Спорт
Кеш и Дарвин Нуњез за Хулијан Алварез

Англискиот шампион Ливерпул се распрашува за најдобриот играч на Атлетико Мадрид оваа сезона, Хулијан Алварез. Аргентинецот минатото лето пристигна на „Метрополитано“ за сума од 75 милиони евра, плус 20 милиони што Манчестер сити може да ги добие преку потенцијалните бонуси.
Алварез досега одигра 51 натпревар за „јорганџиите“, постигна 27 голови и забележа пет асистенции.
Наводно, Ливерпул е подготвен да го испрати во Мадрид, Дарвин Нуњез и да доплати за да го обезбеди потписот на Алварез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гарначо е пред трансфер во Челзи

Алехандро Гарначо до крајот на преодниот рок ќе го напушти Манчестер јунајтед. Аргентинецот, по завршувањето на сезоната доби известување од менаџерот Рубен Аморим дека во клубот за него повеќе нема место.
Гарначо постигнал договор со Челзи, ги прифатил условите што му биле понудени од „Стенфорд Бриџ“ и сега чека да се договорат клубовите.
Според англиските медиуми, Челзи за Гарначо ќе треба да ја плати приближно истата сума која ја заработи од трансферт на Нони Мадуеке.
Мадуеке се пресели во Арсенал за 56 милиони евра.
Гарнаџо имаше и други понуди и опции, но од првиот момент сакаше да остане во Премиер лигата. Инаку, Челзи наскоро би можел да го комплетира и трансферот на Чави Симонс.
Foto/ EPA/GARY OAKLEY
Спорт
Вест Хем се раздели со Антонио

Вест Хем одлучи да не го обнови договорот со Мајкл Антонио, кој преживеа тешка сообраќајна несреќа пред осум месеци.
Ова сценарио го најави тренерот Греам Потер, кој во Атланта изјави дека Антонио не е во неговите планови. Сепак, клубот сè уште преговара со 35-годишниот јамајкански репрезентативец за добивање на некоја друга улога во клубот.
За 10 години поминати во клубот, Антонио постигна 83 гола во 323 натпревари. Тој беше еден од најважните играчи во освојувањето на првиот трофеј по 43 години кога „чеканите“ славеа во 2023 година во Конференциската лига.
Иако преживеа тешка несреќа пред осум месеци, Антонио успеа да му се врати на фудбалот. Тој играше за Јамајка на Голд Купот на КОНКАКАФ ова лето и се чини дека засега нема намера да замине во пензија.
Спорт
Џејкоб Вајли во Литванија

Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли, кариерата ќе ја продолжи во Литванија. Вајли постигнал договор со вице првакот на Литванија, Лијетувас Ритас.
Американецот со литванскиот клуб договори едногодишна соработка.
Вајли има значително искуство играјќи во Европа, како и во НБА. Минатата сезона ја мина во шпанска Гранада и тимот Гигантес де Каролина од Порторико.
Jacob Wiley, a former NBA and Panathinaikos big man, is finalizing an agreement with Lithuanian runner-up Rytas Vilnius, per sources.
Wiley averaged 8.3 points, 3.7 rebounds, and 0.6 blocked shots last season with Granada, including a 17-point outing vs. Baskonia.
— Donatas Urbonas (@Urbodo) August 7, 2025
Крилниот центар во кариерата играше и за Панатинаикос, Гран Канарија и Будуќност.
Foto/ kfsm.mk