Спорт
Кике Санчез Флорес ќе го гаси пожарот во Севилја

Фудбалскиот клуб Севилја наскоро ќе го промовира Кике Санчез Флорес за нов тренер на првиот тим.
Диего Алонсо не успеа да ги раздвижи андалузијците кои ја играат најлошата сезона во подолг период. Во Примера, Севилја се наоѓа на 16.место со 13 поени и скромни две победи, а во Лигата на шампионите, во конкуренција на Арсенал, ПСВ и Ленс освои само два бода и заврши на последното место..
Кике Санчез Флорес е познатото тренерско име кое работеше во дури 10 клубови, а во три наврати го водеше Хетафе.
Најдобрите резултати во својата тренерска кариера ги постигна со Валенсија на самиот почеток кога во сезоната 2005/06 се пласираше со оваа екипа во Лигата на шампионите и стигна до четвртфиналето. Најголемиот успех пак му е трофејот во Лига Европа со Атлетико Мадрид во 2010 година.
Оттогаш во ниту еден клуб не постигнал забележителен резултат, па прашање е дали во овој момент тој е вистинското име за Севилја.
Кике Санчез Флорес ќе биде третиот тренер на Севилја од почетокот на сезоната, која ја започна Хосе Луис Мендилибар, а него го наследи Диего Алонсо кој по два месеци доби отказ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Дуплантис повторно го сруши светскиот рекорд

Арманд „Мондо“ Дуплантис повторно постави светскиот рекорд во скок со стап на планетарното првенство во Токио. Најголемата ѕвезда на светската атлетика прелета 6,30 метри во својот трет обид и за еден сантиметар го надмина својот личен и планетарен рекорд поставен во Будимпешта пред нешто повеќе од еден месец. Ова е 14-ти пат во неговата кариера да го подобри најдобриот резултат на планетата.
„Мондо“, исто така, собра дополнителни 100.000 долари, кои се доделуваат на натпреварувачот кој ќе го постави светски рекорд.
Пред светскиот рекорд, неверојатниот Швеѓанец ги прелета сите височини од прва. Го обезбеди златото со 6,15, а потоа следеше она на што сите се надеваа на преполниот Олимписки стадион во јапонската престолнина. Ова е негова четврта последователна титула светски шампион.
ARMAND DUPLANTIS : PREMIER HOMME DE L’HISTOIRE À PASSER LA BARRE DES 6M30. 😳#Tokyo2025 #WCHTokyo25 pic.twitter.com/A6RogMtyeZ
— Le Stade (@le_stade) September 15, 2025
Во сенка на чудесниот „Мондо“, до среброто стигна Гркот Емануел Каралис, кој скокна точно 6 метри, додека на најниската скала на подиумот се искачи Австралиецот Куртис Маршал со 5,95 метри.
Foto/ EPA
Спорт
Сензација на 3.000 метри „стипл-чез“, Бимиш во солзи го остави фаворитот Ел Бакали

Георди Биниш од Нов Зеланд забележа сензационална победа на 3.000 метри „стипл-чез“ на Светското првенство во Токио.
Биниш во спектакуларен финиш, во последните пет метри успеа да го победи Софијан Ел Бакали, инаку двократнен олимписки и трикратен светски шампион.
Делуваше дека Ел Бакали ќе забележи лесна победа. Како и многу пати во кариерата, тој беше на задните редови, па полека забрза. На 150 метри пред целта, се проби на првото место и се чинеше дека ќе ја одбрани титулата.
Бимиш не мислеше така, кој неверојатно забрза и почна да се приближува до Мароканецот. На крајот, го помина и славеше со време од 8:33.88.
Бакали беше во апсолутен шок по трката. Легна на патеката и плачеше. Никој не можеше да го утеши за златото што му избега за пет стотинки.
Кениецот Едмунд Серем успеа да ја освои бронзата во втор план со 8:34.56.
Немаше изненадувања во финалето на фрлање кладиво за жени. Олимписката и светска шампионка Камрин Роџерс рутински ја одбрани својата круна.
Го фрли кладивото најдалеку оваа сезона 80,51, а нејзините втори и трети најдобри резултати беа повредни од постигнувањето на второпласираната Кинеска Жао (77,60) метри. Третата беше уште една репрезентатвка на Кина Жанг со 77,10.
Foto/ EPA
Спорт
Бекер: Новак, зошто играш? Не можеш да ја освоиш 25-та Гренд Слем титула

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, се сомнева дека Србинот некогаш ќе стигне до 25-та Гренд слем титула.
Бекер гостуваше во подкастот, кој го води со Андреа Петковиќ, меѓудругото рече дека 2026 година вероајтно ќе биде последна во кариерата на Ѓоковиќ.
„Тој игра против Синнер или Алкараз и не знае колку долго ќе трае неговата кариера на Гренд слем турнирите. Ова е прв пат отворено да зборуваме за 2026 година како негова последна кога станува збор за четирите најголеми турнири“, рече Бекер, додавајќи:
„Тој спомена дека сè уште може да се натпреварува со најдобрите, тоа е вистина, но зошто сè уште игра тенис? Да ги освои Рим и Монте Карло или 25-та титула на Гренд слем? Мислам дека е второто. Верувам дека не може да го постигне тоа, со оглед на возраста и силата на помладите играчи.“
Во 2025 година, Ѓоковиќ играше во полуфиналето на сите четири Гренд слем турнири, но не успеа да се бори против водечкиот дуо на светскиот тенис.
Тој ја освои 100-та титула во кариерата (турнирот во Женева) и со тоа стана првиот играч кој кренал барем еден трофеј 20 години по ред.