Спорт
Кирјос во спектакуларен меч го елиминира Циципас, Надал го згази Сонего

Рафаел Надал и Ник Кирјос изборија пласман во осминафинаето на Вимблдон. Надал во третото коло го збриша Лоренцо Сонего, додека Кирјос по голема борба го победи Стефанос Циципас.
Рафаел Надал имаше полесен тренинг против 54. играч во светот. За нешто помалку од два часа Шпанецот победи со 6/1, 6/2, 6/4. Во осминафиналето Надал ќе игра против Ботик ван Зандшлуп од Холандија.
За разлика од овој меч, Киријос и Циципас водеа голема борба на теренот. По три часа и 11 минути победата му припадна на контроверзниот Австралиец.
Цицпас го доби првиот сет во тај-брејк, а потоа Кирјос ги освои наредните два со 6/4 и 6/3. Тај-брејкот во четвртиот сет му припадна на Кирјос со 9:7.
За пласман во четвртфиналето Кирјос ќе игра против Американецот Брендон Накашима.
Things are getting heated in the Kyrgios-Tsitsipas match at Wimbledon ? pic.twitter.com/F1H0l3SU2Y
— Action Network (@ActionNetworkHQ) July 2, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лук де Јонг му пресуди на Монако, Динамо Киев силен во продолженијата

ПСВ Ајндховен ја доби битката против Монако со 3:2, по продолженија, и се пласира во плејофот за групна фаза во Лигата на шампионите. Лук де Јонг го постигна победничкиот гол за холандскиот тим во 109.минута од мечот.
Во регуларниот дел, Гутиерез го спаси ПСВ од елиминација откако во 89.минута израмни на 2:2.
Динамо Киев исто така по продолженија славеше со 1:2 против Штурм. Австрискиот тим по регуларниот тек победи со 1:0, но тоа го одведе мечот во продолженија. Вивчаренко и Циганков беа стрелци на головите за украинскиот тим.
Глазгов Ренџерс го елиминира белгискиот Ројал Унион славејќи со 3:0 на домашен терен. Белгијците по првиот меч имаа предност од 2:0.
Спорт
Шамрок и вторпат подобар од Шкупи, кој ќе игра плејоф за Конференциската лига на УЕФА

Македонскиот првак Шкупи загуби од Шамрок Роверс со 1:2 на реваншот во Скопје и ќе мора да се задоволи со плејоф за групите во Конференциската лига на УЕФА. Ривал ќе му биде косовскиот Балкани или Клаксвик од Фарски Острови.
Тимот на Гоце Седлоски најавуваше триумф, меѓутоа не успеа да го оствари против Шамрок. Голманот Кристијан Наумовски во првиот трипати имаше добри реакции и ја сочува мрежата, Сенгор спаси на гол-линијата, но, сепак, Шамрок дојде во водство во 65.минута со голот на Рори Гафни. Тој шутираше од 25 метри и го надмудри Наумовски кој беше излезен од петерецот.
Потоа Шкупи тргна на се или ништо, а Шамрок тоа го искористи за да постигне уште еден гол во 85.минута преку Аидомо Емаку.
Сандеј Адетунџи во судиското продолжение го постави конечниот резултат.
Спорт
Динамо Загреб со втор триумф над Лудогорец се чекираше во плејоф за групите во ЛШ

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб ќе играат во плејофот за пласман во групите од Лигата на шампионите против Бодо/Глимт, откако вечерва на „Максимир“ славеа против Лудогорец со 4:2. Хрватскиот првак победи со 1:2 и на првиот меч во Бугарија.
Мислав Оршиќ беше двоен стрелец, а Јосип Дрмиќ го отвори резултатот на асистенција на Ристовски, а четвртиот гол беше дело на Бруно Петковиќ од пенал.
Лудогорец остана со дури тројца фудбалери помалку во текот на мечот поради исклучувања, а двоен стрелец беше Кирил Десподов.