Спорт
КФСМ ги објави номинациите за најдобрите во кошарката во 2022
Македонската кошаркарска федерација ги номинираше најдобрите за 2022 година, a во изборот ќе учествуваат сите клубови во сениорските и во младинските лиги, членовите на Здружението на кошаркарските тренери, претставниците на Судиската комисија при КФСМ, медиумите, и фановите.
За најдобар кошаркар од домашното првенство номинирани се Војдан Стојановски и Бојан Крстевски од МЗТ Скопје, како и Александар Костоски од ТФТ. За најдобар тренер во сениорска конкуренција се најдоа Александар Петровиќ (МЗТ Скопје), Марјан Илиевски (Пелистер) и Боро Смилковски (ТФТ).
За најдобра екипа во сениорска машка конкуренција се актуелниот освојувач на титулата МЗТ Скопје, Куп освојувачот ТФТ и вицепрвакот Пелистер.
Ненад Димитријевиќ, Андреј Јакимовски и Андреј Магдевски се дел од изборот за најдобар кошаркар кој настапува во странство, додека Емил Рајковиќ, Мирко Петрески и Тане Спасов се во конкуренција за наградата за најдобар тренер во странство.
ПРЕДЛОГ–НОМИНАЦИИ ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРИ ВО КОШАРКАТА ВО 2022
НАЈДОБРА ЖЕНСКА МЛАДИНСКА ЕКИПА ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) Крива Паланка
(1-3-5) Патриот 2016 – Делчево
(1-3-5) Вардар – Скопје
НАЈДОБРА МАШКА МЛАДИНСКА ЕКИПА ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) Вардар – Скопје
(1-3-5) Работнички – Скопје
(1-3-5) Водно Санс – Скопје
НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО ЖЕНСКА МЛАДИНСКА ЕКИПА ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) Мирослав Ивановски – Крива Паланка
(1-3-5) Љупчо Петровски – Патриот 2016 – Делчево
(1-3-5) Славица Наков – Вардар – Скопје
НАЈДОБАР ТРЕНЕР ЗА 2022 ГОДИНА НА МАШКА МЛАДИНСКА ЕКИПА ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) Александар Јованчев – Вардар – Скопје
(1-3-5) Андреј Апостолски Лечиќ – Работнички – Скопје
(1-3-5) Горан Андреевски – Партизан Водно Санс – Скопје
НАЈДОБРА МЛАДА КОШАРКАРКА ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) Марија Николов – Баскет Кам 2011 – Македонска Каменица
(1-3-5) Михаела Алексовска – Крива Паланка
(1-3-5) Ања Начевска – Вардар – Скопје
НАЈДОБAР МЛАД КОШАРКАР ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) Никоја Јаничиќ – Водно Санс
(1-3-5) Петар Бошалески – Работнички – Скопје
(1-3-5) Андреј Шошкиќ – Работнички – Скопје
НАЈДОБАР СУДИЈА ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) Игор Митровски
(1-3-5) Александер Павлов
(1-3-5) Зоран Митровски
НАЈДОБРА ЖЕНСКА ЕКИПА ВО СЕНИОРСКИ ЛИГИ ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) Баскет Кам 2011 – Македонска Каменица
(1-3-5) Бадел 1862 – Скопје
(1-3-5) Вардар – Скопје
НАЈДОБРА МАШКА ЕКИПА ВО СЕНИОРСКИ ЛИГИ ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) МЗТ Скопје Аеродром – Скопје
(1-3-5) ТФТ – Скопје
(1-3-5) Пелистер – Битола
НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО ЖЕНСКА СЕНИОРСКА ЕКИПА ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) Перо Стамески – Бадел 1862 – Скопје
(1-3-5) Јордан Цветановски – Баскет Кам 2011 – Македонска Каменица
(1-3-5) Александар Ашаданов – Вардар – Скопје
НАЈДОБАР ТРЕНЕР ЗА 2022 ГОДИНА НА МАШКА СЕНИОРСКА ЕКИПА ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) Александар Петровиќ – МЗТ Скопје Аеродром – Скопје
(1-3-5) Боро Смилковски – ТФТ – Скопје
(1-3-5) Марјан Илиевски – Пелистер – Битола
НАЈДОБРА ЕКИПА ВО „3X3“ ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) 3х3 екипа – „Кино Влае“ – Скопје
(1-3-5) 3х3 екипа „Каса Бар“ – Скопје
(1-3-5) 3х3 екипа „Гез“ – Скопје
НАЈДОБАР ИГРАЧ ВО „3Х3“ ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) Марко Дујковиќ
(1-3-5) Христијан Ристов
(1-3-5) Ервин Цого
НАЈДОБРА КОШАРКАРКА ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) Александра Стојановска – Бадел 1862/ГАС Евникос – Грција
(1-3-5) Нена Трајчевска – Бадел 1862 – Скопје/Ц.Б Архил – Шпанија
(1-3-5) Елена Тасевска – Баскет Кам 2011 – Македонска Каменица
НАЈДОБАР КОШАРКАР ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром – Скопје
(1-3-5) Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром – Скопје
(1-3-5) Александар Костоски – ТФТ – Скопје
НАЈДОБАР МАКЕДОНСКИ ТРЕНЕР ВО СТРАНСТВО ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) Емил Рајковиќ – ЦСКА Москва – Русија
(1-3-5) Мирко Петрески – Бурсаспор – Турција
(1-3-5) Тане Спасев – Старт Лублин – Полска/Локомотив Кубан2 – Русија
НАЈДОБАР МАКЕДОНСКИ ИГРАЧ ВО СТРАНСТВО ЗА 2022 ГОДИНА
(1-3-5) Ненад Димитријевиќ – Валенсија/Уникс Казан – Русија
(1-3-5) Андреј Магдевски–Плоешти-Романија/Донар Гронинген-Холандија
(1-3-5) Андреј Јакимовски – Универзитет Вашингтон Стејт – САД
НАЈУСПЕШНА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА 2022 ГОДИНА
Машка селекција на Македонија „Под 16“ години
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фјури се враќа, ќе се бори против Махмудов
Тајсон Фјури (37) се враќа од пензија и ќе се бори против Арсланбек Махмудов на 11 април на стадионот на Тотенхем, во Лондон. Тоа ќе биде неговиот прв меч по речиси четири години пред домашна публика, а преносот ќе биде достапен низ целиот свет на платформата „Нетфликс“.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија се повлече од боксот по два последователни порази од Олександр Усик.
