Спорт
Кирјос урна традиција стара 140 години
Ник Кирјос не успеа да го освои Вимблдон во своето прво Грен слем финале во кариерата. Сепак со еден потег контроверзниот Австралиец, успеа да урне традиција долга 140 години.
Познато е дека на правило на Вимблдон е дека тенисерките и тенисерите мора да играат во целосно бела облека.
Кирјос во најголем дел од турнирот го почитуваше правилото, исклучок е мечот со Брендон накашима кога носеше црвени патики, поради што беше парично казнет.
Правилото втор пат не го испочитува на доделувањето на пехарите. На главата имаше капа во црвена боја.
На тој начин тој ја прекрши традицијата стара 140 години, со црвена капа го прими пехарот од рацете на војвотката од Кембриџ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ужасни сцени во Амстердам, реанимиран член на стручниот штаб на унгарската репрезентација
Натпреварот од петтото коло од групата 3, во А дивизијата во Лигата на нации на УЕФА, во Амстердам меѓу Холандија и Унгарија, на кратко беше прекинат бидејќи му се слоши на еден член на стручниот штаб на Унгарија.
Во седмата минута од натпреварот судијата Хесус Хил Манзано го прекина натпреварот кога забележа дека на некој на клупата на унгарија му се слоши.
Откриено е дека Адам Шалаи, поранешен репрезентативец кој сега е член на стручниот штаб.
Лекарските екипи веднаш реагирале, го реанимирале, а подоцна бил изнесен на носилки. Натпреварот продолжи попаузата од 10 минути.
🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨 Breaking:
The full scene and the full incident.. The moment the Hungary vs. Netherlands match was stopped due to a member of the Hungarian national team's technical staff sustaining a serious injury on the bench. pic.twitter.com/KrO2qPGn5V
— KinG £ (@xKGx__) November 16, 2024
Live now from the Netherlands ,
During the match Hungary – Netherlands a player from Hungary collapsed and was reanimated . No worries the jab was not harmful . @elonmusk @liz_churchill10 pic.twitter.com/WNTLYbgy3T
— dutchdiggernews (@dutchdigge58644) November 16, 2024
Спорт
Фриц преку Зверев до финалето на завршниот Мастерс
Тејлор Фриц се пласира во финалето на завршниот Мастерс во Торино. Во првото полуфинале, Американецот го победи Александар Зверев со 2:1 (6:3, 3:6, 7:6).
Фриц во првиот сет покажа дека е многу незгоден противник за Зверев. Американецот сервираше одлично, на првиот сервис во сетот освои 18 од 19 поени. Едноставно не му дозволи на Зврев шанса за брејк. Фреиц успеа да ја искористи својата шанса во шестиот гем, кога направи врејк, што му беше доволно за 28 минути да го освои првиот сет.
Зверев беше трпелив, добро сервираше во вториот сет и ја чекаше својата шанса, која дојде, како и во првиот сет, во шестиот гем. Во овој гем Фриц не сервираше добро, Германецот направи брејк и потоа го доби сетот.
Во третиот сет се водеше голема борба. Зверев во петтиот гем не искористи три брејк топки, а во осмиот гем прирезултат 4:3, Фриц пропушти две брејк шанси. Имаше Зверев брејк топки и во 11.гем, но Фриц успеа да се спаси.
На стартот од тајбрејкот Фриц направи минибрејк и ја одржуваше предноста со добри сервиси. Зверев освојуваше поени на свој сервис, но не можеше да му го одземе сервисот на противникот. Американецот не подлегна на притисокот и се пласираше во првото финале на завршниот Мастерс.
Противник во финалето ќе му биде Јаник Синер или Каспер Руд.
Спорт
Гвардиола ќе остане во Сити уште една сезона
Пеп Гвардиола останува во Манчестер сити и следната сезона, тврдат англиските медиуми повикувајќи се на извори во клубот. Додека трае паузата во клупскиот фудбал, Гвардиола имал успешна средба со челниците на Сити. Наводно бил договорен нов едногодишен договор.
Сè уште ништо не е потпишано, а нема официјални изјави кои навестуваат таков исход, но во вестите кои доаѓаат од Островот се вели дека Гвардиола 99 отсто ќе го потпише договорот до крајот на годината.
По заминувањето на спортскиот директор Аитор Чики Бегерстајн, и ангажманот на Хуго Вијана од Спортинг, се шпекулираше дека Гвардиола сигурно ќе си замине на крајот од сезоната.
Шпанецот пристигна во Сити во 2016 година кога започна доминацијата на „граѓаните“ во Премиер лигата и успеа да ја освои Лигата на шампионите на УЕФА. Во моментов тимот е во криза се наоѓа во серијата од четири порази, што на Сити му се случи прв пат во ерата на Гвардиола.