа во 1998 година во Франција.
Норвешка во последното коло ќе гостува во Италија, има гол разлика +29 и само две луди победи на Италија во последните две кола можат да ги елиминираат од Мундијалот.
Во Осло, одбраната на Естонија се држеше до 50-та минута. Потоа во 12 минути, до 62-та, Два гола постигна Серлот, два Халанд и мечот беше решен.

