Спорт
КК МЗТ: Магдевски го продолжи договорот

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Магдевски (23 год, 192 см) го продолжи договорот со МЗТ Скопје Аеродорм.
Магдевски со играта на македонскиот шампион ќе диригира и во наредните две сезони.
Магдевски имаше забележителен настап во минатата сезона во која дојде до првиот шампионски пехар во кариерата, во чие освојување имаше навистина голем придонес.
Самиот факт што потпиша двегодишен договор е доволен доказ за вербата која стручниот штаб и управата на клубот ја имаат во неговиот квалитет и пред сѐ во можноста тој со текот на времето да се наметне како лидер на МЗТ Скопје Аеродром.
извор/mztskopjeaerodrom.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Катастрофа за Дубаи – големото засилување веќе ја заврши сезоната

Кошаркарот на Дубаи, Мамаду Жаите, заработи повреда на Ахиловата тетива во подготвителниот натпревар, објави „Баскетњуз“.
Како што е наведено, се очекува Жаите да отсуствува поголемиот дел од сезоната поради повредата, а попрецизна временска рамка ќе биде позната по операцијата операција.
Жаите потпиша двегодишен договор со Дубаи во јули, а претходните две сезони играше за Монако.
Минатата сезона во Евролигата имаше просек од 7,5 поени и четири скока по натпревар.
Тимот од Обединетите Арапски Емирати ќе го пречека Партизан во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ ФИБА
Спорт
И помладиот Маркез ќе вози фабрички Дукати

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, ќе остане во италијанскиот тим и следната сезона, но ќе има на располагање фабрички мотоцикл, ист како што има неговиот постар брат Марк во Дукати.
Алекс е главен конкурент оваа сезона на осумкратниот светски шампион во борбата за титулата, иако сега е сигурно дека возачот на Дукати ќе ја освои, можеби и na следната недела во Јапонија.
Помладиот Маркез има забележано вкупно 21 подиум од почетокот на сезоната – 11 во спринт трките, заедно со 10 во главните трки, вклучувајќи победи во Херез и Монтмел, но сите на минатогодишната верзија на Десмоседичи.
Неговите изданија во раните фази од сезоната беа јасна порака до Дукати дека заслужува фабрички мотоцикл, а тоа го разбраа во седиштето на компанијата во Болоња.
„Вистинска чест е што ќе се тркам на фабрички мотор со Гресини. Тимот работи беспрекорно веќе неколку сезони и верувам дека ова е награда за сите, и за мене и за целиот тим. Ова е само еден чекор напред кон нашиот сон и уште подобри резултати во 2026 година“, рече Маркез.
Покрај постариот Маркез, оваа сезона и Франческо Бањаја и Фабио ди Џанантонио имаат на располагање фабрички мотор, но нивните резултати не се ни блиску до оние што ги постигна Марк, но и Алекс. Иако имаше шпекулации дека Диџа би можел да остане без фабрички мотор, се чини дека Дукати одлучи да го задржи него, а Фермин Алдегер и Франко Морбидели да ги задржат на постарите спецификации.
Првенството во Мото ГП продолжува следната недела со Големата награда на Јапонија, каде што Марк Маркез ќе стане деветкратен светски шампион ако освои три поени повеќе од својот помлад брат.
Спорт
Цунода не е загрижен за својата иднина во Ред Бул

Јапонецот Јуки Цунода, се огласи по повод шпекулациите дека Ред Бул би можел да го замени со Исак Хаџар наредната сезона.
Јапонскиот возач беше прашан да ги коментира овие шпекулации пред Големата награда на Азербејџан.
„Не знам на какви озборувања мислите“, им рече Цунода на новинарите.
Кога му објаснија, тој одговори дека „тоа не се факти“ и дека се занимава само со сопствените перформанси.
„Јас само се фокусирам на она што можам да го направам“, додаде Цунода.
„Дури и минатата година, кога имаше слична ситуација, ги кажав истите работи“.
Шампионатот во Формула 1 продолжува со трката за Големата награда на Азербејџан во Баку. Викендот во главниот град на Азербејџан започнува денес, главната трка ќе се вози в недела.
Фото/ Принтскрин