Спорт
Кирјос преку Хачанов до осмина-финале со Надал

Ник Кирјос во пет сета го победи Карен Хачанов во третото коло на Австралија опен. Австралиецот успеа да победи по четири часа и 26 минути игра што е негов најдолг меч во кариерата.
Кирјос славеше над Хачанов со 6/2, 7/6, 67, 6/7, 7/6 (10:8). Рускиот тенисер спаси меч топка пред да го освои четвртиот сет, а во супер тај-брејкот во петтиот сет имаше водство од 8:7.
На крајот Кирјос имаше 97 винери и 52 неизнудени грешки, додека тој однос кај Хачанов беше 75/44. Австралиецот беше поуспешен и на сервисот, забележа 32 ас-сервиси имаше и четири дупли грешки, додека Хачанов на сервис имаше 21/5.
Кирјос во наредната рунда ќе се сретне со првиот носител на турнирот Рафаел Надал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Одличен меч, драго ми е што успеав! – се огласи Ѓоковиќ по освоената 100-та титула

Тенисерот Новак Ѓоковиќ ги искажа своите впечатоци од финалниот меч на турнирот во Женева по освоената 100-та титула во кариерата.
Новак Ѓоковиќ го победи Хуберт Хуркач со 5:7, 7:6(2), 7:6(2) и повторно покажа зошто е најдобар досега.
„Морав да работам за ова. Имав шанси во првиот сет, направив двојна грешка на сет топка. Мечот можеше да оди и на друга страна. Не знам како направив брејк, можно е и тој да ми го подари. Неколку поени го одлучија победникот, но тоа се случува на вакво ниво. Прекрасна атмосфера, полн стадион, одличен меч, ми е драго што ја освоив стотата титула“, изјави Новак Ѓоковиќ.
Спорт
Модриќ во солзи се прости од Реал, ги прегрна децата и сопругата по натпреварот

Лука Модриќ денеска го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид. По натпреварот тој отиде во прегратките на своето семејство.
Хрватскиот фудбалер не ги задржа солзите, а плачеа и неговите деца и сопругата Вања.
Вања и нејзините деца, 15-годишниот Иван, 12-годишната Ема и 7-годишната Софија, често го бодрат Лука од трибините.
Модриќ се прости од Сантијаго Бернабеу и навивачите на Реал. Во последниот натпревар на култниот стадион во Мадрид, Модриќ и неговиот Реал го победија Реал Сосиедад со резултат 2:0. Двата гола за кралевите ги постигна Килијан Мбапе. Модриќ го напушта Реал на крајот на сезоната по 13 години.
Многу хрватски навивачи и навивачи на Модриќ го следеа на последниот натпревар за Реал Мадрид.
Пред неколку дена Лука на социјалните мрежи објави дека на крајот од сезоната го напушта Реал Мадрид.
„Драги фанови на Реал Мадрид, дојде моментот. Моментот за кој се надевав дека никогаш нема да дојде, но тоа е фудбалот, а сè во животот има почеток и крај… Во сабота, ќе го одиграм мојот последен натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Играњето за Реал Мадрид ми го промени животот, и како фудбалер и како личност. Горд сум што бев дел од еден од најуспешните периоди на најголемиот клуб во историјата. Од се срце сакам да му се заблагодарам на клубот, особено на претседателот Флорентино Перез, на соиграчите, тренерите и на сите што ми помогнаа на кој било начин во текот на сите овие години“, напиша меѓу другото во своето збогување Лука.
Спорт
Испиша историја: Ѓоковиќ ја освои 100 тутула во кариерата!

Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои 100-та титула во кариерата откако во финалето на турнирот во Женева го совлада Хуберт Хуркач од Полска со 2:1 – резултатот беше 5:7, 7:6 (2), 7:6 (2).
Она што го видовме во Женева беше навистина тениски спектакл. По нешто повеќе од три часа игра, голема борба и драма, победата дојде кај Ѓоковиќ кој слави јубилеј – дури 100-та титула во кариерата.
Во вистински шампионски манир, Новак тој го врати брејкот на крајот од сетот и израмни на 4:4, воведувајќи го мечот во нов тај-брејк и излезе како победник, со дури 100. трофеј во витрината.