Спорт
Кенин, Бенчиќ и Свитолина паднаа на прва пречка во Дубаи
Шампионката од Австралија опен, Софија Кенин, актуелната шампионка Белинда Бенчич и третата носителка Елина Свитолина имаа експресно заминување од Дубаи тенискиот шампионат.
Петтата носителка Кенин имаше сет предност, но загуби со 6:7(2)/6:3/6:3 по два часа игра од Казахстанката Елена Рибакина, која во неделата загуби во финалето на Сант Петерсбург опен и пристигна во Дубаи вчера. 20-годишната Рибакина нема загубено меч во три сета оваа сезона во седум дуели.
Русинката Анастасија Пављученкова пак, се врати од сет негатива за 1:6/6:1/6:1 победа над Бенчич, која мечот го започна со 19 освоени поени во низа, пред Пављученкова да се врати во игра.
Свитолина беше уште една тенисерка која се мачеше на сервис во Дубаи, освојувајќи само 49 отсто од поените на прв сервис за по само 60 минути да загуби со 6:2/6:1 од американската квалификантка Џенифер Брејди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Синер го „скокна“ Алкараз – Италијанецот повторно е број 1
Јаник Синер, вчера го освои првиот Мастерс трофеј оваа сезона, во финалето во Париз го победи Феликс Оже-Алијасим (6:4, 7:6). Италијанецот по триумфот на Мастерсот во Париз, по два месеци се врати на челната позиција на АТП листата.
Јаник Синер на првото место има 11.500 поени, односно 250 повеќе од Карлос Алкараз, кој неочекувано во Париз испадна во втората рунда. Кој ќе биде прв на крајот од годината ќе биде решено на завршниот Мастерс во Торино.
Александар Зверев е на третата позиција со 5.560 поени, додека Американецот Тејлор Фриц е четврти со 4.735.
Новак Ѓоковиќ ја задржа петтата позиција, по него следува Американецот Бен Шелтон, кој се искачи за една позиција.
Австралиецот Алекс де Минор падна на седмото место, додека Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим го подобри својот ранг за две позиции и сега е осмиот тенисер во светот.
Италијанецот Лоренцо Музети и Норвежанецот Каспер Руд назадуваа за по една позиција. Музети моментално е деветти во светот, додека Руд е на 10-то место.
Спорт
Рома загуби од Милан и остана без Дибала
Паоло Дибала е трагичарот на дербито меѓу Милан и Рома. Аргентинецот промаши пенал во 82-та минута, при водство на противникот 1:0. Рома го загуби дербито и остана без Дибала, кој се повреди.
„Најлошото нешто во врска со пеналот е што Дибала се повреди. Мора да видиме колку долго ќе биде надвор од теренот, сигурно до крајот на репрезентативната пауза. Тоа е најголемата загуба за нас вечерва, откри тренерот на Рома, Џанпјер Гасперини.
Пауло Дибала, прв пат промаши пенал како играч на Рома, со што заврши неговата успешна серија од 18 успешно изведени пенали.
Ла Хоја не реализира пенал од 30 ноември 2021 година, кога беше непрецизен за Јувентус во дуелот со Салернитана.
По дербито на „Сан Сиро“ и победата на Милан, на врвот во Серија А е вистински метеж. Лидер е Наполи со 22 бода, а зад него се три екипи со бод помалку: Интер, Милан и Рома.
Foto/ EPA
Спорт
Само Оклахома нема пораз од почетокот на сезоната во НБА-лигата
Шампионот на НБА, Оклахома Тандер, остана единствениот непоразен тим во новата сезона.
Тандер до седмата победа во исто толку натпревари дојдоа против слабиот Њу Орлеанс со 137:106. Њу Орлеанс заедно со Бруклин Нетс, останаа единствената франшиза без триумф во сезоната досега.
МВП-то од минатата сезона, Шеј Гилџис Александар, постигна 30 поени, со совршени 13/13 од линијата за слободни фрлања. Шеј влезе во аналите како трет кошаркар со најдолга серија од „20+“ поени. Тој го стигна Оскар Робертсон со 79 врзани натпревари, со споменатиот број поени, додека само Вилт Чемберлен (92 и 126) има подолга серија од Канаѓанецот.
Во триумфот, помош доби од Вигинс (15), Хартенштајн (14), Џо (14) и Волас 13 поени. Зајон Вилијамсон постигна 20 поени како најефикасен играч во тимот што загуби, но промаши половина од своите 12 слободни фрлања.
Сан Антонио и Чикаго ги претрпеа своите први порази во сезоната.
Феникс Санс ги декласираа Спарс во Аризона со 130:118, а Виктор Вембањама постигна само 9 поени (4/14 шут, 1/5 за три), заедно со девет скока и четири блокади, но и шест загубени топки.
Само Стефон Касл со 26 поени беше на исто ниво во Сан Антонио. Девон Букер го предводеше Феникс со 28 поени и 13 асистенции. Санс постигнаа 19 тројки од 33 обиди.
По пет последователни победи, Чикаго Булс го положија оружјето во Њујорк. Никс славеа со 128:116.
Шестмина кај Њујорк имаа двоцифрен број на постигнати поени. Ги предводеше најефикасниот Џејлен Бренсон со 32 поени, Ануноби додаде 21, Таунс 20. Џош Гиди беше најефикасен кај Булс со 23 поени, Никола Вучевиќ забележа дабл-дабл од 17 поени и 14 скока (3/4 за три). Никсите постигнаа 20 тројки од 42 обиди, а Булс 17 од 40.

