Спорт
КК Партизан: Во име на вистината, Никола Миротиќ треба да каже кој му се заканувал
Нема ништо од доаѓањето на Никола Миротиќ во Партизан. Ова е неговата дефинитивна одлука која денеска ја соопшти преку објава на Инстаграм.
По ова, со свое соопштение реагираше и Партизан, кој очекува уште некои одговори од Миротиќ…
„КК Партизан и покрај сите напори и преговори кои траеја неколку недели, нема да го ангажира еден од најдобрите европски играчи во моментов, Никола Миротиќ.
Интересот на клубот за играчот датира од јуни, кога беше објавено дека Миротиќ ќе го раскине договорот со Барселона.
Без да ја загрозат финансиската сигурност на играчите при раскинувањето на актуелниот договор во тој момент, претседателот на КК Партизан, спортскиот директор и тренер на црно-белиот тим, Остоја Мијаиловиќ, Зоран Савиќ и Жељко Обрадовиќ одржаа прелиминарни разговори со Никола Миротиќ, кој ги пречека во својот дом во Тиват.
Кога Барселона и Никола Миротиќ ги завршија сите административни задачи, започнаа официјалните преговори за време на кои клубот ги прифати условите на играчот. Напоменуваме дека условите се менувале неколку пати, но дека клубот секогаш наоѓал начин да ги исполни и пред неколку дена го испратил потпишаниот тригодишен договор до Никола Миротиќ на потпис.
Истовремено во јавноста се појавија бројни информации за тоа дека одредени лица му се закануваат на Никола Миротиќ и дека се стравува за неговата безбедност доколку стане кошаркар на Партизан.
Претседателот Мијаиловиќ, спортскиот директор Савиќ и тренерот Обрадовиќ неколку пати го уверуваа играчот дека нема причина за загриженост и дека е повеќе од добредојден во Србија.
Исто така, клубот веднаш стапи во контакт со највисоките државни органи за да биде отстранет и најмал сомнеж. Во оваа прилика КК Партизан сака да му се заблагодари на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кој лично го покани играчот и потврди дека безбедноста на неговата и на неговото семејство е загарантирана во Србија и дека се добредојдени.
За сето горенаведено, постојат писмени докази во форма на е-пошта или пораки.
Но, од непозната причина за клубот, Никола Миротиќ не се реши да ги потпише веќе договорените услови и по одреден период на чекање, КК Партизан беше принуден да се откаже од ангажманот на неодамнешниот кошаркар на Барселона.
Во оваа прилика, КК Партизан сака да напомене дека Никола Миротиќ пред петнаесетина дена му дал збор на тренерот Обрадовиќ, а потоа и на претседателот Мијаиловиќ, директорот Савиќ и капитенот Пантер дека ќе стане играч на Партизан. Исто така, клубот сака да напомене дека после тоа уште неколку пати се распрашуваше кои други играчи ќе ги доведат.
Клубот јавно го повикува Никола Миротиќ, од посветеноста на вистината, а тој е човек кој се бори за вистината, да каже кои се луѓето кои му се заканувале.
Желбата и планот на клубот беше тимот да се изгради околу играчите кои моментално се под договор и самиот Миротиќ, но сега тој план ќе треба да се коригира.
Во КК Партизан цврсто веруваат дека причините за непотпишувањето на договорот од страна на Никола Миротиќ немаат врска со никакви закани, туку со некои други работи кои јавноста ќе може сама да ги увиди во наредните денови.
Сега ќе се свртиме кон други решенија на пазарот и со непроменети амбиции влегуваме во сезоната 2023/24“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

