Спорт
Киеза побарал Ливерпул да го испрати на заем
Фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза, побарал да биде испратен на позајмица во некој италијански клуб.
Киеза минатото лето се пресели од Јувентус во Ливерпул за 12 милиони евра, но одигра само четири натпревари или 123 минути за клубот од „Енфилд“.
Тој сака поголема минутажа, а како што пренесуваат италијанските медиуми, за него се заинтересирани Милан, Рома и Наполи.
„Мирор“ објави дека управата на Ливерпул ќе му дозволи на 27-годишниот играч да замине на позајмица, но дека голем проблем е што ниту еден италијански клуб не е подготвен да плати ниту половина од неговата годишна плата од 7,5 милиони евра.
Затоа, Ливерпул ќе мора да преземе дел од платата на Киеза.
Киеза во кариерата играше за Фиорентина и Јувентус, за италијанската репрезентација одигра 51 натпревар и постигна седум гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Капитенот ќе го продолжи договорот со Милан
Милан ќе му го продолжи договорот на капитенот Тео Ернандез.
Францускиот репрезентативец ќе потпише договор до 2029 година. Ќе добие и покаќување на платата, со новиот договор годишно ќе заработува помеѓи шест и шет ипол милиони евра.
Левиот бек му се приклучи на Милан во 2019 година, има одиграно 235 натпревари, постигна 32 гола и забележа 42 асистенции.
Тој беше еден од стрелците во финалето на Суперкупот против Интер, постигна гол за 1-2 од слободен удар со што го најави спектакуларниотт пресврт.. Со Милан ја освои и шампионската титула во 2022 година.
Спорт
Ништо од Реал, Дејвис останува во Баерн
Баерн и Алфонсо Дејвис очигледно најдоа заеднички јазик. Дејвис речиси сигурно ќе потпише нов договор со Баерн, а потврда стигна и од Минхен, бидејќи неговиот менаџер во средата имал средба со првиот човек на најуспешниот клуб во Германија.
Дејвис претходно беше многу поблиску до Реал Мадрид, бидејќи бараше финансиски поголем договор од Баерн, па беше далеку од потпис. Сега ситуацијата е поинаква, преговорите продолжиле, Канаѓанецот ќе стане еден од најплатените играчи и затоа реши да остане.
Сепак, бидејќи Ферланд Менди исто така договори нов договор, јасно е дека Дејвис ќе се соочи со силна конкуренција во Реал Мадрид и нема да има стартна улога. Приоритет на „кралскиот клуб“ останува Трент Александер-Арнолд, кој исто за неколку месеци ќе биде слободен игра.
Спорт
Бентакур се огласи на „Инстаграм“: Во благодарам за пораките, добро сум
Тотенхем го совлада Ливерпул (1:0) во првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот, но натпреварот го обележа повредата на Родриго Бентанкур.
Во шестата минута од натпреварот, по корнер и удар со глава, Уругваецот едноставно падна на земја и остана неподвижен, што ги преплаши сите на стадионот.
За среќа, лекарите брзореагираа, по укажаната лекарска помош, Уругваецот итно бил пренесен во болница.
Ден по нтапреварот се огласи Бентанкур од болницата преку својот Инстаграм профил.
„Се е во ред! Ви благодарам за пораките! Честитки за победата на момците!”
Тотенхем победи со 1-0 на домашен терен против Ливерпул во првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот, а единствениот гол го постигна 18-годишниот Лукас Бергвал.
Ouch, this doesn't look good. Speedy recovery, Bentancur.#TOTLIV #CarabaoCup pic.twitter.com/LfDWsVPaNQ
— TribalGunner (@Aadan9374) January 8, 2025