Спорт
Ќе има смена на АТП-листата, Медведев пред Надал

Рафаел Надал од понеделник нема да биде на второто место на АТП-листата. На листата пред Надал ќе биде рускиот тенисер Данил Медведев.
Медведев минатата недела не ја искористи шансата да го престигне Надал. На турнирот од серијата 500, во Ротердам, Медведев беше елиминиран на стартот.
Медведев сега треба само да се појави на турнирот во Марсеј, каде што во второто коло ќе игра против победникот од дуелот Ханфман – Герасимов.
Пласманот на Медведев на второто место ќе биде историски. Првпат по 2005 година на второто место нема да биде некој од „големата четворка“.
Последен кој бил втор, а да не се презивал Ѓоковиќ, Надал, Федерер или Мареј, бил Австралиецот Хјуит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Истрагата потврди: позната причината за несреќата во која загина Диого Жота

Фудбалскиот свет беше шокиран во четврток од веста дека Диого Жота, ѕвезда на Ливерпул и португалската репрезентација, загинал во сообраќајна несреќа во шпанската покраина Замора.
Загина и неговиот помлад брат Андре Силва. Несреќата брзо стана вест на неделата, а сегашни и поранешни спортски легенди му оддадоа почит на Диого.
Според шпанската Цивилна гарда, пребрзото возење е главната причина за несреќата во која загина Диого Жота.
Иако анализата е сè уште во тек, истражителите рекоа дека ќе обрнат посебно внимание на „трагите што ги оставило едното тркало на возилото“, но дека сè укажува дека брзината на возилото во времето на несреќата била значително над ограничувањето на брзината на тој дел од патот.
Tributes on display for Diogo Jota at Liverpool’s training ground as players return for preseason training. pic.twitter.com/FW2E7dIBm6
— ESPN FC (@ESPNFC) July 8, 2025
Жота и неговиот брат биле во изнајмен „Ламборџини Хуракан“, кој излетал од патот и веднаш се запалил. Двајцата починале на местото на несреќата, пред да пристигнат спасувачките служби.
Спорт
Челзи го совлада Флуминенсе со 2:0 и се пласира во финалето на Светското клупско првенство

Фудбалерите на Челзи обезбедија пласман во финалето на Светското клупско првенство со убедлива победа од 2:0 над бразилскиот тим Флуминенсе. Натпреварот се одигра на стадионот „Метлајф“ во САД, каде што англискиот претставник доминираше во текот на целиот меч.
Двата гола за „сините“ ги постигна Жоао Педро, во 18. и 56. минута, носејќи му на Челзи сигурна предност и контрола над играта. Педро е поранешен играч на Флуминенсе, па со вечерашните два гола успеа да го елиминира својот поранешен клуб.
Флуминенсе не успеа да се закани сериозно, и покрај неколкуте обиди во второто полувреме.
Челзи сега го очекува финалето, каде ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Ал-Ахли.
Спорт
Шкендија одигра нерешено, 0:0, против ТНС во Велс, реванш во вторник во Скопје

Без голови заврши првиот натпревар во првото квалификациско коло во фудбалската Лига на шампиони. Екипата на Шкендија одигра нерешено, 0:0, на гостувањето против екипата ТНС во Велс, Велика Британија.
Шкендија беше рамноправен ривал на ТНС. Во најголем дел од мечот топката беше кај нив, имаа неколку нереализирани можности, но не успеаја да најдат простор за гол и по продолжението од четири минути.
Судија на натпреварот беше Ирецот Роб Хенеси.
0:0 останува стартен резултат за реваншот кој ќе биде за седум дена, во вторник на 15 јули, во Скопје.