Спорт
Кепа: Го почитувам авторитетот на тренерот

Голманот на Челси, Кепа Аризабалага, ги потврди зборовите на својот тренер Маврицио Сари дека измената во финишот на второто продолжение против Манчестер сити била едно големо недоразбирање.
Кепа во финишот на мечот одби да го напушти теренот и да му го отстапи местото на Вили Кабаљеро.
Сари во тие моменти го покажа својот бес, дури и се упати кон соблекувалната, а потоа влезе во расправија со своите помошници. По финалниот меч во ФА-купот, кој Челси го загуби на пенали од Манчестер сити, Сари рекол дека погрешно ја разбрал реакцијата на својот голман.
Сари призна: Кепа беше во право, но не смее да се однесува така (видео)
Кепа е тема во англиските медиуми, јавноста бара да биде казнет поради што тој се огласи со соопштение.
„Вознемирен сум и тажен бидејќи не го освоивме трофејот. Се боревме до крајот со еден извонреден тим. Ќе продолжиме да работиме за да бидеме посилни“, напиша Кепа и продолжил.
„Исто така, сакам да ја појаснам ситуацијата што се случи во финишот. Немав намера да ја одбијам одлуката на тренерот. Станува збор за недоразбирање. Тренерот мислеше дека не сум во состојба да го продолжам натпреварот, а јас имав намера да му објаснам дека сум во состојба да му помогнам на тимот. Недоразбирањето траеше до моментот кога лекарскиот тим стигна до клупата и му објасни дека не сум повреден. Го почитувам тренерот и неговиот авторитет“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алкарас го престигна Федерер, следна мета му е Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите.
Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата.
Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите.
Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, минимум 10 одиграни натпревари). Швајцарецот ја заврши кариерата со 77,9 проценти.
Пред Алакрас се уште рекордерот Рафаел Надал, кој има 82%, и Новак Ѓоковиќ, кој е веднаш зад него со 81,5%.
Алкараз во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ќе игра против Саша Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Бецеки на пол-позицијата во Австрија

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, ја освои пол-позицијата на Големата награда на Австрија.
Ова е првата пол-позиција на Италијанецот од 2023 година иа Големата награда на Индија, а пол-позицијата ја освои со најбрзиот круг 1:28.060.
Бецеки на тој начин ја донесе пол-позицијата на Априлија по малку повеќе од година и пол.
Имаше и други изненадувања, Алекс Маркез го освои второто место, а Франческо Бањаја трето.
Меѓу првите 10 беа и Марк Маркез, Енеа Бастијанини, Фермин Алдегер, Педро Акоста, Раул Фернандез и Жоан Мир.
Спринт трката се вози од 15 часот, а главната трка е закажана за недела со почеток во 14 часот.
Marco Bezzecchi takes his first pole since 2023 ahead of @alexmarquez73 and @PeccoBagnaia 🙌#AustrianGP 🇦🇹 pic.twitter.com/XTyYZFyWI5
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) August 16, 2025