Фјури, кој во текот на својата кариера имаше многу збогувања и враќања, има рекорд од 34 победи, два порази и едно реми во професионалниот ринг, со 24 нокаути.
Официјалната прес-конференција за најава ќе се одржи во понеделник на стадионот Тотенхем, со учество на двајцата борци.
Противникот на Фјури, Махмудов, е познат како еден од најопасните борци во тешка категорија. Во кариерата, тој нокаутирал 19 од 21 противник, има два порази во 23 натпревари и влегува во овој меч по најголемата победа во кариерата. Тој ја постигна со едногласна одлука против Дејв Ален минатиот октомври во борба за титулата во тешка категорија на ВБА Интерконтиненталната категорија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Познат распоредот во Лигата на нации – Швајцарија во првото, Словенија во последното коло
Фудбалската репрезентација на Македонија, во новиот циклус во Лигата на нации, ќе се натпреварува во Б-дивизијата. Македонија е во Групата 1, заедно со Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Првата фаза, во новиот циклус во Лигата на нации ќе се игра од септември до ноември оваа година. Македонија дуелите во Групата 1 ќе ги отвори на домашен терен со Швајцарија, а ќе ги затвори исто така на домашен терен против Словенија.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 26 септември против Швајцарија, а три дена подоцна следува гостувањето во Словенија.
Во октомври Македонија ќе ја пречека Шкотска (3 октомври), а на 6.10 ќе гостува во Швајцарија.
На 13 ноември Македонија ќе гостува во Шкотска, а три дена подоцна ќе ја пречека Словенија.
Foto/ EPA
Спорт
Ханси Флик за дебаклот на Барселона на „Метрополитано“ ги обвини судиите
Барселона, синоќа доживеа дебкла во првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот. На „Метрополитано“, Атлетико Мадрид победи со 4:0. Инспирираниот домашен тим головите ги постигна во првото полувреме.
По поразот од Атлетико, тренерот на Барселона, Ханси Флик, виновникот за дебаклот го најде во судиите, а не во лошата игра во дефанзивата на неговиот тим.
Спортна е ситуацијата во 53-та минута, кога по седум минути во ВАР собата донесоа одлука да го поништат голот на Пау Кубарси.
„Навистина не знам што друго да кажам за судењето во Шпанија. Ова е срам, целосен хаос, судењето е катастрофа. Не знам ни колку пати ја прегледав ситуацијата кога Кубарси постигна гол и навистина не разбирам каде некој од судиите виде недозволена позиција“, рече Флик и продолжи:
„Прекинот траеше повеќе од седум минути. Очигледно е дека бараа причина да го поништат тој гол на секој можен начин и со сета сила. Исто така, речиси и немаше комуникација меѓу судиите. Никој ништо не разјасни.“
Како алиби за поразот Германецот ја посочи агресивната игра на фудбалерите на Атлетико, иако е јасно дека тој беше незадовоелн од играта на неговиот тим, бидејќи првата измена ја направи во 35 минута од натпреварот.
„Судијата им дозволи на играчите на Атлетико да играат грубо, буквално им дозволи да прават што сакаат. Не само што не им покажа картони, туку дури и не им даде усна опомена. Уште од првата акција во играта, тие се жалеа кон судиите. Разочаран сум, навистина не можам да верувам што се прави во шпанскиот фудбал“, додаде тој.
„Судијата мораше да покаже жолт картон за првиот прекршок врз Балде, а зборуваме за самиот почеток на натпреварот. Тоа драстично ќе влијаеше на она што се случуваше подоцна. Нормално беше Симеоне да дозволи да нè малтеретираат кога виде дека судиите ќе му простат сè“, рече Германецот.
Интересно, Флик не го коментираше црвениот картон на Ерик Гарсија, бидејќи одлуката на теренот беше жолт картон. Дури кога доби повик од ВАР собата, главниот судија ја прегледа снимката и го исклучи дефанзивецот на Барселона, кој како последен играч во одбраната го фаулираше Алекс Баена.
Foto/ depositphotos

