Спорт
Кирјос пред четврт-финалето на Вимблдон во Австралија доби обвинение за физички напад!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос е обвинет за физички напад на поранешната девојка Кјара Пасари минатата година пред неговиот меч од четврт-финалето на Вимблдон против Чилеанецот Кристијан Гарин во средата.
27-годишниот Кирјос е обвинет дека ја нападнал манекенката Пасари и ќе мора да се појави пред австралискиот суд следниот месец, со обвинение што може да му донесе максимална затворска казна од 2 години.
„Обвинението е сериозно и господинот Кирјос ја сфаќа ситуацијата сериозно. Во овој момент тој нема да коментира“, изјави неговиот адвокат Џејсон Мофет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Еспањол во 98.минута освои бод во Виго

Фудбалерите на Селта и Еспањол одиграа нерешено 2:2 во вториот натпревар оод првото коло во Примера.
Тимот од Виго беше блиску до победа, но гостите изедначија од пенал во осмата минута од судиското надополнување.
Капитенот на Селта, Јаго Аспас, му донесе водство на својот тим во судиското надополнување на првото полувреме, кога од тешка позиција ја погоди малата мрежа.
Предноста на Селта ја зголеми Пасиенса во 63. минута, кога го реализираше центаршутот на Галан.
Експозито ја врати надежта кај гостите со голот во 72. минута, а Хоселу на дебито за новиот клуб рутински реализираше пенал во 98. минута.
Спорт
Резил на Манчестер јунајтед во западен Лондон

Кошмарот на Манчестер Јунајтед продолжи и на дуелот со Брентфорд. „Црвените ѓаволи“ по првото полувреме, на гостувањето во западен Лондон имаат негатива од четири гола.
Избраниците на Ерик тен Хаг не знаат што ги снајде, а само чудо може да ги спаси од нов пораз, по воведниот против Брајтон (1:2).
Како ќе се одвива првото полувреме покажа 10.минута, кога Дасилва шутираше, а топката на му мина низ рацете на Де Хеа и заврши во мрежата.
Во 18. минута шпанскиот голман непотребно му ја додаде топката на Ериксен, кој беше во својот шеснаесетник со играчот на грб. Го загуби дуелот, а Јенсен набрзо ја удвои предноста на домашните.
Очајниот половина час на Јунајтед го „запечати“ Бен Ми во 30. минута, кога погоди по корнер.
Четвртиот гол Брентфорд го постигна во 35. минута, кога Мбеумо погоди по контранапад.
Спорт
Светски рекорд на Поповичи на 100 метри слободно

18-годишниот Романец Давид Поповичи, со светски рекорд го освои златниот медал на Европското првенство во Рим.
Поповичи го собори светскиот рекорд со брилијантни 46.86 секунди. За пет стотинки го подобри 13-годишниот најдобар планетарен резултат на Цезар Сијело Фиљо.
Втор беше олимпискиот шампион во 200 градно, Унгарецот Кристоф Милак со одлични 47.47, додека на најниското скалило на подиумот се искачи Италијанецот Алесандро Мирези кој на целта стигна со 47.63.