Спорт
Кина ќе попушти со цензурата за олимписките спортисти

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) за руската новинска агенција ТАСС потврди дека кинеската влада ќе дозволи нецензуриран интернет за спортските ѕвезди што ќе учествуваат на Зимската олимпијада во Пекинг во февруари.
Кина во моментот не дозволува пристап до социјалните мрежи „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Твитер“, Вацап“ и „Телеграм“, како и гигантот „Гугл“. ИОЦ објави дека интернетот ќе биде целосно слободен за сите акредитирани спортисти во олимписките објекти и во хотелите, а организаторите ќе им дадат посебни СИМ-картички.
Иако сите сметаме дека на интернет-слободата е универзална, цела генерација Кинези растат со паралелен интернет со посебни веб-страници, а социјалната мрежа „Веибо“ е цел на ограничување на соддржината за да „изгради систем на кинески вредности“.
„Гугл“ и нивниот веб-браузер, алатката за пребарување и имејл-услугата, не се достапни во Кина од 2014 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Зверев доминираше против Димитров за четврт-финале на Ролан Гарос

Германскиот тенисер Александер Зверев го совлада Бугаринот Григор Димитров со 3:0 во сетови (6:1, 6:4, 6:3) и се пласира во четврт-финалето на Ролан Гарос. Во следната рунда за ривал ќе го има Томас Мартин Ечевери.
Димитров освои само еден гем во првиот сет. Зверев продолжи со добра игра и во вториот сет, добивајќи го со 6:4 во гемови.
Во третиот сет му препушти три гема на Димитров.
Спорт
(ВИДЕО) Штутгарт останува во Бундеслигата, го доби и вториот дуел против Хамбургер

Штутгарт го задржа бундеслигашкиот статус откако во плеј-офот за опстанок во елитата го победи Хамбургер на вториот меч, на гости со 1:3. „Швабите“ имаа предност од 3:0 по првиот натпревар на „Мерцедес Бенц арена“, па на крајот убедливо го совладаа ривалот со вкупен резултат, 1:6.
El drama del #Hamburgo fue total.
⚽️ Los hinchas celebraron un ascenso que no fue.
⚽️ En la Promoción perdieron 1-6 (0-3 y hoy 1-3) ante el #Stuttgart.
⚽️ El arquero regaló así el 1-2 hoy.
⚽️ Jugará por sexto año seguido en la B alemana.#RelojMufa pic.twitter.com/qP2hLOdQnK— Rodrigo Eyzaguirre (@RodEyzaguirre) June 5, 2023
Вечерва, Сони Кител му даде надеж на Хамбургер со голот во шестата минута, но во вториот дел Штутгарт направи пресврт. Двоен стрелец беше Енцо Милот.
Тој погоди во 48.минута за израмнување, а потоа ја искористи неверојатната грешка на домашниот голман Даниел Фернандеш за да направи пресврт во 64.минута.
Силас во судиското продолжение го потврди триумфот на Штутгарт и останувањето во елитата.
Спорт
Манчестер Јунајтед нуди 50 милиони фунти за Мејсон Маунт

Манчестер Јунајтед ќе ги отвори преговорите за играчот од средниот ред на Челси, Мејсон Маунт, со понуда од 50 милиони фунти, откриваат медиумите на Островот. Сумата е многу помала од 70 милиони фунти што ги побараа лондончани.
На „Олд Трафорд“ сепак одлучија дека ова е добра стартна позиција за вистински почеток на преговорите меѓу двата клуба.
24-годишниот Англичанец, кој е под договор на уште една сезона со својот сегашен клуб, веќе ги договорил личните услови со 20-кратниот шампион. Трансферот нема многу да се одложува бидејќи двата клуба сакаат тој да биде финализиран до крајот на месецот.
За Челси ова е важно, бидејќи по потрошените 600 милиони фунти за трансфери во последните два прозорци, клубот е притиснат од ограничувањата на финансискиот фер-плеј и до 30 јуни средства мора да влезат во касата за да се избалансираат сметките.