Спорт
КК Пелистер остана без големото засилување: Доналдсон ја скина тетивата, веднаш опериран

Кошаркарскиот клуб Пелистер со пораз од Гостивар ја отвори новата сезона, а уште поголем проблем секако е сериозната повреда на Донован Доналдсон. Тој дојде од ТФТ и требаше да биде големо засилувања за битолскиот состав, но се повреди во втората четвртина и го напушти теренот.
Медицинските прегледи покажале дека се работи за кинење на тетивата, а на Американецот веќе му е извршена и операција. Јасно е дека Доналдсон долго ќе отсуствува од терените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Самуел Ето: Брилијантениот фудбалер стана контраверзен функционер

Самуел Ето е претседател на Камерунската фудбалска асоцијација (KФA) веќе неколку години. Сепак, неговиот мандат му штети на фудбалот во оваа земја. Покрај тоа се повеќе се зборува за скандалите во кои е вмешан Ето.
Самуел Ето е еден од најголемите напаѓачи во историјата. Тој освои три титули во шпанското првенство и две титули во Лигата на шампионите со Барселона.
Тој ја освои и Лигата на шампионите со Интер. Неколку пати го претставуваше Камерун и е легенда на фудбалот на таа земја. Двапати го освои Африканскиот куп на нации со репрезентацијата.
Поранешниот фудбалер моментално е претседател на Камерунската фудбалска асоцијација (КАФ). Неговиот мандат, благо речено, не беше успешен и честопати беше предмет на разни скандали.
Сега „Мундо Депортиво“ откри уште еден скандал. „Камерунската фудбалска асоцијација се соочува со длабока криза, а обвинувањата би можеле да го уништат нејзиното наследство и да ја загрозат иднината на фудбалот во земјата“.
Новинарите открија дека Етичкиот комитет на ФИФА во Цирих бара привремена суспензија на Ето поради финансиски неправилности. Африканската фудбалска конфедерација исто така поднесе слично барање.
Ето е обвинет за даночна измама во Шпанија, корупција и местење натпревари, наводна проневера на 1,5 милиони долари од пријателски натпревари (Камерун-Мексико, Камерун-Русија, Камерун-Јужна Кореја), суспензија на членот на Извршниот комитет Гуибаи Гатама за замолчување на опозицијата и изборна манипулација.
„Ова не е напад врз Самуел Ето како играч. Неговата фудбалска кариера е недопирлива. Станува збор за спасување на менаџментот на камерунскиот фудбал, така што тој ќе го претставува интегритетот и фер-плејот што тој ги бранеше на теренот. Моја должност е, како адвокат и како Камерунец, да се борам за федерација што им служи на луѓето, играчите и иднината на спортот“, рече адвокатот Емануел Нсалаи.
Ето е во сериозна неволја, а неговата иднина во светот на фудбалот е сериозно доведена во прашање.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Детали го делат Елмас од Наполи

Денес е „денот Д“ за трансферот на Елиф Елмас во Наполи, пишуваат италијанските медиуми.
Договорена е позајмица од 2.000.000 евра, потенцијален откуп на договорот на крајот од сезоната од 16.000.000 евра, додека клубовите се уште преговараат за бонусот поврзан со настапите Лигата на шампионите.
Лајпциг се обидува да врати голем дел од инвестицијата (24.000.000) кога го доведоа од Неапол.
Елмас пред 18 месеци се пресели од Наполи во Лајпциг. Првиот дел од минатата сезона одигра само 44 минути за Лајпциг, по што се пресели на позајмица во Торино, каде што играше добри и постигна четири гола.
Македонскиот репрезентативец, во сезоната 2022/2023 беше дел од генерацијата која по 30 години ја врати титулата во Неапол.
Foto/ EPA
Спорт
Милевски го објави списокот за натпреварите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија (4. септември, стадион „Викторија Жишков“, Прага) и Лихтенштајн (7. септември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за Светско првенство 2026.
Двајца дебитанти се наоѓаат меѓу 26-те повикани фудбалери на кои ќе смета нашиот предводник. Играчот од средниот ред на Шкендија, Решат Рамадани и напаѓачот Елмин Растодер од швајцарски Тун, прв пат добиваат повик во најдобриот национален тим.
Голмани:
Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија)
Дејан Илиев – УТА Арад (Романија)
Дамјан Шишковски – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор Алексовски – Фљамуртари (Албанија)
Одбрана:
Висар Муслиу – Падерборн (Германија)
Никола Серафимов – Левски Софија (Бугарија)
Езѓан Алиоски – Лугано (Швајцарија)
Ѓоко Зајков – Ајман (ОАЕ)
Андреј Стојчевски – Словачко (Чешка)
Дарко Велковски – Зрињски (БиХ)
Стефан Деспотовски – ОФК Београд (Србија)
Бојан Илиевски – Струга Трим Лум
Среден ред:
Енис Барди – Коњаспор (Турција)
Јани Атанасов – Лариса (Грција)
Елиф Елмас – Лајпциг (Германија)
Исник Алими- Далиан Јингбо (Кина)
Лука Станковски – Раднички Крагујевац (Србија)
Тихомир Костадинов – Сигма Оломуц (Чешка)
Решат Рамадани – Шкендија
Напад:
Бојан Миовски – Џирона (Шпанија)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко Чурлиноив – Барнли (Англија)
Александар Трајковски
Лирим Ќамили – Сондерјиске (Данска)
Димитар Митровски – Олимпија Љубљана (Словенија)
Елмин Растодер – Тун (Швајцарија)
Собирот на националниот тим за септемвриските натпревари е закажан за 1. септември во 12:30 часот.
Извор/ ФФМ